Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Охрид

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од lovely91, 2 јуни 2011.

  1. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Последниве години одам на одмор во Грција, меѓутоа еден викенд во летото поминувам и во Охрид. Летово бев 4 дена во Пештани. Во Грција никогаш сме немале проблеми со домашното население. Напротив. Многу се љубезни, дури и стекнав некои пријателства со газдите од апартманите каде што сме биле сместени. Не велам дека никој немал проблем. И од нив има болни националисти, меѓутоа тие повеќе се исклучок отколку правило. Оние што никогаш не биле во Грција и следат сител, канал 5 имаат целосно искривена и нереална слика. Ако некој е третиран лошо во некое место, будала ли е да се врати пак? А знаеме дека 90% од Македонците летуваат во Грција, значи се задоволни. Нека се лутат охриѓани колку што сакаат, ама на грците на мало прсте не можат да им се фатат во туристичка култура. Да, таму повеќе се села, но тие и од село се спсобни да направат атракција, а вие таков историски град како Охгрид го доведовте на раб. Свесни сме дека од 3,4 месеци, луѓе има првите 2 недели на август и тоа е тоа.
    Агенциите не можат да прават пропаганда против Охрид, затоа што ене кај. Секој бил и видел.
    И ние лани на СВ Наум плативме 120 денари за шише вода. Зет ми си порача помфрит, и келнорет ни едно ни две: Не ти е срам толкав вол си пораснал компирчиња да јадеш, како децана мали? (facepalm)
    Ајде ви се молам. Лутете се колку сакате, што не ве бива не ве бива. Паднавте до тоа дереџе и реклами да ви прават за да се свеснете.
    И да кога би бирала меѓу Охрид со грч вода и никаква култура и море со висока туристичка свест, сигурно би на море. Па макар било и село.
     
    Последна измена: 7 август 2015
    На Edie.S, kjukli, Eli23 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.077
    Допаѓања:
    12.825
    Кои Сител и Канал 5? Кој гледа такви глупости освен пензионери, а и не верувам дека водат кампања против Грција. Што фајде од тоа? Сите викате ефтино во Грција и исти пари ќе дадете и за Охрид и за Грција. Тоа не е точно. Да, охриѓани имаат некои пропусти, ама јас на кеј лани кафе пиев за 60 денари и јадев сладолед топка за 30 денари. Па во мојот град е толку. Има скапи места, но има и места со нормални цени. Сите се фалите со Грција, ама таму јадете и пиете тоа што од дома ќе го понесете. Другарка ми уште ги жали 35 евра што ги дала за вечера во Грција. Седнале и кога ги виделе цените срам им било да станат. Во ресторан Тололо во Пештани( не знам дали уште постои и работи) 5 вечери изглегувавме, вечеравме и беше ефтино. Не пијам алкохол и ме фаќаше околу 200 денари. Лошо стоите со математика кога велите " за исти пари".
     
  3. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Јас не реков за исти пари. Спремна сум и да си платам нешто плус ама да ја добијам услугата како што треба. Јас во мојот пост исклучително се задржав за културата. Имам неколку лоши искуства што ме одвраќаат од Охрид. А за тоа дали некој се храни по ресторанти или со патлиџани што си ги понел од дома не е битно. Секој си има различна дефиниција за одморот. Некој акцент става на храната, друг ќе се храни поскромно ама сака да си прошета и да запознае нови места. Инаку јас сум била преку ЈК травел во Паралија, 8 дена и пат за смешни 70тина евра. И тоа беше скорз пристојно сместување. Кога веќе збориме за цените.
    А дека Сител и Канал5 водат хајка против Грција, водат. 3 години по ред ги даваат истите исчкртани автомобили и ги прикажуваат како нови случаи.
     
    На kjukli, referentka, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    @Luna91 не знам како успеа толку многу муабет да направиш со газдите, па и да склопиш пријателство, кога тие само ти го предаваат клучот, а потоа ти го оставаш, па чистачката го превзема апартманот.
    Што се однесува до рестораните, вработените се срби, македонци, шпанци, ама јас не сретнав келнер- грк.

