МОре бисерите од тој градоначалникот небројни се и јас кога слушав дека ќе тужел hock: аман бе кого ќе тужиш душо мачна,господ,владата,кој Е Хипице,како е денес ситуацијата,се смирува,оти и кај нас некако почнаа да се полнат визбите и улиците,да не прелеа таму езерото конечно
^ Не Кате, кај нас е ок, нема одамна заврнато (од четвртокот негде ). Можда се смилувал Господ и на вас, да не останете покусо
Ааа нема заврнато и овде ама тој снегот се топи ли се топи,и сега треба ние во Охрид да идеме па да се спасиме од давење.Ама си велам јас подземно градоначалникот ни го пушти за инат да не може нашиот градоначалник да оди Австралија,да не го пукаат на тв рајат не си помина човекот
Баш темава ми ја имате погодено. Кога би можела да се изнаборувам на оваа тема сигурно на сите ќе ви стане досадно . Она што сакав да го кажам не е мн страшно во Охрид јас сепак мислам дека нема потреба да креваат паники кога и во лето има изливање на езерото. П.С А гардот ми е нешто посебно. Романтично место, волшебно, егзотично, фантастично, имагинарно, единсвено и не знам уште кој други зборови да ги кажам за Охрид бидејќи се што ќе кажам е малку.Голема ми е желбата да живеам во Охрид па затоа секој викенд сум таму, а во лето се преселувам цели 3 месеци си седам и пак не ми е досадно :up: Сите спомени ми се од таму сето мое минато, сите мои настани и случки и знам дека ова малку ќе звучи не сватливо ама јас сум ЗАЉУБЕНА ВО ОХРИД(Метафорично кажано)
Ахххх Охрид, се најубаво ме потсека на Охрид... едвај чекам да одам паккк леле ајде нека се стопли времево побрзооо и да се смири езерото секако
Ехехе кај сум јас , така наречената поплава беше и заврши (фала богу) знам само дека не беше толку трагично колку што кажуваа на вести. Охридско Езеро едно од трите природни езера кај нас(нема ова кој не го знае) и воедно најубавото. Треба да знаеме да ги сочуваме нашите природни убавини.
^ Јас не ви го сакам градот. А езерото ми е вака убаво на лик, горда сум што го имаме и се, ама нема шанса да влезам во него. 1. Не знам да пливам. 2. 2 пати влегов (да си шлапкам де ), и 2 пати се исфрлав, лом се направив. Не само јас, туку сите 8 души што бевме. Спојлер Јас, мама, дада, тато, тетин, тета и двете братучетки. 3. Ме згрозува помислата дека газам по мов. Мов ли беше тоа? Не знам, ама лигаво и зелено беше. А јас сум плашливка, се гадам најмногу на цел свет и доволно е тоа за да не влезам да се бањам.
Охрид како град ми се допага, ми се допага и гостопримливоста на Охригани. Но кога станува збор за езерото само едно смајли ке објасни се ----> Бев на одмор пред две години во Охрид, си поминав убаво бидејки бев со дечко ми сама во друг град и правев што сакав. Водата е ужас. Зелена гнасна што Вардар, што Охридското езеро, исто ми беше. Тогаш си реков дека тоа е последен пар да влезам во езеро воопшто. Погадно нешто нема од тие глупостите под нозете, па и тие тревките кои кога ке излезев од водата беа на мене сите соберени. Немав воопшто убаво искуство со Охридското Езеро, никогаш повеке. Море си е море. Спојлер не ми е јасно зошто толку го форсираат Охридското Езеро дека било убаво итн. Убаво е само на изглед ама за бањање... јок јок јок.
^ах... па на кое место си била? Ако дувало - брановите знаат да донесат алги и глупости и од Албанија! Ако не, можеби такво е езерото во тој дел. Јас денес бев Градиште и водата беше прекрасна. Ама по 3 сати задува многу, па се замати водата и не беше истото. Нвм, го фатив убавиот дел од денот (меѓувремено Охрид денес истурило хихихи) ---------------------- Sephora, и јас мразам мов, повеќе и од тебе ми се чинит! Но, не ве разбирам каде одите на плажа. Куба (и ред тие плажи) не ги препорачувам, освен ако сакате да се сончате. Горица 2 исто не ја сакам јас лично. Горица 3 е супер, многу е убава плажата, иако натуткани се лежалките (ако стигнете порано ќе најдете и празни места за крпи), Славија - не ја сакам бидејќи одат многу луѓе, Гранит - 50 со 50, Лагадин, исто 50-50, Градиште е најсупер, Љубаништа е најнајсупер. Има и други плажи кои не сум ги посетила (Трпејца на пример!) па не можам да дадам личен детален преглед.