Мене како ми се погодило, немам ниедно лошо искуство со Охрид и охриѓани. Имам сретнато доста квалитетни карактери од таму, кои (на мое огромно задоволство) ми се и блиски пријатели. Кога одам во Охрид, си го менувам биоритамот и денски одам на плажа да се журкам, да ме бањаат со пена, да си слушам музиче и да денсам дур цугам коктелче. Ако не сум до толку расположена, одам на Оревче, златна Оревче. И пиво на шанк, и муабети за што ми душа сака. Навечер е друга работа. Никогаш не сум била во охридска дискотека. Сум седела во Кадмо и Ликвид на платформите, ама после тоа секогаш штиклите во рака и правец на романтики. А места за романтики има брате, со лопата да ги ринеш. Првпат се заљубив на скаличките на Канео, првпат се одљубив на мостот на желби. Ама секогаш сум била среќна кога шетам низ Охрид, иако навистина е уништен од турбофолкерај. Ама, среќа што не сум тип што сака да се бутка во дискотеки, па навечер секогаш си шеткам со некој под раче. Еден од моментите што никогаш нема да ги заборавам беше лани, кога со друштво седевме на Канео. Дојдоа група американски студенти со саксофон, и го плачеа најделикатниот џез што дотогаш го имам слушнато. Топол џемпер, ладни ноџиња, до тебе најблиските, уживаш во езерото, небото, и џез. Не сакав да мрднам од таму.
Охрид...дефинитивно ми е втор Париз(да знам дека не може да се спореди)бидејќи мојата прва љубов ми беше од таму, сите мои симаптии, мувачи ми биле од Охрид и затоа реков Охрид ми е како втор Париз... ...Многу убави настани ми се имаат случено во Охрид, најфините другарки ги имам од Охрид и сите ми се многу драги и многу ги почитувам... ...Ноќен живот бар за мене преку зима ми е поубав зарди тоа што нема многу гужва, за разлика од лето каде што секој кафич е преполн со туристи... ...Охрид е еден посебен град со посебни манири, има нешто што кај останатите градови го нема... ...Охрид го има Канео најромантичното место, Плаушник со преубавиот поглед кон езерото, Св.Наум(според мене најубавото место) и многу други места... ...Некои ги спомавте Варошани како лоши луѓе, да тие можеби се лоши ама сепак тие се оние кои на некој начин го красат градот, со своите традиционални градби, обичаи, начинот на однесување и воспитување(макар со има многу работи што ми смета кај нив) ...Ај доста е се разборував за Охрид ...Олку многу немам пишувано за Вевчании
...и у склоп со муабетов на Саја, оној кој знае да го доживее Охрид на оваков начин, едноставно не може да го мрази. Не може. И тоа е мое мислење. Лутете ми се колку што сакате Не знам кој го спомна Белведере, јас искрено тоа место не го сакам. Валкани чаршави, келнери изгубени, шопска која сакам веднаш да ми простите да ја исплукам затоа што доматите не се ни црвени, ни розе туку таман онакви вештачки и распаднати како песок. Ма ужас. Колку пати сум била, секогаш сум имала лошо искуство - уште еднаш со келнерот и се каравме што е топено сирење. Не убедуваше дека кај него во Кратово тоа што ни донел е топено сирење, и точка Во Белведере повеќе не одам. Ама Охрид сеуште го сакам, заради тивките изгрејсонца, јас во ќебенце, со моето кафе проголтната од тишината и ги слушам галебите како гракаат и првите рибари како ги пуштаат своите јадици. Што има неубаво на ова? Тогаш ги снемува сите негативни страни на градот, и јас наоѓам многу подобра причина за да го сакам
Охрид, веќе преку глава ми е од него. Убав град, полн со прекрасни места кои ако знаеш како да ги доживееш ти изгледаат најубаво на цел свет. Плажа, места за уживање и релаксација, ноќен живот... Од се по малку и за секого по нешто!
