Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Охрид

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од lovely91, 2 јуни 2011.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Слушнав имало бесплатен превоз за 1 август во Охрид по повод концертот на Чолиќ, знае некоја нешто за ова да каже повеќе инфо?
     
  2. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
    Убаво е и има пρевоз
     
    На Mlle му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mlle

    Mlle Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    256
    Фала :)
     
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Бев пред 2 години последен пат, сега евентуално освен некој викенд не би одела пак на одмор.
    8 женски ко прво со едно купатило два на два буквално, во дворот бавча пред нас, ни огледало имавме, ни шпорет, моравме решо да им бараме за колку едно кафе да свариме, а плаќаш по 300 денари на ден, за клима па тоа мисловна именка.На плажа кафе, сок, па во Грција се истите цени.За дискотеките па, една пијачка ти ја меша со вода и пола ти е мраз 150 ден. ти ја наплаќа, ма ај молим ти се.|(Во Градиште кога отидов сладолед еден обичен 50 денари го наплаќа, пешкир/чадор нема нигде свој кај да си поставиш, на Кадмо водана па тиња цела, епа ќе бил празен градот, како нема да бил.
    Истите пари од Охрид, на море ќе ги дадам може +50-70 евра, во Грција со моите апартман за 4ица за 8 ноќи 300 евра го плативме, си имаш и кујна, и купатило, клима, интернет, тв, двор огромен, плажа на 2 мин. песочна и топла и чиста вода, сега за во Бугарија плаќам накај 220 евра полн пансион во хотел 3* со превоз за 9 дена, единствено во Охрид ми се допаѓа што стално гостува некој и за таму бар цените се до негде нормални да ги речам.
     
    На kjukli, Luna91, SimonaTino и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    2.449
    Препорака за некое пријатно место во Охрид, ресторан со квалитетна храна и поглед кон езерото?
     
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Ресторан Далга.
    Храната е предобра, ресторанот е директно на брегот. Има староградска музика, не знам колку тоа ти се допаѓа, ама мислам дека атмосферата е баш пријатна.
     
    На Petar80 и Isabel им се допаѓа ова.
  7. cloud

    cloud Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    1.868
    Пол:
    Женски

    Само за овие сум информирана.
    31.07 FEDDE LE GRAND, плажа Парк
    01.08 Tom Novy - Orange Festival, плажа Немо
    02.08 Rudimental - Orange Festival, плажа Немо
    09.08 Дуке Бојаџиев, Антички Театар
     
  8. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Дали од.тие.шо.се.во.охрид моментално може да ми кажат дали е топла.водата во езерото?дали е ладна.за.капење 3 годишно дете!
     
  9. cloud

    cloud Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    1.868
    Пол:
    Женски

    Јас бев викендов, водата воопшто не беше ладна, имаше доста родители така со мали деца. Ова конкретно за Градиште и Оревче плажите.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CrAzZyYy

    CrAzZyYy Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2011
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    2.213
    Пол:
    Женски
    Ајде скопјанки што се жалевте дека цените во охрид се дупло поскапи од скопке седнете у центар и напијте се кафе за 90 денари да ве видам, ете за тоа го мразам нашиов скопски менталитет. received_10203447102058268.jpeg received_10203447101738260.jpeg received_10203447100418227.jpeg
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.077
    Допаѓања:
    12.824
    Треба малку да спуштат цените. Нес кафе 90 денари за скопјани не е скапо, а за туристи што ќе дојдат од помал град прескапо е. Охриѓани малку претеруваат со цените. Во Струга истите пијачки се поефтини. Несот беше 60 денари. Догодина ако бирам меѓу Охрид и Струга ќе ја одберам Струга.
     
    На kjukli и referentka им се допаѓа ова.
  12. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
    Овие цени охриѓани ги плаќаат и во август и во јануари, цела година си го кркаме, и шо да прајме?? А ако веќе бираме, во Делчево цела гозба за 100 денари би добил,ама оди Делчево,не Охрид.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    И мене не ми е јасно ова со цените... мене на пример во Скопје ми е скапо. Кафето, храната... посебно во трговските центри, прескапо е. Е, сигурно има ефтини ресторани и маалски кафичи, ама такви има и во Охрид. Цените се тука-така со Скопје и за храна, такси, пијалоци.

