Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Охрид

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од lovely91, 2 јуни 2011.

  1. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    4.013
    Пол:
    Женски
    Ауу добра си ти 150 ден мене еднаш ми рекоа 300 ден за лежалка и му викам извини дечко ама ова не ти е Закинтос и само ме гледа и вика е добро де што има везе во Охрид си -.-
     
  2. Nenasitni

    Nenasitni Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    36
    Ме интересира како се движат цените по хотелите? Зборам за некое пристојно хотелче не планирамда одам бо метропол :D Бидејки ке идеме само јас и дечко ми ,значи двокреветна соба ми треба.Дали знаете како се движат цените? Со само појадок..на пример во десарет и слични хотели?
     
  3. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
    А какво е времето во Охрид ? Планирам да дојдам паа.. :wasntme:
     
  4. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Го сакам Охрид во сите годишни времиња. Некако најретко го посетуваме на лето, освен некој викенд при крај на август. Ми буди Охрид убави спомени од раната младост, првите одмори со друштво. Додека другарките се печеја цел ден на плажа, јас го откривав - секоја уличка, манастир, секоја историска градба. После од кога се роди син ми, повеќе сме на море. Но, овој годишен одмор го минавме целосно овде.
    Впечатоците - поделени.

    Пријатно ме изненади големиот број на туристи од странство, пред се од Холандија. И тоа многу млади, а не само пензионери. Тоа е добро.
    Лично мене, најголем проблем ми е далечиината на плажите и тоа што мора да си со возило, да зависам од другите, а јас сум навикната да се повлекувам од плажа негде околу 13, додека моите остануваат уште час. Најубава ми беше плажата доле кај Инекс Горица, последната до карпите. Мирна, чиста, водата кристална - вистинска сина лагуна.
    А вистински шок (освен цените), доживеав на плажата пред Славија, негде околу 18 часот. Не можам да опишам колку ѓубре имаше по плажата. Ќеси од смоки, флаши, хартии, за отпушоци да не зборувам. Жално многу, жално - повеќе отпушоци, одколку камчиња и зрнца песок. И сега кога се потсеќам збеснувам. Абе што луѓе се тие што го оставаат така ѓубрето позади себе, било каде, па камоли на плажа. Господ ни дал природни убавини, за кого, за кој стока народ.
    И не можам а да не ги спомнам цените. Прво со лежалките од 100 до 150 денари, а зјаат празни. Не ја разбирам оваа филозофија, ниту економија. Абе пушти ги 50 и се ќе се наполни.
    И неколку ручеци ми преседнаа, на крајот. И еден мохито баајѓи ме затетерави, што од алкохолот, што од цената.
     
    На DeRose и LivingGlam им се допаѓа ова.
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Охрид годинава е празен во споредба со претходните, сами Охриѓани се жалат. Плажите се да не речам празни, освен Градиште каде што е пополно. Да не беа странциве, само Охриѓани изгледа ќе се сончаа.
    Ама ич не ги жалам-не може мастики од 25 денари да ми ги наплаќа 30, такси од тука до другана соба 100ка, пилешки стек во ресторанче покрај плажа 280 денари, цедевита 100. Пред две недели на Кадмо лежалките беа бесплатни, сега се 50-100 и тука не вклучуваат никаква пијачка.
    Појма немаат од туризам-наместо кога е вака празно да ги спуштат цените и да привлечат гости, они ги накачуваат. Следното лето нека е поскапо, па може ќе дојдат повеќе ;)
     
    На Speechless и Trendafilka им се допаѓа ова.
  6. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Добро е, топло, ама многу дува :?: Вчера бев на плажа и ке ме оддуваше :lol: Деновиве би требало да се подобри, не верувам дека ке остане вака долго...
     
  7. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Eпа да ви кажам, на лето поубав ми е охрид без туристи, затка навечер почаршија ќе се туркам ко будала за да поминам... Иначе фемина90 незнам ти од кај си купвела мастики, ама орбит и ервејс во сите маркети имаат иста цена варираат со по 1-2 денари ама тоа е тоа, и не ти ги наплаќаат само тебе така туку на сите и нас шо сме стално тука, цената на мастиките е таа, тешко тој шо ќе проба од тој еден денар повисока цена за мастики да заработи нешто, затоа ќе си купвите од големите маркети, а не од некој продавничиња по чошевите. Такси колку сакаш да ти зема ко 50 ден е старт? и плус такси за друго место освен за на плажа неќат да те возат! Епа кога ќе ми цвичат на зима таксистите ќе ве возам по автобуска ќе го отерам у пм и нека си вози на кај плажите, па макар и пешки да одам до дома! Иначе на јадењето и пиењето напумпани се цените, да невелам не, ама тоа е грешка на угостителските објекти, сите охриѓани невисе криви! И нормално дека на лежалките ќе им стават високи цени, ама па ако не сакате да лежите на лежалка неморате. И исто сакате да одите охрид а се по џабе да не се истрошите ич а се да ви е погодено, сакате туризмот да заживее, епа кога туристите повеќе ќе ги отворат новчаниците, и овие од угостителството ќе ги намалат цените. До душа, шо новчаници да отвориме, ***** јаката плата во Македонија.
    фемина90 да не си земиш нешто лично или да се навредиш, не те прозвав тебе туку општо правев муабет.
     
