Девојки што мислите сега на 31 ( недела) би имало луѓе по плаживе? И Љубаништа каква е плажата? Пред Градиште е тоа или како? Ај ве молам за одговор?
За народ дали ќе има не знам да кажам, не сум била во тој период никогаш, а Љубаниште е прекрасно, барем за мене плажата е песочна, водата топла, постепено станува по длабоко, не е наеднаш и така. Колку што се сеќавам Љубаниште е после Градиште или пред или после Трпејца, малку е далечко.
За недела незнам дали би имало луге ама како што е викенд би требало. А иначе љубаништа е после трпејца а пред св.наум.
Во Охрид имам идено ( ) по викенди, онака лабаво, а со искачања чуда и такви салтанати, не сум била уште кога бев средно. А тоа беше малце поодамна. Така да, немам поим каков е ноќниот живот таму, освен нели, скап Каде да се искача таму? Не ме интересираат турбофолкови и слични жанрови на музика. Нешо полабаво, паб, клуб, кај шо има свирка или општоприфатлива музика?
Ние бевме на 10 август и беше да не речам празно,а сега на крајов на август не верувам дека ке има многу народ. Љубаниште ти е најубавата плажа,се наоѓа после Трпејца,пред св.Наум.Ама за во овој период не би ти ја препорачала таму и во шипц сезона нема многу гужва а не па сега,подобро оди си на славија или на лагадин.
Јас во петок се вратив од Охрид и предобро поминав.Немаше многу туристи, што ни одговараше, водата беше чиста и топла, времето супер, цело време сонце.Цените не изненадија зошто мисливме дека ќе биде скапо, а уствари цело време се ѓолевме пиво за 70-80 ден, седевме и онака на ручек и плативме нормална цена, како што и овде би платиле да излеземе, исто и на пијачка бевме во некој кафич и беше баш океј.Инаку не се стегавме воопшто, ги прошетавме плажите и секогаш си лежевме на лежалка и се освежувавме со нешто и јадевме.Претежно беа странци, фамилии и постари луѓе, но не дека немаше млади, на Градиште беше повеќе гужва, на Лагадин беше супер, мирно, уживанција.Бевме и до Струга и во Трпејца каде што си поминавме феноменално, тивка плажа, скриена, водата предобра, бистра и топла, а и онака беше преубаво.Смештај плаќавме по 300 ден од лице, а имавме сопствена бања, спална и тераса, кујната беше заедничка на спрат, ама немаше други гости.Беше супер, чисто, со фини газди, на 10 мин од Центар. Како што бев разочарана дека нема да одиме на море, ептен убаво си поминавме и ни момент не се покајав што бев на езеро, а не во Грција.Така да не е многу пусто иако е крај сезона, сепак сега времето велат ќе се расипе, па не знам како би било.
Јас пред 2 дена бев во Охрид. Бевме во Пештани, но не ни се бендиса многу... После бевме во Славија А наредниот ден на плажата Трпејца. Феминки, искрено да ви кажам поубава плажа во Охрид немам видено Плажата, водата, се беше прееубавоо.. В година (здравје) ако одам Охрид обавезно ќе одам Трпејца еве слика од таму
Бил ли некој во септември во Охрид на одмор, средина поточно? Да ми каже дали има туристи, водата каква е, за смештај цените како се движат? Температурите знам ќе паднат тој период повеќе за ова другото ме интересира.
^ Би било разумно цените да се околу 300 денари. Ама ми се чини спразнато ни е гратчево, посебно ради времево...
Во Охрид во септември на летување или на зимување ке одиш? Охрид во сред лето е ладен,посебно ноќите,а не па во сепември.
Луѓенца охриѓански можете ли да ми кажете колку е растојанието од Автобуската станица до Градската болница во Охрид ??? за пеш е или такси треба ?
Еве ја оддалеченоста, црната стрелка е автобуската. Само една улица право и таму си. Такси евентуално ако си со торбици иначе не ти треба.
Дали знае некој да ми одговори како се движат цените во Охрид и по колку пари се хотелите и апартманите од ден?
http://www.travel2ohrid.com/ http://www.ipult.info/index.php?page=view&c=privatno ај некој ако знае каква е состојбата со Андон Дуков, нешто збореа ќе почнело да се гради ова она па дали се бунгаловите во функција или не ?
Градот е стварно убав ама луѓето таму никакви секоја чест за исклучоците. Лани лето најдовме соби преку интернет се договоривме кога појдовме таму собите пред распаѓање му викаме на газдата собите не се вакви на огласот вие да се капите дојдовте или станот да го критикувате ајде шта чеш че се издржи десет дена, таксистите единствена светла точка што ја има охрид
@Hipica ќе те прашам во темава (затоа и те означив) зошто незнам на новава платформа како се праќа порака 1.Ме интересира улицата "Партизанска" дали е блиску до центарот? 2.Салата Билјанини извори колку е одалечена од центарот? 3. И последно, населбата Христо Узунов колку е одалечена од Билјанини извори? Фала ти однапред.
1. Улицата е ВО центар. Не знам колку имаш ориентација, ама тоа е улицата што оди од Пинк Пантер, продолжува покрај поштата накај старата автобуска. 2. Салата е можда десет минути пеш до центар, ако одиш по Туристичка, главната улица. Ама кејот/шеталиштето ти е веднаш тука, на две минути. 3. Од населбата Христо Узунов до спортската сала.... штознам. Може 20-25 минути пешачење (зависи како одиш). Повели и друг пат и прашај ако имаш уште нешто
ohrigjanki sakam da ve prasam dali ima prevoz(avtobus,kombina)od avtobuska do sv Naum i kolku pari e povratna,a kolku kosta so taxi ili so brod? Fala odnapred.