    Сум ручала и во ресторанот што е горе кај манастирот, со поглед над езеро, и во ресторанот доле, келнерите беа крајно љубезни и услужливи. Мене ми е несфатливо некој да се однесува така, особено кога знае дека постои шанса да му оставиш добар бакшиш ако услугата е на ниво, бидејќи правиме муабет за релативно скапо место, каде не плаќаш само храна, туки и поглед, атмосфера...
    Не го пријавивте таквото однесување на менаџерот?
     
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.809
    Допаѓања:
    325.391
    Пол:
    Женски
    Што вечераше толку јако за 200 ден баш ме занима?
    Другаркати сама дала 35 евра за вечера или комплет друштво?Ако вели сама тогаш лаже.
    Ние исто на Халкидики плакавме четворица 40 евра за вечера и тоа за 6 пијачки,грчка салата,и 4 огромни порции со месо,сосови,прилог и помфрит.Да не можеш да го изедеш целото од што беа големи порциите.
    Со две мали деца бев па од дома ништо не понесов хранa. Овошје,каши..се од таму купувавме.
    За 6 евра имавме 2 лежалки,2 пијачки и чадор.

    Секој со своите стандарди и очекувања крај краева ;)
     
    На kjukli, ♡BuBaLe♡, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
    Дека во Охрид имало туристи само првата недела од август (facepalm) Може само станари во свои станови од низ македонијава наеднаш доаѓаат на турата концерти од Чолиќ па до Цеца.. и им се фаќа таман и продолжениот викенд па се гужва градот најмногу тогаш, а оние вистински туристи, странците, кои се сместуваат во хотели се тука од велигден па до октомври и се со намена за црковен и културен туризам.
     
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Вие драги македонци(намерно со мала м) научени сте да мрчите без да размислите малку, чекај вака и вака.
    Let me tell you about Skopje. Од кога живеам таму, што сум доживеала.
    На кеј, за две мали пици од кои кватро формаџи беше со кромид и туна, а фрути ди маре со пиперки,кромид и домати и две вина траминец малечки плативме 900 ден. Фискална? I don't think so. Плус што чекавме едно половина час да нарачаме, уште еден час да ги донесат и 15 мин се бркавме со келнерот за сметка да ни донеси.
    Во исто толку елитен кафич во Сити Мол, чекавме цели 45 мин да нарачаме и сум пиела кратко еспресо од 80 ден, кое кога ми го донесоја беше веќе спаднат кајмакот горе, а такво нешто не смеат да си дозволат во апсолутно никој кафич, дали било Охрид, Скопје, Берово, Пехчево, Струмица, Битола.. кај било.
    Во стара скопска кафана на Максим Горки сум јадела студен камен пилешки стек, не знам дали директно од замрзнувач на скара го ставија без никаков прилог и голема грчка салата која беше ставена во чиниче какво што ги редиме салатите за слави и имендени дома. За два пилешки стека и една салата и два сока плативме преку 900 ден.
    На боемска улица во уште полупразна кафана седнуваме со дечко ми да ручаме. Чекаме, чекаме, за после 10 мин да дојди келнер и да ни речи извенете масава е резервирана, а за двајца повеќе маси немаме. Нагласувам, во полупразна кафана.
    Во исто толку самопрогласен елитен клуб сум платила влез 150 денари, наводно со консумација, која шанкерот подоцна ми ја искина пред очи дека не важи и сум пиела џин-тоник од 190 денари.
    Во исто така елитен кафич на Ленинова сум пиела виски во висока чаша и целото со мраз за кое ако нормална цена секаде е од 150-180 ден, таму беше 240.
    Сум пиела и цеден сок од портокал во кој ни п од портокал немаше туку сок и мраз цел сок као демек помалку да се сети дека не е исцеден сокот.
    СУм платила такси од Рамстор до Беверли 150 денари.
    Надалеку прочуеното кафе во Парк еден дечко ми се развика зошто за две кафиња му дадов 500 ден, а ништо немав поситно и не ми ги даде кафињата.
    Исто така во познатата сендвичара колективно тровање добивме еден ден, за хамбургери од 140-150 денари.
    Во Бисер сред зима сум јадела замрзнати домати и краставици.
    Во позната продавница морав да се расправам со продавачката која за еден лимон ми наплати 80 денари на сметка и пробував упорно да и објаснам дека 75 грама е 0,075, а не 0,75.
    Се случувало таксисти да не ме возат на релации околу центар, а некогаш пример ми требало итно.

