Дали знаете место каде што издаваат соби во охрид јас сакав во љубаниште ама другаркиве не ми идат во камп па сега барам соби каде било на која било плажа само да не е далеку од плажата ако знае некој нека пише а баше а баш би сакала во љубаниште, а таму не издаваат соби???
Барам станче во Охрид до 1000 денари на ден или кревети до 250 ден. максимум. Ако некој знае нека ми пише.
Бев во Охрид викендашки со пријатели, градот си е прекрасен, ама келнерите, продавачите и сите такви угостители си тераат по старо: Намчори во фаца, не добиваш ни добар ден, ни пријатно... Добро бе Охриѓани, до кога??? Не е страшно ако се насмевнете малку. Сакате туристи и пари или не сакате?
Девојки ај ве молам за мала помош, овие што се од охрид дали ке сакате да ми помогнете ? Ми треба смештај за во јли почетокот, и мора да има голема тераса со поглед кон езерото и добро опремен,ако знаете некаде да се издава нешто вакво пишете ми во лп или овде , парите не се битни поздрав
Прекрасен град ама морам да напоменам дека на живци ми одат ова Охриѓаниве па добро бе човек на езеро сум не сум на море со овие цени по плажи и ред други работи .. И за смештај ме нервира што многу лажат ќе ти кажат 15 мин пешки од центарот на градот тоа уствари да ти биле 45 мин и повеќе немам коментар стварно затоа оваа година си идам на море не ги шишам веќе !
Не сум од Охрид, но имам колега од таму кој што издава апартмани. Може ќе ти завршат работа На оваа страна можеш да ги разгледаш, имаш таму и тел за контакт, имеил адреса итн. Повели https://www.facebook.com/apartmani.aslimoski .
МИ НЕДОСТИГАШ ОХРИДД! ЕДВАЈ ЧЕКАМ ДА ТЕ ВИДАМ ПОВТОРНО !! Лани поминав многу убав одмор , кој никогаш нема да го заборавам , многу би сакала повторно да одам .. Ама мислам дека годинава нема да го посетам многу ми е жал за тоа!! :/
како бе луѓе? баш напротив... мене ми се многу фини никогаш не ми се случило такво нешто да некој е намуртен или слично или па да не ми рече добар ден/пријатно. кога ќе видам некој да има напишано вака се чудам
Еве неколку сликчиња во спојлер од преубавиот град во Македонија. Блазеси ви Охриѓанки. Спојлер (ова изгледа Канео плажата).
Стварно, и јас се чудам кај ги среќавате ваквите „намќорите“, мене баш ми се фини, или па само јас наидувам на такви постојано Не ми е јасно на кои места се движите И што е најтрагично, реткост е да најдеш охриѓанец угостител во овој период, поголемиот дел вработени се од другите градови
За угостители - намќори, има преку цела година. Сум ги среќавала по ресторани и кафичи постојано и ме нервирале. Ама истите се и за нас, не знам зошто и останатите Охриѓани добиваат епитет на намќори поради нив.
Јас редовно сум Охрид и не сум налетала на такви ретки видови, можи ги има ама и муштериите не се цвеќиња за мирисање...
Апсолутно. Ама ако сакаат да бидат вистински трговци и малце понафуран муштерија ќе услужат на културен начин. А и 80% од сите што ги знам што биле во Охрид без причина имале непријатно искуство со охриѓани, јас лично секогаш сум чекала по 45 минути до саат за храна, 2 пати таксист цинично ме прашувал од кај сум, еднаш не сакаше да ме вози - тоа никад не ми се десило нигде!! А вториот пат за инат сакаше да ми земе 3 пати повеќе пари. Прво нема што него да го интересира од кај сум, второ не сум од Тунгузија па да ме праи будала у фаца со астрономска цена. Мислам општо е познат односот на НАЈГОЛЕМ БРОЈ охриѓани према скопските туристи и џабе е тука да се коментира, тоа било и ќе си остане така... А јас искрено никогаш не осеќам потреба да одам негде да одмор и да се ку*чам, со извинение, затоа што сум од главен град, нити очекувам не знам какви услови или црвени килими. Сакам само културен однос и никој да не ме гледа и третира како да сум злото на земјата, а тоа до сега во Охрид (од моите скромни 2 одмора таму) стварно ретко сум добивала, затоа и искрено избегнувам да се враќам. И морам да кажам, над 10 одмори сум поминала во Грција, ниту еднаш никој ништо не ми искоментирал ни мене, нити на моите кога сме оделе порано заедно, прво никој не ме прашал од кај сум (не дека не е очигледно по јазикот ама пак) второ никогаш не сум чекала 5 саати за гиро на пример, трето никој не ми продал нешто поскапо затоа што сум од таму кај што сум. Едноставно трговец треба да си ја гледа работата и комплексите или политика да ги остави на страна, а охриѓани некако не го сфаќаат тоа. А дека се такви и према странските туристи, да не се лажеме. Може им носат повеќе пари ок, ама тоа не е причина према едните да си некултурен, а на другите да им лижеш гз. Секаде има намќори и непристојни угостители, ама ете во туристичко место таквите само ми ствараат одбивност и сами губат, не знам како веќе не им е јасно.
Ај еден виц по повод одмориве во Охридов. Се паркира кола, излегуваат луѓето и некоја баба им вика гласно: КРЕВЕТ! И тие и велат: Не не сакаме кревет, имаме апартман земено. Таа, пак: АБЕ КРЕВЕТ! Тие пак и одговориле со исто. Таа упорно продолжила: АБЕ КРЕВЕТ ДЕЦА! И овие виделе досадна е бабава, си заминале. Се враќаат назад луѓево и гледаат ја нема колата! Зачудени се прашуваат што се случило!!!!??? И истата баба им вели: Абе ви реков дека кревет!
Мор, шо читам ова лоши зборој за Охриѓани? Јас бре немам сретнато такви, а како втор дом ми е градот. Тетин ми си е Охриѓанец, па дури живееше таму почесто, бев повеќе во Охрид отколку дома. Сум имала шанса многу народ да запознаам преку него, и сите досега биле фини, културни, гостопримливи, луѓе со смисла за хумор и огромна добрина. Специфични се ептен. Во позитивна смисла. А градот ми е сон. Плус сите најубави работи сум ги доживеала таму. Прв пат таму сум проодела самостојно, на Канео, таму ми паднал првиот млечен заб, таму сум зацврстила многу пријателства преку незаборавни дружења, па и невиноста таму ми остана. Се` ми зеде море Охриде, и пак те сакам бре! Летово, ако оди според планот, ќе тркнеме со неколку другарки на десет дена. И едвај чекам искрено. Е така, ве испофалав, и сеа чекам да ми дајте попус(т) на то собите.