Таκви се гоρе долу по цела година. И политиκата на ρаботење на сите им е аκо неκој напρави κонκуρентни цени му доаѓаат со заκана ќе ти ја запалам κафаната. Се е политиκа на мафија ρади!! А поголем дел се газди κои не се воопшто ни охρиѓани.
Облечи си нешто ниско. Ја не би никогаш во животов штикли за на плажа. Јас на пример би облекла старки,кратки пантолончиња,маичка и обавезно ќе носам со мене џеперече.Ама сепак се работи за вкус,ако одиш таму за да играш и убаво да си поминиеш,сигурно на штикли ќе не можеш да се помрднеш. А и шткили не ми е соодветно нешто за на плажа. Инаку носи си обавезно џемперече,ептен е ладно на вечер покрај езеро...
Во ред е тоа што Во право си не дека не. Домашните туристи само се бањаат, ќе одат до центарот, до Свети Наум и толку. Мој колега бил во Црна Гора и таму запознал Црногорец кој е воодушевен од Охрид. Вика кога отвори лап топ, па бисери како се прават, па пастрмки, се посетил. Кога се оди на одмор треба да се истражи што таму има да се види.
Збориме за услуга девојки, да не глумиме лудило сите знаеме кој е односот према домашни, кој е односот према странски туристи. Во грчко селце на море и покрај тоа што од кога знам за себе се влечат „спорови“ никогаш не сум се осетила недобредојдена, за разлика од Охрид кој е град во мојата сопствена држава. Сите сме свесни колку е убав, колку има да понуди, ама не сакам од 7 дена пола и више да се расправам со безобразни келнери, газди на смештај и слично, кои ги има секаде ама од мое ЛИЧНО искуство( лоша среќа можеби) најмногу сум ги сретнала баш во Охрид. Градот има се што треба да има освен туристичка култура и со оглед на тоа што секоја година има се помалку домашни туристи, освен викендаши, можда е време некако да се воведе. Мене ми е гајле колку странците го фалеле Охрид кога добиваат скроз друг однос затоа што домаќините мислат дека така ќе ќарат некој денар поише, за сметка на што уствари се во минус затоа што губат домашни туристи. Не работам цела година за да отидам некаде и некој да биде безобразен за моите пари што ги давам и да ми ствара непотребни нервози, а сама сум свесна дека со финансиите со кои располагам ни можам, ни барам луксуз, туку едноставно нормална културна услуга.
Јас не мислам дека се љубезни со странци. Ги поткраднуваат нив. Ако за мене ноќевање е 400, за нив е 500 денари. Конкретно сум била сведок дека на Србите повеќе им се наплаќа, што не е фер.
Така изгледа тоа зошто реално домицилно население кое живее од туризмот се реално некои може и помалку од 10%. А персоналот кој е во контакт со туристите се некои сезонски вработени за минималец, газдите се 90% неохриѓани, а гостите исто 90% викендаши во свои станови. Гледам по зградиве цела година 5 ста ови полни, летово 50. И тие таквите се жалат од охриѓани, овие од нив и така. Вечна тема.
