Сакаме со другарки да идеме во Охрид летово и ме интересира каде е најдобро место за журки навечер?? (имаме по 16,17 години)
Глупаво ми е прашањво,ама ќе прашам. Абе луѓенца деновиве ептен е жешко па ме интерсира Охрид дали има по плаживе луѓе,се капат?
Има ли редовен превоз на релација Љубаништа-Охрид? Не сум била 5 години во Љубаништа и не знам каква е ситуација, а дека цел живот имам одено таму, прекрасно е, сакам и годинава, ама со оглед на тоа што во друштвото не им е погодено на сите, доста сакаат да одат во Охрид на шетање, дали навечер дали преку ден, ме интересира за превозов?
Менди за преку ден има комбиња, барем колку ме држи меморија од лани имаше за преку ден, е за навечер мислам дека беше проблем зашто мислам дека немаше касно комбиња за до Охрид и назад, а со такси било многу скапо. Јас лани кога бев, знам дека се расправавме дали да идеме со кола или не, баш заради тоа што другарка ми викаше дека немало често комбиња за навечер. Али одмор прав беше тоа во Љубаништа, јас прв пат бев и се изнанадив колку е убаво..
Мене ме интересира дали во вечерните часови е ладно? Бидејќи лани така беше, па си прашувам за оваа година да знам каква облека да земам кога ќе доаѓам.
Добро место за летен одмор е Охрид, али реално, многу високи се цените на ноќевање за туристичко место од типот на Охрид. До пред 5 години скоро секое лето идев у Охрид, во последниве неколку години со тие пари идам у Грчка, Црна Гора, а летово за прв пат ќе идам у Хрватска.
Годинава за прв пат ќе си одам со друштво во Охридов ни, па ај кажете за ноќниов живот како е да знаеме кај да одиме
Па стално има журки од 27 па до 5-6-7 август.. На 27 знам дека доаѓа Саша Ковачевиќ а од DJ-иве незнам ништо...
За чудо, немам многу одено во Охрид, дали 2-3 пати со моите и тоа на неколку дена, не на одмор и еднаш на екскурзија. Ама секогаш ми носи мили спомени и топло ми доаѓа на душава кога ќе чујам - Охрид. Ако ја имате гледано онаа серијата за деца, Втората смена базирана на книгата, е и од таму ми стана уште помил Охрид, ама од тоа време. Сега се ми е некако променето. Но, ако би морала да бирам меѓу Струга и Охрид, би ја одбрала Струга, некако поубав ми е градот, дали е до архитектурата, луѓето, а богами и цените незнам ама сепак. Иако и двата града ми се мили. Е сега, оваа година за првпат одам во Охрид сама со друштво, во период од 15ти до 25ти јули, знам дека времето ќе е таманка ама ако некој е известен за што забави ќе има тогаш нека ми каже, да знаеме каде да одиме Јас сум повеќе по транс и hardstyle журки (имам чуено дека правеле такви по некои плажи) па ако знаете нешто, одма да ми кажете Ќе се оди и по клубови, ама сакам малку и да се опуштам. Па здравје боже, може ќе си ќарам и некое охриѓанче да си го водам в Скопје.
Од 15 до 25 јули незнам,ама од 24-25 јули до 5-6 слушнав ќе имало и те какви журки.3-ти август ти е Tiesto па ако сакаш да идеш на таква спектакуларна журка/концерт ќе си го поместиш одморот Исто така ќе имало и некој фестивал,па сигурно ќе пуштаат транс нешто у тој стил. :geek:
Јас па слушнав дека Роџер Санчез ќе бил, не Тиесто И никогаш не сфатив што сите се жалат на ладната вода И нам Охриѓаните ни мрзне газот кога влегуваме во вода, не само на туристите.
Ахааа,ќе се караме ако не е Тиесто(не јас и ти ) Знам дека негде прочитав карти дека се купуваат,сеа дали беше за Тиесто,дали за тој фестивалот,ич не ми текнува
Ај некој што бил годинава во Охрид или што живее таму да ми даде еден ценовник отприлика да знам колку пари ќе ми требаат. Накај 8-9 август планираме да идеме 7 дена. Сместување ќе бараме поефтино, соби. Барав нешто на пазар3, се наоѓаат понуди до 350 денари. Е сега ме интересира која е најблиската плажа до центарот и дали и колку плаќа влез за плажата, лежалки, дали има нешто вклучено во таа цена. До Љубаниште колку е превозот со комбе преку ден? И таму какви се цените? Во кафичите колку се цените за сладолед, сок, коњак, вотка и сл И каде се најдобрите журки на плажа?
Аа луѓе, знаете каде прават привремени тетоважи со кна, оние што траат по 2 недели отприлика? Братучетка ми ми рече дека правела пред 2 години на Славија и коштала 200 денари ама сега можда се сменила цената, а и локацијата, па тие што знаат кај има сега нека ми кажат пошто ептен ми е мерак да си направам