1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Охридско Езеро

Дискусија во 'Слободно време' започната од Hipica, 11 март 2010.

  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Јас со Охриѓани не сум била во добри односи, се нешто сум се расправала, а и се однесуваат генерално особено кон Скопјани крајно нељубезно и негостопримливо. Е сеа муабетов е за езерото. Па езеро како езеро добро е, иако сум одела секогаш на море сум била и во Охрид на одмор и за разлика од Дојранско премија е. Ме интересираат водните змии оваа година, ги има ли воопшто? Многу се плашам од змии и било што во водата ако има било да е море или езеро, претерано се плашам се мислам дека околу нозете ми се мота нешто :worried:
     
  2. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Карпестите плажи можат да изненадат и со змивчиња, за обичните нема шанси. Таму кај што има луѓе, нема змии.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Bright јас во Охрид сум била еднаш на свадба, еднаш на одмор (како многу мала, тогаш и се направив лом по цело тело), во шесто одделение и пред 3 години со сестра ми, кога пак се исфрлав.
    Најмалку мов приметив на Горица, е сега 1,2,3 врска немам што број беше, ама знам дека е под хотелот Горица. :D Имаше едни скали, грозни, најгрозни. Душата ми ја извадија.
     
  4. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Епа си била Горица 2 (и јас лично не ја сакам) :lol:
    Нема гајле, се надевам дека друг пат ќе се вратиш со убави спомени ;)
     
  5. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Плавуша кај нас Струга змии има само во трските јас одам навистина длабоко и немам видено змија повеќе има во Црн Дрим, во езерово никој не се има пожалено колку што знам, така да не плаши се. :)
     
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Охридско ми е најубаво за бањање во длабоко, ептен е бистра водата е и ладна додуше, ама ќе се издржи :D Не сум била поодамна, ама ќе се поправам :)
     
  7. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Најубаво на цел свет!
    Немате појма колку го сакам!
    Прва прилика , обавезно купивам едно станче во Охрид , макар и два квадрати нека е :lol:
    Секогаш кога ќе појдам таму , дома не ми се иде , се со плачки и цивкање ,па мора да се преземе нешто :lol:
     
  8. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    23.207
    Пол:
    Женски
    најпренајубоо..денес бевв толку ми се капешее..ама ништоо..просто го обожавам :inlove:
     
  9. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Мене водата во Охридското езеро ми е многу поубава од онаа во Дојранското, ама е многу ладна и ич не ми се влегува во неа.Лани кога бевме во 10 дена 3пати ако сум влегла во вода...Луѓето се пријатни, ама само македонците, додека алабанците се многу некултурни не маваа со камени,потоа кога отидивме во град не следеа :tmi:. Иначе другото е се ок, градот е многу среден и ептен е убаво. За тоа само пофалби :clap:
     
  10. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Кога и да одам Охрид се чувствувам прекрасно. Навистина, град кога можеш секогаш интересно нешто да најдеш, да седнеш на клупите кои имаат поглед кон езерото за да одмориш и да заборавиш на неколку моменти на безбројните проблеми кои секој миг само ти се зголемуваат. Поглед кон езерото, птици, кајчиња, насмеани лица... има ли нешто поубаво ? Манастирите и црквите се нешто навистина извонредно, секогаш можеш да си посетуваш нови ( имало 365 мислам, за секој ден по една) или да им се вратиш на старите спомени и да си се помолиш во оние кои претходно си ги посетил. И на секаде те следи прекрасниот балакнски бисер, нашето Охридско Езеро.
    Кога сме кај езерото, можам да кажам дека е каде каде почисто од Преспанското. Градските власти , па и државните се заинтересирани и заангажирани ( макар треба да се преземаат повеќе акции за чистење на езерото според мене :))
    Баш уживам кога ќе влезам да се искапам во Охридското Езеро. Водата е многу чиста, бисер.
    Задоволна сум од услугите во кафичите, за хотели не знам бидејќи си преспивам кај роднините :D
    Oд Охриѓани сум задоволна, гостопримљиви, пријатни, љубезни луѓе.
    Се на се , градот е прекрасен. Има често забави ( Кадмо , Куба Либре), каде што сум била баш ми била фино и пријатно. И едвај чекам да дојде наредното лето, па да поседам неколку дена во Охрид , а не ако годинава ( само два :( )
     
  11. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    денес од сабајле си отидов на плажа... се фрлив од карпана Канео и си пливав до Сараиште (иако не сум некој љубител на пливањето денес добив посебна желба)... Едноставно го обожавам Охридското Езеро :inlove: :x :inlove:
     
  12. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    што се случи со плажите оваа година , ке бидат пусти или ги земаа под концесија ???
    ако има некоја убаво место на охридско езеро кое и не е така популарно а е убаво ???!!!!
     
  13. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
  14. Kikka.C19.20

    Kikka.C19.20 Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    22
    Искено мене не ми се допаѓа ниедно езеро во Македонија!Маразам блага вода ме потсетува на мочуриште,бара.....
     
  15. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Неколку пати имам одена на одмор во Охрид и навистина градот е преубав, а пак езерото ви е уште поубаво. :D
    Водата е ладна, ама што да се прави. :D
    Ех, сега се сеќавам на одмор кога бевме. Ќе се разбудам, иако е ладно јас право на тераса, да го видаме езерото. Колку ли само слики имам на компјутер.
     
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.148
    Пол:
    Женски
    Охридско езеро, ама некако поубаво ми е во делот на Струга, што знам...
     
  17. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Јас сум од Охрид преубаво ми е блазе си ни шо го имаме :) дојдете оладете се
     
  18. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Охридското езеро е македонски бисер, едноставно го обожавам, посебно кај Свети Наум, убавини... Водата е поладна, ама сепак е езеро, не е море.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    Охридското езеро е прекрасно малку водата е ладна ама ако за во лето е супер.
    Јас си имам традиција со неколку пријателки на 5-6 дена и прекрасно си поминуваме
     
  20. Nalutena1

    Nalutena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    I jas bi sakala da odam vo avgust zdravje boze. Dali nekoja znae kade da najdam nekoja evtina soba za prestoj 2-3 dena?