Дали некој знае колку пари е лежалка на Потпеш? Дали следува чадор со неа? Има нешто за поткаснување? Или само бар?
Прв пат идам во Охрид, ми треба препорака за некоја плажа каде што нема многу гужва, не идат многу луѓе и каде нема змии. Исто и апартман/хотел близу би било супер. Негде после 20ти август планираме да идеме, дали ќе има сеуште туристи тогаш?
Препорака за добра риба? Вреди да се оди до Радожда? Гледам доста го промовираат, па ме интересира дали е навистина толку добра рибата.
Да вреди да се оди рибата е одлично припремена а цените се нормални за разлика од Охрид да јадеш риба... Секоја препорака
Здраво Сакам да одам Трпејца на плажа ама до сега не сум била. Каков е патот до таму, дали би имала место за паркинг и дали се плаќа за лежалка? Секое инфо е добро дојдено.
Патот е кривини, има паркинг, нема лежалки пошто не е урбано местото. Има убава плажа, продавница, ресторанчиња, цените се како во Грција скапички.