Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Охрид

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од lovely91, 2 јуни 2011.

  1. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Охрид па како да не го сакам тој ми е како мој 2 роден град,таму ми си повекето спомени од детството,од охридската калдрма си ја имам единствената лузна на коленото,во охридското езеро научив да пливам,две четвртини од годината го поминвам во Охрид,а немам роднини таму :!: мислам дека не постои плажа на која не сум била,после ги сакам вечерните капења и прошетки во центарот покрај езеро,ги сакам охридските крофнички со прелив од јагода,ги сакам охридските печени кочани(оваа година на тој што печеше кочани во центарот му го скршив соларникот :lol: :tmi: )од Охрид ми беше првата симпатија :$ и секогаш кога бев помла велев дека ке се мажам во Охрид (не само мала туку и сега ми се случува :D )и што е најважно знам да зборам со охридски дијалект и си ги обожавам охриѓани и охриѓанки :!:
    Поздрав до охрид и охридските феминки :*
     
    На Mikako, L-enna и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Прочитав неколку мислења дека цените ви биле скапи. А ние што живееме цела година во Охрид?! За нас цените се постојано такви! ;)
    Некој се пожали за неуслужливост, не се сите неуслужливи! Имате најдено некој незгоден! :D
    Не можете така да генерализирате, сте нашле некој намќор и ајде сега, Охриѓани се сите такви! :!:



    Кај семафорите кај бензинската. :D
    Кога ќе одиш по туристичка, патот накај Св. Наум, имаш семафори кај мини маркет, па потоа имаш уште едни семафори, после Кам маркет, пред бензинската. На семафорите вртиш десно. Бар така мислам. :D
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.249
    Допаѓања:
    157.394
    Со дужна почит кон мојот омилен град и народот таму,ама...ми го направивте денов.Имам фаца корнишон едно 12 саати денес и седнувам да се релаксирам и да видам колку се решија да ги прават картите за Аква паркот и хахахаха...е не можам...се изначитав еден куп бош коментари од охриѓани,пуни со локал патриотизам ,суета и ароганција (сто посто од Варош се,јас онаков речник и однесување само од тој народ сум видела!),демек нашиот природен аква парк е сто пати подобар,па далеку е,па тука тап слика од Охрид,па немало да одат за инает,ќе чекале кај нив да направат,па на тој да си одат.Го доживеаа како сериозен атак на нивниот град,личност,туризам и што ти ја знам неразбирајќи дека аква паркот и природното езеро и целиот град имаат поголем капацитет и можности,но условот е тие да се вразумат.
    Мислам колку може да им сече на тие да споредат езеро со базен.Епа да ми опростиш ама во аквапарк има забава и адреналин,водата е релативно пријатна,но забавата е на врвно ниво,нешто што шлапкање во езеро не може да го понуди,ама од друга страна пак мирот,одморот и се тоа што можеш да го видиш и доживееш во Охрид се незаменливи и неспоредливи.
    Ем глупо,ем суетно,ем непотребно,ем ниско,ем несигурно делува ова...јас се изнасмеав зошто начекав многу коментари со слична содржина,а еден повод и причина за мрчење без да се размисли дека вакво нешто е бенефит за сите и на крајот,излезете од Охрид маму му,прошетајте по другиве градови,доста ви го шетаат вашиот!

    Ве љубам и ве поздравувам,ама го прекардашувате на моменти! :D
    Турист во Охрид нарачал виски. Кога келнерот му ја донел пијачката овој рекол:
    - Ве молам, донесете и малку мраз.
    А келнерот:
    - Аиии, и скии да не сакаш!?
    Мала шала!
     
    На DeRose, Phyramide, Lov3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Ливинг Глам имаше напишано во еден пост, не памтам во кој, ама :!:
    Варошани се тие „скренатите“. Ние другиве сме понормални, спуштени сме на земја, не сме во облаци ко нив.
    :wasntme:

    А иначе во право си. :)
     
    На DeRose му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.566
    Пол:
    Женски
    Го сакам Охрид навистина ,кога би можела би се преселила таму да живеам, ја сакам климата, многу ми одговара...но...
    Она што ми падна во очи е нехигиената,бев на Св.Наум,плажата е толку убава а толку запустена ,ѓубре на сите страни,никаде корпа за истото...имаше позади мене едно друштво од Србија кои коментираа...во стил ...накачиле цени а ништо не се нуди за возврат...за истите пари ќе добиеле море.Ќе рече некој па кој ги тера да доаѓаат кај нас.Потоа испуштањето на фекалии кај Лагадин...мислам страшно...и мислам дека оваа година имаше во туристи во помал број...ако сака да биде вистински туристички центар треба градоначалникот да си ги засука ракавите.
     
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    вчера се вратив од одмор со дечкоми прекрасно си поминав се изнашетав оваа година воодушевана сум од музејот на вода прекрасен :) Охрид како Охрид солени цените како за одмор за на езеро нема кој знае каква услуга ниту градот е мн.чист треба уште вложување но неможам да речам дека не е убав град посебно стариот дел нма градот го обожавам и уживав таму во вечерните прошетки...
     
  7. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Јас многу го сакав Охрид, и супер си поминував има многу интересни места, малку ме нервираше што е поладна водата не можам ко човек да си се изнакапам ...и така си го сакав се до минатиот викенд, си реков ај да шетнам малку, и прв пат во животот ме ограбија скрос на скрос :)
    Значи убаво кажаа на вестите многу плодна сезона за арамиите во Охрид :)
    и некако ми се смени мислењето, и повеќе немам желба да одам таму воопшто.
    Како и да е преубав град..преубави места.
     