Токму така, јас и Ливинг се знаеме и си се смееме некогаш со наши шеги Нема врска дека е навреда тоа А и Ливинг плус ги сака Варошаните, еве мене како ме сака А инаку темава е за Охрид или за Охрид енд Пештани, Градиште, Љубаниште, Славија? Оти ако е второво ич да не почнувам да пишувам до утре ќе треба да го читате постот
Пишувај за Охрид и околината Најубаво ми е кога ќе се искачам на повисоко место и го гледам градот и езерото. Еве некои такви местенца, вториот дел е од околината Спојлер
Ахххх!!! Маж Охриѓанец ќе си најдам жими се! Што ми правиш вака Предпоследната на десктоп си ја ставив, да ја гледам нон стоп Инаку имам симпатија и спрема Пештани и Славија, ама во Градиште уште еднаш никако. Ај што си сместен со уште 3-4 во камп во кој нема место каде да се свртиш а не па нешто друго, кога врне е СМРТ! Надвор не се седи, внатре па ич... Башка тоа нема вециња, а во оние што се и да ти се оди во веце кога ќе влезиш внатре ќе ти помини За топла вода ич да не правиме муабет тоа ти е како да чекаш дожд во пустина И ајде "капи се" да те видам. Или евентуално комбинација Б, топлиш вода во шишиња викаш другарка и таа ти потура за 2 литри вода ти коса да измиеш Градиште се знае, стануваш, фаќаш Галеб и се селиш на плажата кај што е Буре или на таа до неа. И си пиеш ладен сок или некој безалкохолен коктел. Ахххх А за журките со пена нема муабет. Најјаките журки се тие, по патичиња на плажа, пијалокот во рака и едно време се пушта таа пена... Најубавите времиња! Пештани од друга страна радо би одела пак. Го научив небаре дома си сум. Не дека Десарет чини ама од Пештани одиш на друга плажа а навечер пред Десарет тука на камчињата се прават најубавите пијанки и најдобрите мувања Во Пештани научив дека сум многу храбра. Да знаете какви битки со лебарки имам водено, некој да гледаше од страна ќе умреше од смеење. Тоа беше битка Спаркс vs. лебарките А и друго е, си имаш купатило, можеш кога сакаш да се истушираш а за јадењата да не правам муабет колку се вкусни кај Бане. И скарата кај Тололо е прекрасна! Кој не пробал трк таму. Исто преубаво е Коњско, ама за тие што сакаат вистински да се одморат. За џенцки кои сакаат да се дотеруваат е невозможно затоа што дури да слезиш долу и на патики да си нозе ќе скршиш а не па на штикли. Славија е добро, плажата посебно е убава само мислам дека тука најзагадено е оти е најпосетена. Не сум била досега во хотелот сместена ама на плажата сум била милион пати. И годинава пак ќе си дојдам Охрид. Ако ми дозволат братучедките кај нив да поседам ќе поседам секако некоја недела. Пак си кажувам, Охрид ми е во срцето
Незнам што е работава со Охрид во последно. Не памтам кога во Охрид било спарно и загушливо. Секогаш било свежо. Едноставно времево во Охрид збесна. Час врни, час сонце грее.
ако не се лажам некои од фоткиве се сликани од тие ридовите во велгошти така? мислам дека таа едната црква е Св.Богородица што се наоѓа во карпа...сум била таму и мене баш ми се допаѓа и градот и околината....
Не се лажеш, првите пет слики се од тој предел. Црквичката на петтата слика е св. Богородица. Едно од моите омилени места за прошетка. малку е тешко искачувањето по карпите но вреди дефинитивно.
Ахх ОХРИД Не дека сум Охрид ама неможам без него едноставно НЕМОЖАМ ГО САКАМ СО СИТЕ ДОБЛЕСТИ И МАНИ СО СИТЕ НЕГАТИВНОСТИ И ПОЗИТИВНИ СТРАНИ Го сакам
Ахххх Охрид и мојата прва љубов. Со првата љубов го поврзувам најхаризматичниот град во МК според мене. Кога ќе го видам езерото, бродчињата, чаршијата и Кадмо, пак ми летаат пеперутки во стомак, ми се навраќаат спомени. Јас сум заљубена во него и на посебен начин го доживувам градов. Би си застанала негде на височинка од каде што се гледа цело езеро и би си го цртала цел ден. Не ми смета ништо во него и никогаш не сум се замарала со тие дојдените од модна писта, ниту со оговарачите, затоа што јас во Охрид одам да уживам.
Инаку, да се изјаснам што мислам. Значи луѓето се согласувам со Трендафилка дека се неуслужни и негостопримливи, особено кон Скопјани, што не е фер бидејќи од Скопјаните им се пола пари и повеќе од тоа заработени од туризмот, се имам расправано неколку пати и немам коментар од однесувањето, најниско ниво на однесување и речник. Градот како град, какви има во државава добар е, има неколку места што вредат да се видат, додека цените во Охрид се катастрофа, па толку е во соседниве земји. Претерани цени, тоа ми е замерка. Само Скопје не го менувам за ништо, не за џабе е главен град најмногу си го сакам. Инаку за езерото не сум била последниве неколку години преку лето, само преку другите сезони и популарноста на водните змии не знам каква е дали опаднала или се уште се држи. Плажите има од убава и пријатна до најнесредена и најпрљава, не можам да генерализирам дека се добри или лоши. Се на се, Охрид е туристичко место, па каде-каде поубаво од Дојран или Претор (без навреда) зошто сум била и таму и ваму и за Охрид имам највисоко мислење од местата покрај езеро во државава.
Многу го сакам Охрид. И многу време сум поминала таму. А и немам ништо против луѓето сосема се ОК. Ама во лето има премногу гужва. Тоа е тоа. Едвај чекам пак да го посетам.
Го сакам Охрид, убав град и убаво место за летен одмор е, сум одела неколку пати и можеби ќе одам и оваа година. Плажите и езерото се ок, само што на повеќето плажи има преголема гужва. Тоа за мене е една од негативните страни на Охрид. Но има преубави места за излегување, има многу што да се види.
Охрид ми буди прекрасни спомени! Таму беше мојата прва екскурзија...Таму го запознав него, мојата прва љубов, мојот прв дечко, мојот прв во се... Иако сите работи не се случија во Охрид, но се започна таму. Кога и да одам, езерото, чаршијата, црквите, воздухот, се ме потсеќа на тоа прекрасно лето пред неколку години. Го обожавам овој град! Плус, имам супер другари од таму што едвај чекам да ги видам пак. Најверојатно, после 20ти јули ќе дојдам пак, овој пат со дечко ми, на нашиот прв заеднички одмор. Охрид е поврзан со многу мои први нешта...
Вторник напагам во охрид ,работно, летно одморски, цурки из охрида, ако има некоја шо сака да другаруваме хиер ај ем... сама ке бидам таму, познати 0