веќе не се 500, 600 се (со две "чекирања" по 30 = 660) * моето прашање е дали градската болница и гимназијата се блиску??? отприлика знам кај се наоѓаат и двете ама неможам да проценам дали се блиску ?????
А јас да прашам дали сеуште цените во охрид се изгор за облека,купаќи таква работи или има некој попуст?
Во некои бутици имам сретнато попусти ама во некои ептем е скапо. Еве за купаќи, во некои се по 3000.. има по 800 (мојот го купив толку) а сега гледам има и за 200 во едно, ама какви се појма немам, не ги имам видено.. Сепак во сите бутици е различно,зависи каде има попуст
Единствен град во Македонија што воопшто не го сакам.Има природни убавини,не викам не,но во поголем дел градот е катастрофа.А за Охриѓани да не зборам.Најантипатчни се.И многу си ја дигаат цената.Мислат Охрид којзнае што е.Еден град со никаква плажа (ни плажа не можам да ја наречам.А цените изгор скапи.Затоа,еднаш сум била и никогаш повеке.Грчка златна со море и убави песочни плажи е тука. Искрено,Дојран е понеубаво од Охрид но попрво во Дојран би отишла отколку во Охрид.Затоа да не би имала можност да одам во Грција би отишла во Дојран.Ама Охрид и милиони да ми даваат не стапнувам таму.
Во Грција може поевтино е Познавам еден куп луѓе што го делат твоето мислење (кое не велам дека е погрешно; јас едноставно не се согласувам со него), ама обавезно доаѓаат да истераат еден викенд во Охрид. Тоа доаѓање во Охрид на многу луѓе им е како излегување во најактуелниот клуб во градот: ич не ви се оди зашто сите многу оговараат, ама мораш да појдеш од проста причина да бидеш виден. Како домашна некоја по географија. Не зборувам конкретно за тебе, не ни морав да наведам дека е твој цитатов (можев да го избришам твојот ник), зашто ова е само една глобална слика за поголема група на луѓе.
Охриѓанки, колку би ме чинело такси од автобуската станица до Св Стефан, поточно хотел Климетица? Имам друга опција за превоз или би морала со такси да одам?
^ Фала ти Молика! Би можела ли само да ми објасниш од каде можам да фатам автобус зашто не го познавам добро Охрид и дали автобусите се со бројчиња за да знам во кој да се качам или како оди тоа?
Нема бројчиња, туку пишува со име. Ти ќе бараш за Славија. Иначе кажи каде си ти точно за да ти објасниме каде да го фатиш.
Епа може да фати од автобуска Мислам дека има на секој сат: од 10:30, 11:30, 12:30... ама за посигурно ќе си прашаш на шалтерчето таму, ќе ти кажат, и кога ќе влезеш во автобусот само ќе му кажеш на шоферот за кај си, за да застане. Обично е тоа автобусот што оди за Пештани. Тој застанува секаде по плажите. Си пишува напред Охрид-Пештани.
Драги охриѓанки, ми треба ваша помош Кон крајот на неделата со сестра ми ќе бидеме сместени во Хотел Ловец..баравме друго сместување, поблиску до градот но се беше зафатено, заради празниците..Како прво сега ме интересира колку е далеку овој хотел од центарот на градот? ( на нет пишува дека е околу 1 км но сепак јас за посигурно да прашам).Иначе, немав многу време да барам и да прашам повеќе за хотелот, па веќе направив резервација и сега малку се мислам дали ќе вреди..Има ли некој некакво искукство со овој хотел?.. И исто би ве замолила да ми препорачете некое место кое вреди да посети? Секогаш во Охрид сум била на поминување па овој пат сакаме поубаво да го организираме времето и затоа help pls )..Секоја информација и секој предлог е добредојден . Фала од напред
епа вака.. хотелов ти се наоѓа на железничка и со сигурност не е 1км од центар туку повеќе е бидејќи инјас живеам тука некаде нема да ти биде тешко да се снајдеш бидејки веднаш кога ке тргнеш нагоре пред бензиската од Црна Река што е кај шо има раскрсница десно само и тераш право дури не стигнеш на другата улица и потаа улица исто одиш право па во центар си ама нее блиску, хотелот е добар, за услугата незнам баш ке си видите а за места па што знам види кубалибре преку ден е рај, а навечер мислам овој викенд дека во парк во сабота е ненад караоке и правии одлична забава и кадмо бич исто е супер а сега ми текна одете на мостот на желбите и на плажата Потпеш нема да згрешите ако уште нешто те интересира пиши ми ЛП
Охриѓанки па и останатите, кој знае може да ми кажете нешто повеќе за ресторанот Св. Софија, каде се наоѓа, цените, амбиентот? И за турска чаршија, каде е што е, има ли таму места за излегување вака за помлади?
http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=41264 Ееее охриѓани,охриѓани алчни за пари,ги избркаа туристите од плажите а сега и од Галичица. Нека стават рампа на почеток на градот и нека почнат да наплаќаат за влез уште тоа фали,па нека им седат празни собите што ги испонаправија со наши пари. Па после немало туристи во Охрид,со овој памет нема ни да има! Стамота
^ Не само за летање со параглајдер, туку и за фотографирање ќе се наплаќа Дневно снимање за фотографии по 10.000 денари, снимање од воздух - 20.000 денари.
Е шо е со охриѓаниве? Демек скопјани не се арогантни ? И скроз исто е кафе Охрид и каде во ГТЦ..или во Виница на пример.
Женски, ќе одам за Охрид негде крај на јули и ќе отседам до кај 10 август, па мислам дека го погодив времето за журки и концерти. Туку, ај препорачајте ми добри плажи, да нема камења и водата да биде пријатна за пливање и колку-толку чиста. Минатата година одевме само Немо и Славија и еднаш на Канео и Градиште. Убава беше Градиште, ама лом се направивме од камењата. Исто, кои се добри места за излегување, поефтини ресторанчиња, кафичи, дискотеки добри за без лична? Чаршијата убава е за млади или? Јас ќе бидам сместена кај споменикот на Кирил и Методиј, во брдото горе одма, па што ќе имам во близина кажете ми.