    И така охриѓани се со тиња услуга.
     
    На 1209, Annath, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.077
    Допаѓања:
    12.825
    Тоа беше пред неколку години, пред 3-4 години и во ресторанот порција стек со гранир беше 120, шарска 140, увијачи исто тука некаде, значи се беше по пристојна цена, слати по 100, и пијачките сокови по 60 денари. Јас алкохол не пијам, и така да подели сумата од слатата и пијачката и стекот да речеме плаќам по 200, а другите што пијат по 3 шишиња вино поскапо ги фаќаше. Плус имаше жива свирка. Другаркава за себе платила 35 евра, а со дечко и заедно 70 евра. А ти што сакаш да кажеш дека 35 евра се многу за вечера во Грција, а 200-300 денари е прескапо во Охрид. Можеш и во ресторан во Охрид да вечераш за пристојна цена, зависи што ќе нарачуваш. Вели секој со свои средства и можности. Ако сум пошла без пари во Охрид, ќе јадам каде што сум сместена, во ресторан нема ни да седнувам. А бидејќи беше ефтино секоја вечер одевме во ресторанот, имаше и жива музика. Да го пиеш несот во чаршија во Охрид за 60 денари скапо ли е?Па во мојот град е толку, а накаде и 70 дури го наплаќаат.
     
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Леле уште ли напнувате со споредбата со цените во Охрид и Грција.:rofl:

    Дека е поевтино во Охрид е факт, прво е трошокот за зелен картон, друго за 30 евра во Грција добивам сосема просечно студио и тоа ако имам среќа да најдам за 30 вообичаено е 40-45 евра, а во Охрид за 30 евра добивам луксузно студио со поглед на езеро. Друго цените за ресторанти и пијачки се тука некаде со Скопје, на некои места и поевтини, а во Грција се поскапи. Ако за вечера за 2 ца ни требаат 1000 во Охрид во Грција ни требаат минумум 2000 денари. Лежалките веќе и во Грција почнаа да ги наплаќаат така да тука се со цените, а кафето секако дека е поевтино во Охрид. Пример коктел ти е 250 денари а во Грција е 500, така да цените не се исти во никој случај.

    Но од друга страна имаш море наспорти езеро. Така да мојот избор е да платам поскапо ама да одам на море оти солена вода си е солена вода... А Охрид секогаш е совршен за викенд дестинација.
     
    Последна измена: 8 август 2015
    На Annath, Mishela и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Леле кога ќе се излетате со глупи птретпоставки...(facepalm)
    Ти ако не си успеала да зборнеш со газдите, не значи дека и кај другите била иста ситуација. Ако сакаш целосно разглобување на ситуација за ти биде јасно како е можно тоа чудо, повели хаха.
    Бевме заедно со една пријателка која е мажена за Грк и која беше блиска со газдите. Така кога ги викаа нив на кафе не викаа и нас. Неколку пати заедно излеговме, смеење дружба и ден денеска знаеме нешто да си чкртнеме на фб. Ако сакаш ќе ти дадам и нивни број, фб што и да е за да ти потврдат. Нели могу битно ти е во животот штом се фати за тоа. Е стварно некогаш многу знаете да ја тупите.
    Ни крив ни должен ќе искочи дека некој лаже.
     
  11. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
    Абе дека секаде по правило има исклучоци разбирливо е. И ние кога бецме во Грција во вилата каде бевме сместени на приземјето самите газди имаа продавница каде секој ден купувавме нешто и се спријателивме. Моите кумови се грци со кои моите се спријателиле од летување кај нив. Е сега и во Охрид да се сместена кај газда кој е пријател со на другарка ти сопругот сигурно ќе го викаат друштвото на кафе, нормално, па ако се пештанци може и ќе ви речат а да спржневме и рипче ;)
     
    На Annath и Luna91 им се допаѓа ова.
  12. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Така е. Тоа го потенцирав само за да доловам дека не се однесуваат Грците со нас како со непријатели. Има и такви сигурно, но јас не сум дошла во контакт со нив сеуште. А за зачуденоста како е можно да комуницираш со газдите, немам коментар. Како од белата куќа да се, па не можеш да дојдеш во контакт со нив :lol:.
     
