По изминатиот викенд поминат таму заклучив едно нешто: градот не умира ни во зима, ама луѓето сакаат само по сонце да шетаат. Прекрасен, прекрасен беше
си го сакам Охрид исто како што си го сакам и ПП,па не за џабе сум пола Охриѓанка по мајка.,пола роднини ми се таму.додека не бев мажена обавезно нај малце 2 пати во годината си одев на поседок кај баба ми и тетка ми,за градот немам лош збор пре убав ми е,а и за народот немам лошо да кажам.со душа чекам да си појдам Охрид
Стандардно последниве 4-5 години на одмор во Охрид...градот е преубав и кој бил верувам дека пак ке отиде,јас лично многу го сакам Охрид.... Амааа луѓето т.е Охриѓаните се за никаде(нека ми извинат тие што ќе го прочитаат ова,а имаат некаков корен од таму) не би сакала да коментирам понатака...
Ако ова не е априлили, тогаш ќе се измочкам стоечки на глава од што е мизерија А и како и да е, и онака Охрид ми бил од секогаш најпоследно место на кое би отишла на летување. Па ни на викенд не ми се иде. Ладно езеро, камења, арогантни луѓе... Не по мој вкус во никој случај.
Ги читав коментарите и не ми се верува дека луѓево не можат да препознаат првоаприлска шега и веќе стигнале да се испокараат. Ова медиумиве стварно имаат погодна почва за лажење, народов наш во се’ ќе поверува.
Ova aprililili e? ne se sekirajte kaj da e ke ima izbori! inaku si go sakam gradot ohrid i ohrigjani osven gradonacalnikot.
Најдов нешто интересно па сакав да го споделам со вас.. Видување на еден босанец за Охрид http://www.muskiportal.com/ohrid-%E2%80 ... i-odmoram/
неколку викенди во охрид 100% ова лето а може и повеке ако си спојам некој ден од работа а што се случи со концесиите за плажите знае некој????
Девојки колку се движи цената за изнајмување камп во градиште или било каде во Охрид да не знае некој?
Мислам дека сум имала многу среќа што сум се родила Охрид За забава и нема некоја од септември па до јуни...уствари жив чоек немат по улица ама ај се живејт ( ко шо рекол Никола Тодороски - Да не беше оговарањето Охрид не ке беше град на Унеско ) ама затооо....идат јуни јули и август и се е потопло позабавно , каде каде ПОСКАПО ама ела сега Скопјанишчана нека се к'пет ко ке немат каде на 45 степени хууху
Јас сум од Струга, но мн често одам Охрид. Искрено ми се допаѓа. Ми се допаѓа како е уреден и се за разлика од Струга искрено ПРЕУБАВ Е !
Како одат цените со сместување? Колку пари е од човек за сместување во градот (не е битно кој дел ако одиме со кола ќе бидеме), а колку е сместување покрај плажи? Немам одено во Охрид 6 год. Тогаш ефтино беше а сега како е?
Го имам искусено Охрид од поинаква, нетуристичка баш, перспектива и се заљубив во него. Си имам свои местенца, без гужви и луѓе, и овој период на чуден начин, навистина ми недостасува. Баш во некои тивки, затскриени предели се доживува вистинската убавина на Охрид, а јас од тоа што го имам видено, ми е рај, прекрасен. Немам седено по кафичите низ чаршија, немам излегувано во дискотеките (освен на една свирка на една плажа еднаш ), немам одено по познатите плажи со кафулиња и нес кафеа. Имам играно фудбалче во играчницата, седено на сараиште, на една затскриена плажа под Самоилова тврдина. Спојлер пешки надвор од Охрид, па стопирано кола, па се возевме со албанци, маж и жена, божееее кај ми бил паметот Преубав е Охрид. Овој мај страшно многу сакам да појдам. Да си седнам на терасичката кај другар ми, да пиеме кафенце и да се бориме кој ќе ја зафати фотелјата. Пред нас зеленило, а од сите страни мирис на спокој, на вода, на пролет. Охрид секогаш ми мириса на пролет, па дури и кога е најжешко. Да си се искачам на ритчето горе, на она мое најубаво местенце, каде езерската шир нема граници, а облаците се отсликуваат во водата. Каде сончевите зраци не ретко, формираат свои завеси и облици и издвојуваат перфектни фотографии (имам вакви еден куп, некогаш ќе ви ги ставам овде ). Да го изодам цел, пеш, да си седнам на некоја дива плажа, да зјаам во водата и да си бидам своја, опуштена. И при тоа навечер со пиво и карти, да висам на тераса, а не да се гурам во безбројните лица низ чаршија Уште зимно време да го доживеам Охрид ми фали...ама и тоа ќе биде Охриде ми недостигаш бре..