Каде точно има паркинг? Поминувајќи од таму гледам коли покрај патот, има и две три ниви со коли, ама за надолу не знам каква е состојабата.
Надолу ако имаш среќа да најдеш место, мал е капацитетот и ќе ти требаат 200 манерви да се вратиш ако нема место. Во секој случај пробај, можеби ќе имаш среќа ако не горе покрај патот некаде ќе се најде место.
Ако не си добар возач никако надолу, ќе се заглавиш а можно и да оштетиш коли. Има паркинг горе околу и најдобро таму. Долу и така нема место, а посекако скали се до плажата мораш пешки. Трпејца е најубавото село и дефинитивно вреди да се види, водата е најчиста таму
Надолу, над сред село има паркинг вистина е мал ама има паркинг или горе во нивите одамна не сум била ако сум од Охрид.
Да, да најчиста со канализацијата дирекно во езеро што се слева ама ај да не им кршиме филм на луѓето.
Ви благодарам на сите. Ич нема да се главиме долу. Шоферот е одличен, ама штом е се збуткано, како што изгледа од горе дека е, ке се паркираме горе некаде, да не губиме време џабе. Нервоза гратис. Благодарам за препораката. Ке ја пробам.
Ве молам за брз одговор,дали има место каде што може да се руча на Галичица или ако нема доколку би оделе со мали деца што би правеле? И ве молам некој предлог за ручек ама со традиционално мени(зелник,макало,домашно сирење) фалааа
Таму има места за пикник да си направите во своја режија за така прашуваш? Иначе пред и после има ресторани за ручек во смисла Пештани,Трпејца..
Нема такво нешто на галичица. Но има неколку излетнички места кај што има скари и можете пример нешто да си направите или да си понесете. Од срамата кон Охрид, најблиску ви е Трпејца. Во Трпејца Уно пицеријата би ја препорачала, убаво јадење има. Од страната на Преспа, најблиску ви р Стење, но не знам дали работи кафанчето. Ресен е исто блиску, таму препорака Две Лири
Дали е уште топла водата во езерото или заврши сезоната за капење? Можно е викендов на еден ден да отидам, па дали да земам и купачи.
Работи во Стење преку цела година, Рива. И Лејквју во Отешево би требало да работи. Ама и од мене препорака за Две Лири, ако не се 10 минути плус возење проблем, нема споредба.
Да у право си за отешево ама мене воопшто не ме бендисува јадењето таму затоа го заборавам дека постои.