    Не велам дека не треба да биде поефтино, нам тука не ни е лесно цела година со таа скапотија (посебно на пазар овошјето и зеленчукот се секогаш поскапи во однос на другите градови). Ама ако туристите сакаат поефтини места, треба да ги одберат. И тогаш нема да бидат задоволни зашто тие локали немаат поглед на езеро и не се баш угледни.

    Пред некое време баш читав дискусија на онаа групана жени на Фејсбук, едната прашуваше за Охрид, сакала поефтино да помине оваа година на одмор со семејството. Па едната вели нешто во смисла - ааа Охрид ефтино, јас кога седнувам со дечко ми на јадење без 1500 денари за двајца не сме. Добро, каде седнуваш и што порачуваш? Јас на пример, никогаш не сум платила толку за обичен ручек. Жената прашуваше за скромни места каде што можат да поминат едно јадење, а овие ја уплашија со преувеличување.
     
    На sofijanoka, Tanjamm и Mishela им се допаѓа ова.
  14. Ivancencen

    Ivancencen Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Во било кој град ако сакаш екстра услуга, најдобра храна, елитни вина и се со ред ќе платиш поскапо тоа е нормално, а ако сакаш да ручаш на нормално место цените се тие со разлика од 100-200 денари за цела сметка. Не викам дека се малце, ако се собере се за еден одмор од 7 дена да речеме. Ама работата е што со малку повеќе пари може да се отиде на море и затоа ние го „ругаме“ Охрид. Друга работа е што лежалките на плажа во Охрид се како да плаќаш луксуз, иста лежалка на море со пијачка кошта 2-3 евра. Ама секој со својот вкус, желби и можности. Во Охрид за жал, генерално услугата на оние места со „нормални“ цени е лоша затоа што дозволуваат некое глупаво меѓуградско ривалство да излезе на виделина, тоа е катастрофа за туризам. И пак нагласувам не е секаде така, ама ете има такви места. Доволно е два-три пати тоа да ти се случи и да ти се одмили целата околина. Кога одам некаде на одмор не очекувам да ми постелат црвен тепих до масата ама сакам како нормален муштерија кој сопствените пари решил да ги остави таму, од кога ќе седнам барем да ме услужат за некое време, а тоа да не е за 40минути. Никогаш не сум се побунила ако е гужва и ако се чека подолго за пијачката/храната, ама 10 пати да го викам келнерот за да нарачам, а он во меѓувреме да пуши цигара и плус да се однесува некултурно према мене епа тоа не го почитувам ни во Скопје, ни во Охрид, Дојран ни на Малдивите. И многу е болно што живееме во иста држава, а ОНИЕ ДОЛЕ на југ со кои исто имаме некој „спор“ барем во туристичките места не дозволуваат тоа да се осети и 20 години летувам таму ниеднаш не сум се осетила недобредојдена како во Охрид. Ете тоа е проблемот и покрај што ми е поевтина опција, поблиску, попријатна клима,преубав град и се тоа пак ќе одлучам да позајмам ако треба пари ама да отидам некаде во Грција како друга поблиска опција, отколку во Охрид.
     
