http://www.vest.com.mk/default.asp?Item ... 649CAB853D Се шират муабети дека Охрид бил празен оваа сезона ама немам намера да одам да проверам дали е така Пишува горе и зошто се случи ова.
Ахх... Од каде да почнам? Го сакам Охрид, го сакам мирисот на езерото, ја сакам чаршијата... Никогаш не сум била навредена од страна на Охриѓанец, на било каков начин. Луѓето се добри, не се А тоа што има сексичи си е посебна приказна. Во Охрид се чувствувам како дома, толку пријатно место... Колку сакам да си уживам по плажите мх мх.. Колку сакам кога си седам во паркот и си киснам, колку сакам кога после Пиво Фест целата искапена во пиво со растечена шминка и накиснати алишта си брзам да се истуширам И плус тоа, Охрид е едно од поретките места во Македонија каде можам да си најдам маици, беџови и уште 300 ланци и катанци Охриде, се гледаме за 5 дена П.С. Да не знае некој оваа година дали ќе има Пиво Фест ?
Едвај чекам да си го видам Охридчето и ова лето! Ова лето за мене Охрид ќе биде најубав, сигурна сум Уште една неделаааааааааааааа
Ајде последните подготовки се во тек ајде сега и мене да ми кажите кои плажи се најблиску до пазарот и колку ке ми земи такси од прилика од автобуска до пазарот???
На сите ли плажи се плаќа за лежалките и колку? и кои плажи се најблиску до Билјанини извори бидејќи таму ке бидам сместена
Подобро оди Горица 1, отколку Кадмо или Куба. Грда е водата, полно е со тиња. Кадмо и Куба се само за сунчање (според мене). Имаш 1 километар од Куба до Горица 1, за 10 минути таму си. До Горица 1 е одма 2 па 3. Можеш да си бираш. На 3 има најмногу гужва.
Слушнав во некој си кафич кога барале коцки мраз им рекле 10 денари од коцка Да се смееш ил да плачеш не знам Јас го сакам Охрид, ама доцна пролет и рана есен. Во последниве години си одам често така на викендче овој период, а во текот на летото немам отидено со години, над 10 години сигурно и не планирам. Охрид не ми го нуди она што го сакам за летен одмор. Ама за убав релакс викенд вон сезона дефинитивно ДА. Самата убавина Охрид која го опкружува, од прекрасното ни езеро, до знаменитости, секое ќоше си има своја приказна, своја убавина, сепак охриѓани не знаат и не научија да го водат туризмот. Новите градби со новите поскапи апартмани и студија се добива за цената и добра услуга, ама старите соби што ги нудат охриѓани со чесни исклучоци сакаат само да лапнат пари а ништо да не дадат. Тоа не е туризам. Од соседниве ни држави може само да научиме како се пречекува, услужува и испраќа еден турист, кој треба и догодина да дојде ако е задоволен. Но тука само краткорочно се размислува, земи му ги парите и ајт со здравје... за жал.
вчера се вратив од охрид и ДА да кажам дека е точно дека охрид е празен не дека нема ни еден човек али далеку послабо со народ од ланските години и нормално да е така кога се живо во охрид е тргнато по пари од паркинг до вц до лезалки и тоа изгор цени на славија лезалка ти е само150 денари хахахха на парк си начекавме убаво не се плака паркинг лезалките се 60 ден нес кафе 60 ден експресо кафе 30 ден знаци прифатливи цени и нема гузва со е најбитно
Многу години по ред фамилијарно одевме во славја спектар на плажата Славја и дефинитивно беше супер:Кафичи, ди-џеј, паркови , секоја вечер пееше некој од естрадата.....мх мх милини.Али оваа годинина пропуштивме се надевам догодина пак ќе одам.
Парк и Хавана. Парк е кај Горица 1, а Хавана е до Вегера, кај што беше старата автобуска. Таму одат над 18.
Феминки ај предложете ми некоја такси компанија во Охрид (ако вози со попуст уште поубаво) ? И да не знае некој случајно колку би фатило со такси од Сп маркетот кај кружниот тек што е до Градиште?