Затоа јас нагласив дека доколку се заинтересирате сите за Охрид, отворите страни каде што се издаваат прекрасни апартмани за 20-25 евра од вечер (а можете комотно да се сместите 4ца), тогаш не верувам некој да има проблем со пропали сељаци кои чекаат да заработат на понуда-услуга 0. Однапред резервација, можете да најдете на огласи пазар3, реклама5, страните на градот Охрид некако travel2ohrid дали се викаше, не сум сигурна. Значи одете на проверено, смештајот е тој, сликите се тие, локацијата е таа. Ако чекате да стигнете на автобуска и таму да ви нудат смештај не очекувајте ништо повеќе од мизерно. Тие што се прави туристички работници, што имаат цела куќа изградено и е целата апартмани, не седат на автобуска и не чекаат туристи. Охрид е град како Будва и Дубровник, да се разбереме. Има богата историја, има што да се види. Во такви градови едноставно не се доаѓа со броени пари. Ако сакаш да уживаш во градот, да јадиш во ресторани со услуга на ниво, треба малку повеќе да потрошиш. Единствената маана на Охрид се плажите што се одалечени од градот и што нема доволно паркинг места како во градот, така и кај плажите. Но, се друго е за мене прекрасно. Јас верувам повеќето од вас што споредувате со Грција, ниту одите некаде на ексклузивно место, пр. Тасос или Санторини, сигурна сум дека секој ден не јадете цело време во ресторани, туку земате гиро или сулфаки од по 2,50 евра или се опремувате во Лидл со храна. Се е тоа ок и така се поминува ефтино како во Грција, така и во Охрид. Маркети со исти цени како и секаде ги имате и Кам и Рамстор и Тинекс. Сендвичари, гиро има исто така со прикладни цени. Во кафичите цените мислам дека се горе-долу нормални и бидете свесни дека ова не е Неготино или Демир Капија, па вотка да е 50 ден, туку е туристички град. Повторно ќе кажам, туристичките агенции се најмногу виновни за оваа негативна репутација на градов, бидејќи ве крадат за сите пари. Другар уплати во агенција за Афитос за апартман со поглед на море 35 евра од вечер, а доби двокреветна соба со поглед на нивата на газдата. Кога се побунил во агенција, му рекле дека има потпишано договор и не можат да му ги вратат парите. Наредниот пат отиде во сопствена режија преку booking.com си најде прекрасен апартман со вистински поглед на море за 15 евра од вечер каде не доплати ниту за вифи ниту за клима. Се е ствар на доверба, тоа е тоа.
Мене не ми е јасно како воопшто сд нафакате да уплатите некаде каде што нема основни услови за живот. Немало вц,немало пешкир,гезве,клима?? Па вие имате очи пред да уплатите?? И уште 300 ден ви е многу од ден. Во грција јас плакав 2000 ден од вечер за една соба. Колико пара толку музике бре лугенца
А кој рече дека е проблем смештајот во Охрид? Збориме за НЕКУЛТУРАТА што владее кај трговците, не ми ги вади зборовите од контекст. Јас и пишав дека во Охрид за нијанса може и поевтино ќе поминам, ама дека пак би позајмила пари и ќе одам на друго место затоа што не може некој со извинение да ми се КУРЧИ за моите пари. А тебе дали ти се свиѓа Охрид и дали таму ќе го поминеш одморот ме заболе... Овде споделуваме искуства и мислења, ја не те убедувам да идеш у Грција или Турција, така да не знам освен ако немаш некој смештај или си лично од Охрид што па ти има мене да ме убедуваш дека повеќе ми вреди град на езеро од море.
Охрид како Охрид, алчни за пари. Седнуваме во голден петокот порачуваме на келнеров и после 5 мин иди ваљда нешто ко шеф и ни вика еј знајте дека овде се јадит??!!? демек не е кафе шема малце промет ќе имам.
Со ова всушност се потврдува твојата дрскост како турист. Не те убедувам девојче воопшто, само пробувам да ви кажам дека Охрид не е село со плажи туку град со езеро старо преку 6000 години, езеро со подводни населби, град со 365 цркви, стара архитектура, град на културата и писменоста. А, вие овде и општо секаде што гледам единствено што правите е да сликате фискални сметки (кои за разлика од Скопје, барем ги има во Охрид),друга работа потпаѓате под влијание на ефтините маркетинг трикови на туристичките агенции за да плаќате минимум двојно повеќе за туристички аражмани, зошт се плашите сите да одите во своја режија,а во Охрид тие немаат толку ќар бидејќи Македонски турист лесно може да се снајде во своја држава. Никој не ви е крив што имате прекрасен град, а не знаете еден одмор да испланирате зошто се што правите е ложење на фискални сметки и нереални случки,а на никој овде не прашал која плажа е добра, која е ефтина, каде нема лежалки, каде има бесплатни лежалки, каде може да си помине убаво, каде има добри апартмани. Погрешен и смешен пристап. Одете во Грција нека ве ебат во здрав мозок кога ќе ве прашаат од каде сте и да ви прават фаци ако им кажете дека сте од Македонија или да ве убедуваат дека сте од Скопје или уште подобро нека ви кршат коли зошто нели туѓото повеќе вреди (во поглед на услуга, не пробував да споредам езеро-море)
А среќа кога ќе кажам дека сум од Скопје во Охрид добивам насмевка Тоа е целиот муабет ДЕВОЈЧЕ. Од ова всушност се гледа колку не си летувала во Грција кога веруваш на телевизиска пропаганда дека во Грција стварно се кршеле коли... Не бидете наивни. Они се свесни дека од тоа живеат и дека не им е во корист на било кој начин да бркаат туристи и да губат пари,за разлика од односот во Охрид. Мене не ми треба братска гушка и меѓудржавна поддршка, ми треба некој да ме услужи затоа што тоа му е работа и плаќам за тоа. Во Грција/Турција/Бугарија/Црна Гора прво никој не ме прашал од кај сум, второ ако веќе прашаат е чисто колку да сврзат глуп муабет и да те натераат да седнеш/купиш нешто од кај нив. И ако некој не си го цени своето тоа се охриѓани, за убавините на градот нема дискусија, а они знаат баш како да го усерат се тоа со својата „љубезност“.
