Незнам каде да го поставам прашањево, па се одлучив тука значи вака доколку некој од вас знае да ми одговори колку е месечната цена во студентските домови, колку студентски домови има во Охрид и доколку има избор кој од нив нуди најдобри услови за живот ?
Еден е, лоциран е во центар на градот, факултетот ти е можда 7 минути оддалечен, а центар си за 5 минути. Мислам дека има најдобри услови за живот од сите останати студентски во државава, по тоа што досега сум видела.
идам на неколку викенди ова лето , дајте предлози за некое ново интересно местенце некое ново плажиче ова она
Последно бев пред месец и пол од кај што ги купив штиклите за матура. Седењето на клупине покрај пристаниште ми го направи денот поубав. Абе привилегија е да живееш Охрид, охриѓанки блазеси ви.
ве молам ако знаете кажете ми колку пари е извиднички во охрид или камп....за 10 дена ? и на кое место (ливадиште, градиште и др.)
годинава која плажа е најдобро уредена и со најдобра забава за млади (коктелчиња ....) ??? ајде охриганки помош, се за туризмот иако не не сакате нас скопјани многу хахахха
ние лани бевме охрид поточно рача и бев премногу задоволна од смештајот плаќавме по 350 ден за соба со посебно купатило и плус во собата имавме и тв и сопствен болјер и беше чисто премногу. кујната ја делевме со соседите ама супер беше. имавме и тераса. за газдите немам збор срцина беа за плажата... одевме на кадмо и бев баш задоволна ама слушнав ја прават точно е охриѓани? ако е така одиме пак а и имаш комбина на секој сат одма тука па можеш да си одиш на поубави плажи до центар си одевме пеш не беше мн далеку ќе си се прошетавме до кејот ќе си купевме нешто и назад се на се презадоволна од охрид и охриѓани
може некој да ми даде некоја инфармација за ова место барем (тел. број) неможам да најдам а баш би сакала да одам http://wikimapia.org/13446762/mk/%D0%90 ... 0%B8%D0%B4
Моментално сум у Охрид па сакам да ги прашам сите охриганки дали кај вас у град сте сретнале округлести наочари или мачкини очи и ако не ви е проблем казете ми каде
АВТОКАМП ЉУБАНИШТА Телефон: 046/283011 ; 046/283240 Според онлајн именик. Село непосредно пред Св. Наум со (според мене)најубава плажа на Охридското Езеро. Далеку ќе бидеш од Охрид, ама ако одите со кола тоа нема да ви претставува никаков проблем.
Можеш да најдеш, има во една продавница за очила. Не знам точно како се вика продавницата, ама кога одиш по чаршија ќе видиш има еден бутик што се вика Ricci, малце подолу од истиот бутик има посебна продавница за чевли - Arrow. Помеѓу тие два бутика, од спротива се наоѓа продавницата за очила каде што има наочари со мачкасти облик. Не можам да се сетам како се вика продавницата, ама еве сега ќе излезам, па ако поминам оттаму ќе видам и ќе пишам за сигурно. Ама и вака ќе се снајдеш, не е чаршијата многу голема и тешка за снаоѓање. Се надевам помогнав.
Бев Охрид изминативе дена и бев сместена во "Радости" детското одморалиште, во близина на Канео, охриѓанки сигурно знаат каде. Плажата беше убава, а и доста луѓе имаше, онака поинтимно. Не ми се допаѓа што цела е со карпи, па има многу змии и многу ми е језиво. Не се капевме таму, само прошетавме. Се капевме на плажата близу одморалиштето, ама не знам како се вика. Водата ладничка бааѓи, ама мораше да се искапам.
Во Охрид ќе се гради во сред сезона? Хаос ќе биде летово... http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=3 ... ntId=92706
Сакам да прашам ..да не знае некој колку се плаќа за автобус во Охрид.. Ама да се возиш во Охрид..а не да стигнеш до Охрид..
20 денари е градска, ако сакаш да одиш од еден крај на градот до друг. А, за до плажите е поскапо, зависи до која плажа одиш.