Да, може во Рача. Да ви кажам луѓето се ептен фини во повеќето куќи. Имам идено 2 години таму кај едни исти луѓе, а братучедите имаат кај други и многу ги фалеа.
да не знае некој кој ќе настапува низ охрид летово на кој датум и каде, некоја забава концерти и сл. ?
на 19ти и 31ви јули Аца Лукаааассс за него само ја знам датата а инаку ДНК, Владо Јанески, Харис Џиновиќ, Тони Зен ( ова се ти кажав за Кадмо) на 1ви август е Здравко Чолиќ , па Армин Ван Бурен , па на седми овој за два три дена Тијана Дапчевиќ а во кадмо секоја среда и петок ти е Ѓоко Танески и Џони лајв кад тад... мислам дека доби некоја претстава А што се однесува до шопингот - ТОА НИКАКО !!
Мене ме интересира да ми кажете некакви критики од страна на оние кои имаат некакво искуство од Елешец, задоволни, незадоволни... Летово со другарки ќе одам таму, па да се распрашам малку. Инаку ние сме три, и планираме да бидеме таму 10 дена, со тоа што ни доаѓа поединечно да платиме 250-260ден. на ноќ. Сега можеби е и многу со оглед на тоа дека е камп, но така испадна...Во секој случај би била подобра опција да сме барем четири девојчиња па да ги поделиме и трошоците, но ние сме најдобри и така се согласуваме и дојде до оваа конечна одлука. Најмногу ме интересира плажата и вецето. Во поглед на топла вода, хигиена и сл.?
Јас скоро секоја година одам Елешец не дека сакам туку имам роднини таму и кај нив седам, сега за камповите нез како е внатре и вецињата знам дека има многу луге што седат таму па ваљда му е убаво, плажата кога кад, во јули месец така почиста крајот на август матна водата и така.. за разлика кога лани бевме на кадмо и куба либре сепак елешец ми е поубава плажа,сега имаш и други убави градиште славија можеш со комбе да одиш кое цело време минува и така иначе нема врска што сте 3 ние лани бевме 2 па супер си поминавме
Не се плаќа сеа баш тоа се распрашував ми кажаа не пошо планирам да одам на таа плажа кога ке одам во Охрид
^ Фала за информацијата И јас исто планирав, ама неколку години немам одено си мислев да не се плаќа. А можи да се стигни од онај новиот мост? Да не се врти дури од горе...
Секако дека може. Всушност тој е направен токму за тоа. Преку мостот од кај црква Св. Софија стигнуваш на плажата Потпеш, а за да стигнеш до Канео црквата имаш едно патче нагоре.
Знае ли некој кои плажи се попразни? Несакам баш гужви по плажи па може ли некој да ми каже кои се попразни итно ми е