    На kjukli, duffi, Monna.Monna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Има една интересна работа која сите ја заборавате- туристичките агенции.
    Факт е дека туристичките агенции не се заинтересирани да го промовираат Охрид, зошто не им одговара, сите биле Охрид сите знаат.
    Од друга страна туристичките агенции од Западна Европа прават енормна туристичка кампања за Охрид, бидејќи све е до 5 евра максимум пијачките, шо за нив е премногу ефтино. Плус тоа во Охрид, колку и да се сликаат фискални ово, оно.
    Проблемот е кај сите нас.
    Од Охриѓани, до сите вие останати што ви сметаат цените само во Охрид.
    Па уште читам тука паметњаковци, имало од други градови, ним им било скапо.
    Дечки бе, па за секој град посебно да се прават различни цени. Кога одите во Њу Јорк се собираат советниците на градот и дискутираат за тоа колку треба да се намалат цените за да може Томе од Кратово да си дозволи одмор во Њу Јорк?
    Кој како сака нека ме сфати, ама премногу примитивни размислувања читам на темава.
    Поготово онаа споредба на селца во Грција со град како Охрид.
    Охрид можете во култура и историја да го споредете со Дубровник рецимо,ама споредби со Олимпик Бич? Сериозно?
    Срам ми е што ве читам, поготово што сум сигурна дека пола од вас не се заинтересирале за какви се не знаменитости има во стариот дел на Охрид. Сигурна сум дека повеќе од Св. Наум, заливот на коските, Канео и Плаошник не знаете ништо за Охрид. Колку сте се заинтересирале од вас да влезите во куќата на Робевци, Христо Узунов, Григор Прличев,Уранија,колку сте за заинтересирале за Изида, да ја посетите св. Богородица Перивлепта, Св, Климент, колку сте посетиле изложба, концерт/претстава на Охридско Лето?
    Охрид е прекрасен град, ако знаеш што бараш.
    А дека 3 евра е скапа пијачка, прашајте ја Европа, а ако не ви се свиѓа одете во Европа.
    Да ве известам исто така дека влез во дискотека во Паралија е 10 евра, пијачка испод 8 евра нема.
    Али, тоа е Европа, ние сме Македонија.
    Паралија понуди што?

    И еве за сите напатени души, што не си го цените Македонското и размислувате како туристичките агенции што едвај чекаат да ви земат цели +80% на вашите аражмани во некое Грчко селце.
    Сакате луксуз за 100 денари?
    А, за сите што нагазувате на тиња смештај размислете логично дали е подобро да одберете апартман со посебен тоалет, клима, кујна и 4 кревети за 1300 ден од вечер (цел апартман) или да најдете соба за 350 ден од човек. Проблемот е што не гледате и не отварате интернет огласи.
    Секој што ќе си испланира одмор во Охрид, гарантирам дека може да помине пристојно и во поглед на сместување ефтино, ако знае како се планира одмор, наместо да чека по туристички агенции.

    и запамтете- се што лета не се јаде и се што гледате на телевизија не е точно.
    Поздрав и секое добро млади и не толку умни дами кои се правите светски, а не знаете ни осмина од историјата на град во сопствена држава.
     
    На 1209, jovanovska94, peperutkaa и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Мене посебно ме нервира што во странство за некој музеј што не ги интересира и во кој ќе влезат само ради реда плаќаат по 20 евра, а во Македонија им е скапо 100/200 ден за влез во некоја од знаменитостите.
     
    На sofijanoka и Mishela им се допаѓа ова.
  17. summersunset

    summersunset Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    ma kakva grcija kakva bugarija ohrid li se nemalo .. uzivanje vistinsko
     
  18. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Целосно се согласувам за ова. Никој не се буни ако влези во Катедралата во Прага и остави 10 евра, а се буни за 50 ден влез на Самоилови Тврдини.

    Од такви Европски дами и господа се срамам што сум Македонка.
     
    На sofijanoka, Mishela и Avery им се допаѓа ова.
  19. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.691
    Допаѓања:
    5.464
    Пол:
    Женски
    Ми треба што е можно побрз одговор.

    Се мислам дали да одам на Рудиментал во недела на Немо плажата. Не сум била никогаш на ваков концерт на плажа во Охрид, па ме интересира како е најсоодветно да се облечеш ( фустан, штикли, свежо ли е за џемперче)?
    Што може да се очекува од овој тип концерти ( можеби пијани дечишта, повраќања, тепачки, надувани и сл)?
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.800
    Пол:
    Женски
    Охрид се е океј, се е прекрасно, се е супер, одлично, се освен цените. Многу некако кренати.