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Марбела, очигледно е дека си од Охрид :)
    Како тоа цените на храната биле грешка на угостителските објекти, а не на Охриѓани, па кој ги држи тие објекти?! :?:
    Не се труди да ја оправдаш ситуацијата, празните плажи во сезона се кажуваат, ако веќе сакате некого да "крадете" ете ви ги странците, ама од другиве градови кај нас малку потешко. Колку пари и да носам и да сум спремна да потрошам, нема да дадам 280денари за стек, па макар гладна седела.
    Не може цените да се исти или повисоки од море, море со езеро не се споредува, а се додека имате ваков став единствени туристи ќе се странците, тинејџерите зашто се уште мали да ги пуштат во странство и тук-таму некој од Македонија дојден на викенд и ништо повеќе.
     
  9. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    И јас се нервирам бидејќи цените во Охрид се прилично високи. Ама дури сум мала ќе одам на одмор Охрид со другарки, не можи Грција :lol: Ние најдовме сместување за пристојна цена, само се надевам дека времето ќе се попрај :?:
    А да ве прашам, стартот на таксито е 20 денари, исто како и кај нас или... ? Да знам колку отприлика таксито од автобуска до онде кај пристаништето во близина ќе ни земи. Да не не излажат, па поќе да ни земат. Има и такви случаи :D
     
  10. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Старт е 50 ден :doh: ....

    Иначе фемина90 па нормално дека е грешка во цените, превисоки се на тоа мислев, и ти општо зборуваше затоа те поправив, нормално е дека ги држат охриѓани објектите, ама не се сите охриѓани виновни за цените, зошто се залетувате кога можете нас да не прашате каде има добри ресторани со вкусна храна по пристапна цена, и да се најадеш како човек, немора да си покрај езеро седнат за да јадеш... Нити се трудам да правдам некого нити сакам некого да правдам, не само празните плажи туку и едни од најголемите хотели се затворени тоа се кажува... и како што кажа за 280 ден и јас не давам, за тие пари ќе најдеш ресторан кај шо можат тројца да јадат, и катастрофални се аражманите, нема никаква промоција, и после сакаме туризам, кога нема некој ум да седне и да разработа програми за привлекување туристи и други работи што треба да се поправат се ќе биде катастрофа. Ама ако нека, убаво им се прави, да видиме дали градскиве власти ќе се свестат или ќе продолжат да си градат згради и да си лапаат станчиња ]:) , а па ним многу им е гајле :doh:
     
  12. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    ^
    Старт 50 денари... Значи убо ќе ни дрпнат пари :lol: Околу 100тина ќе фати до пристаништето или поќе ? :?:
     
  13. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
    Ајде белки викендов ќе се затопли, така кажаа.
     
  14. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    Томорооуууу туруруруууу :)
    а за навечер секаде се плаќа влез?колку?кај би ми препорачале?
     
  15. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Е туто комплето она...све си се стокмив и сега ќе чекам да дојде 5 и пол :D
    него едно дете ми кажа дека се плаќало влез на плажите
    СЕРИОЗНО?
    мислам...живи глупости

    Се надевам ќе се оправи времето па сите феминки друшки кои заминуваат утре за накај охрид
    да ни се погоди временцето.
    Ја за сваки случај си земав палтенце :lol:
    нели...полн куфер за сваки случај!!

    За крај да ве поздравам со сликава
    [​IMG]
     
    На DeRose му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Е ко не знаете да се ценкате кој ви е крив. Отвараш врата, прашуваш дали вози по автобуска, аку ти рече не, му ја затвараш вратата и си заминуваш. Така за 30 или 40 ќе си се возите со такси. ;)
    И Охрид не е баш празен, барем навечер. Сега се вратив од чаршија, гужва е премногу, едвај можеш да се разминеш.
     
    На DeRose му/ѝ се допаѓа ова.
  17. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    ? :?:
     
  18. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
    Оо јас секогаш кога одам Охрид си носам палтенца. Не можам, многу ми е ладно навечер. Особено на пристаниште. Ајде годинава ќе пробам без палто да излегувам :?:
     
  19. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    вчера се вратив од охрид, преубаво ни беше.. и смештај и провод и се :rofl: сакам назад :(
     
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Дечки, знае ли некој колку пари е картата за циркузот во Охрид?

    Можеби ќе е доволно разумна за да израдуваме едни малечки дечиња? :)