Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Охрид

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од lovely91, 2 јуни 2011.

  1. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски


    Јас мислам дека сигурно ќе идат,затоа што видов на инстаграм сликани карти.Цените им беа 1200 денари.Можда малку касно пишувам,ама сега видов дека сте прашувале :)
     
  2. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Има и поевтини соби,јас со едни другарки бев сместена во една куќа што е блиску до Тамаро маркет,и плаќавме 350денари од кревет,,посебна бања има,има и wi-fi,телевизор со кабловска,тераса,а заедничка кујна,супер уредена куќата беше,се нај како за таа цена.Има и соби по 300денари што се,но не се толку добри.
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.077
    Допаѓања:
    12.820
    Претеруваат со цените. Јас сум била и сум плаќала по 400 ден, а внатре ни тв немаше. После дојде жената, газдарицата да објаснува, да се фали како супер се условите, чисто се. Во Пештани плаќавме по 350, ама таму во една соба и фотеља и полско креветче и кревет па бевме неколку женски. Муабетот ми е се и сешто издаваат за да дојдат до пари, ама и се преценуваат.
     
  4. malina24

    malina24 Нов член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Во Охрид го претераа годинава наместо да стават цени да те привлечат тие само си ги бркаат туристите... ние бевме почеток на јули празно беше а ценине до немајкаде..паркинг 100 ,лежалка 150(на празна плажа) кафе 150 ... |( |(
     
  5. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Ајде некој поупатен да ми каже каде има песочна плажа,ако воопшто има во Охрид ќе ве молам,кој знае да сподели :) Оваа година немаме избор,мораме таму,не сум била оддамна(кога бевме ,сместени бевме Охридати,плажата крш),многу се жалат и од водата,ладна била оваа година а и плажите со големи камења биле,дали и колку е вистина,нека сподели некој плс :hai:
     
  6. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    А во Септември како е? Би сакала да дојдам на 5-6 дена, се надевам дека ќе е топло и водата ќе е топла за бањање.
     
  7. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.771
    Допаѓања:
    8.869
    Пол:
    Женски
    Koi plazi se najblisku do hotelot na mvr i dali se palaka vlez?
     
  8. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Нати побарај на пазар3. Баш вчера гледав. Имаше цени од 250 ден. до 400 ден. од вечер.
    Зависи што бараш. Има и слики за да ги видиш собите, и бројче да се јавиш да си се договориш подетално.
    Мислам дека подобро е така отколку на ќоро да одиш. Вака барем имаш претстава кај одиш. :)
     
  9. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.401
    Допаѓања:
    126.756
    Ние лани бевме Пештани од 1 август во најтоплите денови а искрено водата беше многу ладна.На плажата кај Св.Наум каде се наплаќа и влез,водата беше многу потопла.
     
  10. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    Според мене најубаво е и најчиста е водата во Трпејца.Лани бевме сместени таму,ама ги поминавме и сите др плажи и најубаво беше таму.Иако плажата не е песочна,водата е бистра и некако не беше толку многу ладна,иако нели тоа е релативно.Ние бевме во период кога максималната температура достигаше до 34 степени.
    Сместување во првиот ред веднаш до езерото се наоѓа најскапо до 400 ден,во обичните куќи,а во вилата околу 25 евра,погледни на реклама5 и пазар3.
    Сместен си до плажата па кога сакам ќе спијам,кога сакам ќе се бањам.Кога би одела во Охрид,дефинитивно тоа би била Трпејца.
    Поздрав
     
  11. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472
    Има попусти низ бутиците во Охрид?
     
  12. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Ај кажете ми каква е плажата Горица 2? Дали има камења во водата општо како е?
    Ви благодарам од напред,и ве молам за одговор итно ми е. :$
     
  13. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.401
    Допаѓања:
    126.756
    Има скоро во сите бутици.
     
  14. f.e.m.i.n.k.a

    f.e.m.i.n.k.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2012
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Женски
    Во недела планираме на Св.Наум да одиме се фалат луѓе многу било убаво и реновирано...а водата каква е за капење не знам дали да се бањам ако е ладна сигуро нема...поздрав
     
  15. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Кога ги гледам Вашите коментари за Охрид ми се плаче од то ми се оде,ама ајде де пари се нема.....
     
  16. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Лани ние бевме баш ова време на викенд.Сабајлето во 8h ,беше ладна,не беше камен ладна,така средно ладна.И на ручек беше топла.И на ручек можеш да се капиш,не мора да се враќате во апартман. :D Преубаво е Св.Наум. :inlove: Ако имаме ние можност можеби викендов ќе одиме :?:
     
  17. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.401
    Допаѓања:
    126.756
    Јас бев на св.Наум на плажата која е од арм,песочна плажа,водата е топла,првиот ден ни наплатија влез 50 ден.а следниот не пуштија без пари.За разлика од лани годинава е реновирано далеку поубаво,вистински рај.Барем јас така се чувствувам кога сум таму,има некоја позитивна енергија.Нема да згрешиш што си одлучила да одиш на св.Наум.И годинава имаше доста туристи и ти препорачувам да ја посетиш и црквата св.Петка,веднаш до манастирот е.Убаво поминиси,ќе уживаш,знам :D
     
    На f.e.m.i.n.k.a му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Meне Охрид ми е најубав град во МК.Само тоа ќе кажам :) :*
     
  19. Aurora05

    Aurora05 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    25
    Женски ве молам препорачајте ми некоја добра плажа,онака да не толку бучна како што е Славија :tmi:
    Мислам онака да има повеќе парови знаете,да нема многу мали дечиња и водата да е чиста. Имаме појдено неколку пати Градиште,ама сега сакаме да смениме малку но само да поблиску :)
    Ви благодарам
     
  20. MermaidKiky

    MermaidKiky Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    2012та летото и оваа година бев во Охрид, сместена во Пештани. Бевме кај една иста жена, само што првиот пат на вториот кат со тераса со поглед на езерото, сега кога бевме се сместивме доле и преубаво беше. Големо и имаше дворче и пак се гледаше езерото :) 1000ка за еден ден, таман си беше за такво место. Беше одма до шумата(ако можам така да кажам) каде има патека и води до една мала црквичка(ептен мала :lol: ) изградена уште од 1946та, а реновирана 1977ма(мислам :lol: ). Иначе бевме на плажата Св. Стефан и водата е топла и убаво е(иако во 2012 поубаво беше). Отидовме и до Св. Наум и таму е преубаво, реновирано ама водата мене ми беше поладна и само малку се бањав, незнам зошто :lol: