до 19 август, сала билјанини извори или незнам како поточно се викаше ќе си фатиш такси ќе речеш до циркусот и ќе те однесат
ние одиме во понеделник за љубаниште//кажете ми навечер дали може да се седи по кратки ракави или заладува?ова го прашувам за да знам каква облека да пакувам за децата
Спакувај по некоја лесна блузичка со долги ракави, навечер дувка свежичко. Подобро неупотребен вишок орколку да ти треба па да немаш.
Браво супер место сте одбрале за одмор единствена најдобра плажа и најдобро место во Охрид според мене е Љубаништа Обавезно да си земете нешто со долги ракави зошто мислам дека ќе ви е потребно.Ние вчера бевме Љубаништа беше феноменално топла чиста вода песок супер посебно со мали деца.
За тие што се од Охрид,девојки како е времето таму изминативе денови? За одење на плажа е,или врнежливо е? :\
Врнежливо е неколку дена, ама не е ладно. Пред тоа беше топло и навечер, ама сега малку засвежува. Сепак дење е топло за на плажа, но може да те избрка некој облак. Кажаа дека од викендов повторно ќе било топло и без облаци за дожд.
Имали фемининки од Охрид. Леле девојки се скапав барајќи сместување во Охрид. Ајде некоја убава собичка ако знаате блиску до Охрид центарот што издаваат за двајца. Ќе одам неделава па више од барање на пазар 3 ми е преку глава. Се е зафатено.
Крајот на Август 23,24 и 25 планираме да идеме 4 души у Охрид. Е сеа дали можеме нешто поефтинко да најдеме за 3 нокевања...Да ни дојде до крај 200 денари дневно на еден , шо значи до 800 денари апартман ?? Можно е за таа цена да се најде нешто ??
Да за 4 души може за таа цена. Јас сега за 1 ден ќе одам во Охрид на одмор со една другарка и ние ќе плаќаме 350 денари дневно. А баш ни кажуваше газдата дека за четворица е 250 ама сигурно дека до крајот на Август ќе ги намалат цените. А ако сакаш да ти дадам број пиши ми порака.
Ако некој угостител ја пере постелнината после заминувањето на секои гости (во случајов после само три ноќевања), ја чисти и собата/апартманот од корен. ја чисти бањата секој ден и патем легално ги пријавува гостите во внатрешни и за нив плаќа данок, извинете вака ама треба да биде ненормален да му одговара таа цена од 200 денари.