  8. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    За охрид можам да кажам само дека си го сакам !
    Ми се свиѓа, сега охрид е шемата сите помлади одат таму со друштво, има места каде да се излегува, ресторанчиња .. :)
     
  9. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    го љубам...заедно со прекрасните спомени од таму
     
  10. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    ааа Лилит...
    Јас Варошанка сум. (ама не живеам во Варош) Толку сум неуба ?!?
     
    На Mikako и DeRose им се допаѓа ова.
  11. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    [​IMG]

    Фала Богу, некој нормален од Варошон.. :wasntme:

    Има надеж, има надеж.. ]:)
     
    На Mikako, DeRose, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Нивото на езерото е секојдневно се‘ помало, баш кога ќе се направи споредба со одредени места каде што се промени крајбрежниот релјеф пред повеќе од 2 години кога се стравуваше од поплава и сегашната состојба многу е видлива разликата, :doh: . Ако после сушното лето, па и есен во која скоро и да нема врнежи следи и таква зима не сакам и да размислувам!

    И баш денес прочитав на еден локален сајт како и трите Чинари (главниот чаршија, оној кај Десарет и третиот-Воска) се во ужасна состојба и едно поголемо невреме може да доведе до нивно паѓање :doh: ...Кај ќе се чекаме после аку го немат Чинарон :fubar: ? Според легендата се верува дека го засадил Св.Климент Охридски и се проценува дека е стар околу 1.100 год. Срам да им е ако дозволат да се сруши!
     
    На Hipica, Bright, miljkovic и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=35826
    Еве за чинарите. Нека ги средат некако, инаку без нив ќе останеме. :doh:


    Езерото е премногу повлечено. Кај мостот (кај жиголо онај што е) најмногу се забележува. Минимум два метри фалат од езерото. :x Се запрепастив кога видов пред една-две недели.

    Оние скопјанишчана ни го испија целото.. :wasntme:
    Се шегувам. :D
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Огромна желба ми е да го видам Охрид во зима.Да јадам пица во Дон Вито и потоа да испијам едно чајче.Не дека многу сакам чај, ама во таква атмосфера би пиела :)
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На Hipica и Bright им се допаѓа ова.
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Леле Охрид..... :inlove:
    Одамна ја барам оваа тема!
    Сакам да одам таму и одам често.
    Како град ми е прекрасен, ама во борба за пари и доста унаказен со огромни дивоградби и сегдеградби како печурки, каде не им е место.
    Иначе е многу посреден од порано.
    Ама лујЏето.... :emo: :angel: Што да коментирам? Треба до утре да пишувам.....
    Не може, а да не ме зафркнат или изнервираат, било бутик, кафич, ресторан.... :x
    А, не дај Боже да не оставиш бакшиш! Како намчорски ќе те погледнат, вака некако: |(
     
  16. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Femina90, да, Охрид е прекрасно место за викенд, да си прошеташ низ снегот, да смениш место, да си подишиш чист воздух, мирна атмосфера, топли чајчиња... ама само за викенд така е. Многу е „сиво“ да речам, не е живо преку зима освен денски за викенд. Штета...

    еве едни фотографии од еден другар ;)

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Noemi, Hipica, L-enna и 2 други им се допаѓа ова.
  17. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Кога ги погледнав сликите буквално се наежив :) Го обожавам Охрид :) Колку само спомени ми пробуди
    Охрид, снег, ладно колку романтично, но за жал снегот многу малку издржува и веднаш се претвара во кал и е ужас. Каливи улици не исчистени, насекаде вирови и реки по улиците е тоа е веќе страшно.
    Сакам да си пијам чајче во "Славица " и одозгора да го гледам снежниот плоштад или да уживам во Кадмо гледајки го целото езеро и подоцна еден добар зимски ручек во Белведере пропратен со староградска музика :) уф спомени
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Во Охрид за прв пат имам отидено кога сум имала само 3 месеци. Тоа било мојот прв одмор :)
    И оттогаш, буквално секоја година одам таму, си имам 21 годишна традиција и не сакам да ја прекинам. Имам многу спомени таму и го знам секој дел од градот. Нема ништо ново на местата кои секоја година ги посетувам во Охрид, ама јас пак сакам да отидам и да изнасликам :)
     
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Охрид ееее прееееубав, и зимо и лето.
    И е многу и привлечен за туристите.
    НО! мнооогу се скапи кога ќе фати сезона, верувале или не ама поевтино поиминав на море, отколку во Охрид. И луѓето (не велам сите,ама повеќето) многу се неуслужни.Незнам дали се такви и кон странците,ама кон Скопјанишчана :D
     
  20. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Во средината на наредната година како дел од проектот “Изградба на 9 пливачки базени”, на Агенцијата за млади и спорт, Охрид и Крушево ќе добијат затворени 25 - метарски базени.

    [​IMG]

    Владата на РМ на последната седница ја разгледуваше информацијата и акциониот план според кој ќе бидат изградени двата затворени базени согласно стандардите на ФИНА соодветни за ватерполо и пливање.

    [​IMG]


    Изградбата на затворениот базен уште во Август ја потврди охридскиот градоначалник кој при пуштањето на отворениот базен при “СРЦ Атина Бојаџи“ рече: - Идејата за покриен базен со Агнецијата за Млади и Спорт останува, нивниот план е да изградат неколку покриени базени во Македонија, а токму првиот е планиран да се отвори во Охрид. Еден од условите кои АМС ги бараше беше да биде базенот на нова локација, таа ќе биде на просторот меѓу спортската сала и Булеварот Туристичка - истакна градоначалникот на Охрид , Александар Петрески.

    извор:ohridnews

    :clap: Конечно нешто да изградат Охрид, а да не е зграда.
    Поточно, ништо чудно, можат да се премислат и во последен момент да направат згради :D
     
    На DeRose и LivingGlam им се допаѓа ова.