  13. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
    Ептем ја забегавме темата во две крајности, грците и охриѓаните :) Секако, секаде во светот оние кои се угостители или како домицилно население имаат директно учество ( читај финансиска добивка) од туристите ја истакнат својата деловна култура, а оние кои како домашно население само се чувствуваат узурпирани од гужвите и ради туристите кркаат повисоки цени ќе се однесуваат така. И во Охрид сум гледала гребени скопски коли, и изграфиран грчки автобус имало баш овде, и мене во грција ми се случило да си запраам муабет на англиски со грци и кога дошла темата од каде сум да пдмс инстант го менале изразот и аааа, скопја, скопја... И пак најважно од се, газди на туристичките објекти во градов, како и поголем број вработени се неохриѓани, тоа е факт! Охриѓани се тие кои ве пцујат зш сте им ја фатиле сенката за паркинг или сте им паркирале пред куќа хехехех. Ама не сме сите такви, навистина ;)
     
  14. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Како прво, да се разбереме, јас "не ја тупам", само коментирам на она што го имам прочитано. Ако умееш да одговориш културно како што јас те прашав, повели, во спротивно не ми упатувај такви изрази.

    @Luna91 требаше да појасниш дека станува збор за пријатели, а не обична релација турист- угостител.

    Не ми оговори на прашањето околу односот на келнерот, направивте нешто, или остана на тоа?
     
  15. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Јас само искоментирав на глупоста што ја прочитав. И ти во иднина ако имаш нешто паметно да искоментираш искоментирај, а не да се фаќаш за најнебитната работа во мојот пост. И не ми биле тие мене пријатели, прв пат у живот ги гледав луѓето.
    На прашањето намерно не ти одговорив затоа што не чуствувам обврска да ти одговорам. Твое е да прашаш, мое е да ти одговорам ако сакам. А не сакам. Тема е дека немаат култура, а не дали сум се жалела.
     
  16. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    @Luna91 начинот на кој мене ми одговори, зборува многу и за твојата култура. А ти си се фатила за нечија туѓа. Не мислиш дека е малку иронично?

    И онака излеговме надвор од темата, па модераторот нека ги избрише таквите мислења.
     
  17. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Секој добива онаков однос каков си заслужува, тоа ми е правило. Мешаш два вида култура, лична и туристичка. Амам нема веза.И не се сложувам со тебе дека се однесував некултурно (никаде не употребив пцовка, вулгризми и сл) туку арогантно.
    И нека се избришат да...
     
  18. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    @Luna91, јас, употребата на зборот "тупам" го вбројувам во некултурно обраќање и однесување.
    Ароганцијата за мене е надменост, а не може да бидеш над некого, доколку не ги селектираш зборовите кога се обраќаш.

    Толку од мене во оваа "дискусија" со тебе. Пријатно.
     
  19. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Ако е така и ти беше некултурна кога напаѓаш некој и даваш претпоставки како тоа што го пишал не може да биде вистина. Индирекно ме нарече лажга. Да нападнете друг е ок, а кога ви се враќа со иста мера плачете и се правиите жртви. Ајт создравје.
     
  20. neongirl07

    neongirl07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2015
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    346
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто толку дискусии за цените во Охрид. Свесна сум дека можеби се повеќе од нормалното, но тоа не значи дека се преценуваат Охриѓани, туку го ценат тоа што го имаат. Едноставно им се може, со оглед на тоа што е едно од најубавите и најпосетуваните туристички места во Македонија. Се знаело отсекогаш какви биле цените, а ако некому не му се свиѓаат, зошто упорно оди во Охрид и потоа шири негативни коментари? И што е со коментарите дека цените треба да бидат пониски само поради тоа што во Струга или Дојран било поевтино? Епа драги мои, ставете ги на кантар поволностите што ви ги нудат Струга и Дојран, а од друга страна ставете ги Охридските, па ќе ви стане јасно. Ништо Охридско во мене немам, само зборувам од се срце, онака како што мислам дека е, иако знам дека некој не би се сложил со моето мислење.
     
    На Annath, happygirl, ♡BuBaLe♡ и 2 други им се допаѓа ова.