Простете шо сум оф топик, ама сакав да прашам , дали има превоз навечер од плажите до центар,освен со такси, пример со комбиња панорамски и слично..пошто ке работам на плажа , комплекс св стефан па работното време ми е до 19 часот,потоа ако сакам да одам во центар, а да не морам да се соочувам со штопериците звани таксиметри..некој алтернативен превоз мејби ?
^ Мислам дека нема такви кои возат касно навечер. Може да фатиш некое комбе кое доаѓа од селата, ама не знам до колку касно ги има!!
Е јас не го сакам ни градот, ни езерото, а најмалце луѓето. Езерото камен ладно, јајнициве ме молат да не помислувам веќе за него. Луѓето одвратно искомплексирани, ако си од Скопје имаш иста вредност како лебарка која треба да се уништи. Градот како град, што да кажам, не е толку лош ама не е ни не знам што. Еднаш бев и тоа сместени бевме кај познаници на една другарка па беа колку толку фини према нас. Единствено вредно беше што ни се погоди убаво времето и топло, не ни заврна па одевме по плаживе. Е кога сме кај плажите, буткање во комбиња и возење пола саат за на крај коа ќе стигнеш да видиш дека си единствената што отишла на плажа со купачи и без шминка Кој го сака нека го сака, јас во Охрид на одмор веќе не идам никад. За мене одмор е море. И во зима да отидам поубаво ќе ми е на море отколку на лето во Охрид.
Охрид е прекрасен. Единствен град во кој би останала да живеам во Македонија. Секоа лето таму си има посебна приказна, и пиши спомени. Колку само го сакам лежењето по цел ден на Куба Либре. A, потоа вечер помината во Кадмо или Ликвид. Ммм. А, и луѓето СЕ гостопримливи. Сега зависи кој на кого налетал. Мене ми е секогаш убаво.
го сакам охрид ама не и тоа охриѓаните 10 ден плус ако сакаш кечап и мајозез дополнително во сендвичот
П.С. Ако кажувате дека не сте биле услужени како што треба по угостителските објекти и дека не биле фини со вас , не заборавајте дека скоро сите вработени во летната сезона се од други градови и нив не им е гајле како ќе го претстават градот. Нив им се важни парите и што помалце да работат (А женските по можност да најдат маж од Охрид за роднините бесплатно да летуваат...)
А безобразен таксист кој со сигурност е Охриѓанец ( по дијалектот) кој не сака да те однесе на автобуска, поради тоа што ќе си одиш во Скопје? Со кое право он прво ме прашува за каде ќе фаќам автобус, па уште да се насмее онака цинично и со куфер да ме остаи на сред улица? Тоа е веќе безобразлук, а не негостопримливост.
Епа Јојоба, како што мислиш ти заради еден таксист дека сите Охриѓани се такви, веројатно и тој таксист сретнал некој безобразен Скопјанец
Девојко,мислам дека малце од повеќе драматизираш. Секој би прашал каде одиш ако кажеш дека дестинацијата ти е автобуска. А ти сакаш да те качи на автобус со си куфери? Такви се правилата.. И мене во Скопје ме оставале на улица и ме прашувале кај ќе одам па не се нервирам. И Њу Јорк да си, истото би ти го направиле
Можеме до бескрај да си префрламе, еве и тука ако продолжиме ќе започнат кавги Охриѓани спрема Скопјани. Факт е дека најмалце 80% од Охриѓаните не ги сакаат Скопјаните, тоа не е ништо ново туку од секогаш било така. И така и ќе си остане. На кој му одговара ќе си оди во Охрид на одмор, на кој не нема. И крај на приказната. Овде секој си изнесува свое мислење, моето е погоре напишано и не мора никој да се согласи со него. Едит: А кои се тие правила дека на одмор од 10 дена не се оди со куфер И зошто таксист да не ме однесе ако имам и куфери со мене? И од каде се тие правила дека он треба да ме праша за каде точно ќе патувам јас, па после да реши дали ќе ме вози? И сега до бескрај ќе идеме нели? Ти ќе го браниш Охрид, јас Скопје и до недоглед. Нема потреба да се караме пишав и погоре, ни ти ниту било кој овде не мора да се согласи со моето мислење, ама не мора ни да ми оди контра и да ме убедува во нешто друго.
