Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Охрид

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од lovely91, 2 јуни 2011.

  1. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Температурата на водата моментално е 20 степени, прочитав некаде. И ич не е ладна :!:
     
    На rajna-vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    17.174
    Луѓе вака, во Охрид ќе идам ан 26 јули до 2 август, имам платено се, смештај, превоз и јадење (во хотелот, зависи какво ќе биде). И сега од дома ми дават само 2000. Сакав за прашам дали 1500 денари се доволни колку за основни работи кафе,сладолед. Како се движат цените таму?
     
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Во кој хотел ќе бидеш?
    Ако си на подалечните плажи, ќе биде малку тешко да шеташ навечер во градот затоа што таксито е многу поскапено... не знам дали има комбиња навечер, тоа ќе треба да прашаш кога ќе стигнеш.

    Штом ти е јадењето обезбедено, за кафиња би требало да ти се доволни, плус превоз, но мислам дека ќе имаш проблем ако друштвото сака да одите негде на пица или благо... Сигурно ќе сакаш сладолед, сокче, кафе, а вака немаш ни 200 денари дневен буџет.

    Кафето е над 60 денари, зависи каде ќе седнеш, во пабот близу Мартина цвеќарата е поефтино, еспресото почнува од 30 па другите се нагоре. Во турската чаршија имате ефтина баклава, турски чај и кафе, ама таму не е шемата. :D

    Во секој случај, мислам дека би требало да понесеш барем уште 1000 денари, за секој случај. Можеш да ги вратиш назад ако штедиш, ама би се нашла во незгодна ситуација ако останеш без пари.
     
    На Ognenija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    17.174
    У центар ќе бидам сместена. Абе океј си е и јас сум за уште 1000 да ми дадат, ама немало се пари. :D
     
  5. Theone1

    Theone1 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    луѓе да ве прашам дали центарот во охрид е многу одалечен од плажите.. пешки ако одиш до плажа колку време ќе биде потребно ?
     
  6. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    ^^Зависи од кој плажи.Пешки нема шанса да одиш до центар,освен ако одиш на тие градските :)
     
  7. mace1

    mace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    на кое место ќе одиш и колку е цената за во тој хотел?
     
  8. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Aко бидиш во центар сместена,ќе ти бидат далеку плажите мислам за плажите што се : Славија,Градиште.Тогаш ќе ти требаат пари за комбиња.
    Иначе си го обожавам Охрид,како втор роден град си ми е.Пола фамилија ми е таму,а имам и јас мала жичка Охридска.Сега пред некој ден бев појдена.Иначе продавачите,како продавачи во сезона нон-стоп се смрутени.Иначе сега баш последно ко бев налетав на една продавачка што не беше како останатите,и тоа баш ме изненади :lol: :rofl: :rofl:
     
  9. Mashna

    Mashna Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    за смештај во охрид некое добро станче да издаваат по прилаголива цена, да биде блиску до центарот да не знаете?? може и од некој што имал добро искуство претходните години некаде да ми понуди некоја опција, некое бројче ?? за период- крај на јули ми треба, но јас сакам со време да резервирам ??
     
  10. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Ќе немаш пари за малку опуштање, некако стегната ќе си со толку пари.
    Ама ете, такси ќе делите заедно со другарките, а и ако и тие имаат ист буџет, тогаш лесно ќе се сложите околу трошењето. (проблем е ако некој има многу поголем буџет, па сака работи кои вие нема да може да си ги дозволите).

    Сепак, треба да си среќна што родителите те пуштаат некаде на одмор, и малку постегнато, но сепак можеш да си поминеш прекрасно. :)
     
  11. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Е зошто да не може до Горица 1, 2 па и 3 може пешки да се оди по патеката што минува покрај резиденцијата ( или па вила ) :lol: Исто пешки може на потпеш да се оди
     
  12. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    ^^
    Далеку е после нозете многу ќе болат,од Центар до Горица 3 пешки.На плажа ко ќе појдам мртва :D Па не дај Боже во најголемата жештина да одам :rofl: :rofl: :rofl:
     
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Еее Ана-Банана, да знаеш само со колкаво задоволство сме оделе во двата правци пешки, нема да ти се верува. :D
    Секој ден по најголемите горештини до Горица 3, седиш на сонце цел ден и се враќаш пак пешки, целосно среќен и задоволен.
    Мислам дека нема Охриѓанче што не обожавало да оди пешки на плажа во момчештво/девојчештво. :lol:
    Ништо не не’ болеше. :!:

    Сега не би тргнала, ама гледам ти си во таман години за да го уживаш искуството. :D
     
    На Nine25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Уживанција е :) ќе се збереме големо друштво и низ муабет патот не се ни осека така највеќе ослабнав и се затегнав секој ден пешки од Мини маркет до Горица 3 и назад :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    Кои плажи во Охрид се дадени под концесија? Се збори дека се наплаќало за капење иако мислам дека се глупости тоа ама ај...:)
     
  16. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    глупости се ...само што се вратив од плажа :)
     
  17. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    Претпоставував ама викам ај да си прашам :) Сепак фала :)
     
  18. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    LivingGlam имам еднаш пешки одено до Горица 3 и повеќе никогаш :) хахахаха таква сум јас мрзлива :rofl: :rofl:
    Инаку да прашам девојки како се движат цените на приватново сместување? :lol:
     
  19. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    :?: а кај би ми одговарало најпоќе да се сметиме, за да ни бидат ова плаживе блиску??? да не плаќаме превоз, да не се измачиме додека да стигниме??? за до горица, кадмо???
     
  20. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Побарајте во населба Рача, мислам дека ќе ви одговара :)