Баш ќе ми биде мило да не доживееш такво нешто да ти ишараат цела кола со спреј или да ти зборуваат така. Не е од телевизија, на некои пред очи ни е тоа. А, љубезност се добива за љубезни луѓе. Како тоа една обична географска одредница може да биде мерило за љубезност или не на некој човек? Природно доаѓа, вродено им е на охриѓаните тоа, од езерото им е?
Мизерно е колку само го потценуваме она што природата ни го подарила и оној белег што го оставиле годините. Како што напишала девојката погоре, ретко кој турист, а зборувам за домашните туристи од други градови, знае што се може Охрид да понуди. Што знам, може оние од УНЕСКО немале друга опција, па го ставиле на списокот онака, ради реда... Смешно е, а и тотално нелогично да споредувате езеро и море. Ама дека најблиските места кај јужниот ни сосед, вредат и имаат да понудат повеќе од Охрид, еве, со одговорност го пишувам ова, е прилично ретардирана изјава. Сум имала можност да отидам на повеќе туристички места, па ја имам почувствувано разликата. Што се однесува до сместувањето, не знам што очекувате вие, кои велите дека е премногу скапо. За 6 особи, апартман (соодветно опремен, буквално во центарот на Охрид, со поглед на шеталиштето кај бутиците) е 3000 денари, додека стан, исто така за 6 особи е 1800 денари (кај стамбените згради, поточно кај џамијата, значи на 5- 10 минути од центар). А сместување во куќа, пренаменета за туристи е 300 денари, а кога има премногу гужва, е тогаш е 350. Да не глумиме лудило, и вие да сте "угостителите" ќе сакате некој денар повеќе, а туристите бидејќи мора некаде да спијат, ќе ја прифатат и повисоката цена. Понатаму, оние кои велат дека јадењето е скапо, и пијачките на плажа, еве јас тврдам дека цените се сосема во ред. На Градиште, еспресо е 50, ладно макијато е 80, пиво 100, лежалка со кафе е 150, а за јадење, на првата плажа, околу 150 денари сендвичи и 200 она топеното сирење (кој јадел знае за што зборувам). На Голден Бич Парк, кафето и пивото се иста цена, коктели 200- 300, а клуб- сендвич е 150. Во стариот дел на Охрид, во рестораните, со поглед на езеро, јадењето е со исти цени како во Скопје. Многумина одат на картата дека се во своја земја и би требало да поминат одмор со минимален буџет, буквално со броени пари. Ама затоа пак, не е проблем кај соседите да потрошите еден куп пари, за некакво си селце со една плажа и една улица за шетање. Охрид е туристичко место, град кој има што да понуди, од знаменитости, историја, цркви и манастири, плажи, кафиќи, дискотеки, и многу настани за речиси сечиј вкус. Штом доаѓаат туристи, можам слободно да кажам, од целиот свет, и неретко се враќаат, со само позитивни искуства и фасцинираност од она што го виделе, значи дека проблемот е вас и вашите нереални очекувања и вредности.
Абе полесно е Грчка пијачките се по 2-3 евра, јадењето такоџе, коктелите по 9 евриќи, лежалките по 3-5 евра. Поефтино е. Калитеа во Pearl за да имаш маса треба да резервираш со флаша од 100 евра, плус влезот 15 евра. Aбе ефтино е кога ви велам.