Некако фактиве не ти се на место. Јас никогаш не сум слушнала во Охрид да речат нешто лошо за Скопјани(освен на шега), а обратно неможам да кажам.
женски не знам кај да прашам на друго место може ли да ми кажете како идат комбињата и тие работи од охрид до љубаништа и цена на карта? до сега само со кола сум одела ама сега аш кола :Ѕ фала
Како и да е јас оваа година одам во ох со дечкото, и ке си поминам убаво. А за цените, па што очекувате , туристичко место е и јасно дека ќе биде скапо. А оваа сите што го имате напишано за луѓето ... хмм па ако еден се испонашал незначи дека сите се исти, а и + тоа никого може не познавате приватно за да можете да кажете какви се и што се .. А ако некој се испонаша со мене ... хмм ке му вратам и јас со иста мера така да... Не одам јас таму за луѓето , одам да се одморам и да уживам Поздрав до сите
Јас сум уште една лошо услужена од Охриѓани, ми се испонашаа крајно идиотски до степен да се заколнам дека моја нога таму нема никогаш да згазне. За цените по ресторани и.т.н не коментирам, а и не ме ни засега затоа што како што кажав, никогаш повеќе нема да дојдам во Охрид. Ќе си се шлапам подобро на Велешко езеро отколку некој да ми се понаша како да сум просјак, а сум (пре)платила за сместување 400 денари од вечер во соба 3 на 3. Не велам дека нема добри луѓе таму, ама не планирам да ризикувам да налетам пак на слични такви или полоши.
За охрид ме врзуваат многу убави спомени. Го сакам Охрид како град, но во летниот период ме нервира гужвата. Повеќе сакам да одам во пролет кога нема гужви и убаво да се опуштам и одморам. Друго што ме нервира се цените и услугата. Со тие пари што ке ги потрошиш Охрид ке одиш на море, и услугата што ќе ја добиеш таму ќе биде 1000 пати подобра од онаа во Охрид.
Она за муабетот услужливи - не услужливи ќе кажам само едно некои луѓе си даваат толку право што едноставно сами те тераат да не си услужлив со нив. Ќе ви дадам пример за моја другарка охриѓанка која работеше во Пинк пантер сендвичарата што сите добро знаеме дека е вриеж од народ преку лето и доаѓа една типка и порачува што порачува и на крај и вели: “ Девојко ај донеси ми една чаша вода со две коцки мраз со три ми е многу, а со една непијам и и и розево цевче “ и на ова како сакате човек да изреагира?
Има и такви, но повеќето од нас не барале "2 коцки мраз и розево цевче", па не ја добиле потребната услуга. Конкретно во Пинк Пантер ми се случи минатото лето да чекаме 45 мин. и буквално да ја молиме вработената да дојди да и порачаме и на крај си отидовме да јадиме на друго место.
Реагираат и за мали работи, батали го цевчето сега. Плус на неа и е работа да биде услужлива и за тоа зема плата. Иако јас не сум била неиспочитувана во ресторан кажувам моја гледна точка. Туку, газдите многу си земаат за право. Јас за парите што сум ги дала ако сакам и журка ќе си правам, зашто сум платила, а тие (зборувам за оние кај што бев) ми се развикаа зашто истурив сол на тепих и земав да си го сметам, на што личело тоа и други требало после мене да дојдат 400 денари од вечер и дадов за едно пувливо собиче и веце кое го делевме со уште 2 пара туристи на спратот. Уште лом ме направија кога тава им побарав, побогу. 4 дена издржав и си отидов без да се поздравам со нив, и си ветив на себе сама дека никогаш повеќе во животот нема да згазам во Охрид. Па за тие пари и нешто повеќе, во Грција, Бугарија или Албанија има како газда да си поминам, и услужена и се во ред. И не се правете како се да е во ред, кога не сум јас единствена со ова мислење, и не сум јас единствена што згазнала кај такви газди.