1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Охрид

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од lovely91, 2 јуни 2011.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    А каде прочита дека на нас што не ни се допаѓа дека ќе одиме? Кажувам мое мислење, немораше општо познатата охридска да ми ја кажеш, излишна е.
     
  2. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Сите си имаат земано дело! Неможе да порачува вода и да кажува што како да е, ако толку не и чини фино лепо нека си купи флаширана, а не со 150 денари ( дали и толку има оставено) да глуми лудило и да лечи комплекси. А тоа што велиш за газдите е стварно претеризам ако веќе се решиле за издаваат барем да бидат пољубезни и покултурни и за тие пари нека средат барем основните потреби да си ги задоволиш. Знам многу примери каде што издаваат соби во кои тие преку цела година си живеат, а за налето цело семејство ќе си се сместат во една соба или во шупа во дворот и сите други ги издаваат и по цел ден и цела ноќ дежураат што правите, дали некој ви доаѓа, гости никако несмеат ни до врата да ви дојдат |( Затоа најубаво кога ќе бараш смештај барем гледај од газдите што е можно подалеку! Пред незнам колку години одиме со дечко ми во Охрид и како и пообичај нели како што стојат на автобуска и нудат соби и се подлажавеме ни нудат стан кај ординација Сонце и викаме ајде. Одиме и типчево по патот ни вели ама и јас престојувам во тој стан ама ретко сум дома, по некое време ама станот е на тетка ми и она е таму и накрај одиме и има што да видиме соба метар на метар, во станот живеат тој, мајка му и тетка му и со нив да делиме дневна и WC :tmi: не фала чао пријатно и си отидовме си најдовме гарсоњера и тоа спроти општината за 600 денари за двајцата од вечер газдата само првиот и последнот ден го видовме човекот беше ептен фин. А за тексистите е за нив книга можам да издадам од автобуска до Охридати преку годината е 60 или 70 денари, а налето 120 па тие се луди :x и какви дрски ги има тешко им е да ти помогнат со куферот да го ставиш во колата абе без осет се!
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Да самата газдарица ни кажа дека собата во која престојувавме била детска соба на ќерките нејзини, кои беа сместени додека ние бевме таму во гаражата! Имаше во собата еден орман, залепен со салотејп, таму им стоеле нивни работи да не сме фаќале, а ние алиштата да си ги сместиме на едни полици кои немаа ниту врата :o Немавме ни кујна, едно плинско ни оставија и тоа го делевме со останатите 2 пара станари, исто како и фрижидерот кој стоеше во ходникот! Ужас! Ни имаше речено последниот ден во 9 и 30 да ја напуштиме собата за да си бара нови станари, така и беше, чекавме во дворот да ни дојде превозот зашто требаше од пред куќа да не соберат, оваа само се врткаше газдарица околу нас и се препираше дека од нас неможела работа да си потера. Налет тоа, узбуна крена за еден касетофон што јас го тргнав за да имам штекер да си го полнам телефонот, каде и бил касетофонот на неа и како сум смеела да го преместам! Толку се изнервирав, што додека беше внатре она, станав, торбицата на рамо и си отидов без да се поздравам! Си седнав на улицата, еве ти ја по некое време поминува и се жали како сме биле крајно нељубезни иако они ни направиле услуги ( :^) ) Мислам дека толку никогаш се немам накострешено до степен да ја испцујам и да и посакам по пат да ја акне некоја кола!
    И тврдам дека Струга е поефтина и поубава опција за одмор ! Барем и плажите се блиску, а не да платиш 200 денари до таму незнам Славија или која год и да беше!
     
    На eutixismena, Stam, SunFlower94 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Добро, вие па одма ама се навредивте, впрочем секој град и секое место во Македонија си носи некаква генерализација со себе, во Штип ги имаме евреите, во Струмица змијарите :D , во Тетово цициите, итн, мене никогаш не ме тангирало што последниот град набројан тука е етикетиран така, па ми го вреџаат потеклото :D , баш ми е гајле, јас сум си исклучок од правилото, ама правилото навистина е тоа.

    А правилото во Охрид е дека преовладуваат несрдечни, негостопримливи и неуслужни угостители.
    Кој сака нека кажува тука фантазии, не паднало од блази Бога, немаат абер од туризам и тоа е тоа.
    Има исклучоци, нормално, каде ги нема, зборуваме за поголемата маса, а поголемата е токму таква.

    Втора работа, цените за таа услуга и квалитет им се смешка.
    Можеби на некој британец, скандинавец или германец му одговараат тие цени, мене не.
    Молим лепо, си имаме 3 моренца во близина ќе си одберам едно и ќе истерам одмор на море, едно 10 пати подобро, а цената е тука горе-долу, ако не ме фати дури и поевтино.

    И трето, откако си прошетав низ различни држави и прекрасни места, без грам грижа на совест можам да кажам дека Охрид е преценет.
    Ти немаш поим Охрид наш колку е убав.
    - Не, јас имам поим колку само поубави, прекрасни места има таму надвор.

    Ич не ме интересира дали ќе сум етикетирана како некоја која го цени повеќе туѓото отколку своето, моето мислење е тоа, Охрид како град никогаш не ме бендисувал и за мене е последното место каде би летувала. Море и воопшто го немам на списокот.
    Лани отидов инцидентно после 7 години неодење и зажалив. Требаше десет дена, останав 7, доволно кажува.
    Зошто инаку некој би сакал да си го скрати одморот?

    едит / сега видов Офи пишала за Струга , предлагам под итно да се отвори тема и да си ги искажам сите убави зборови за овој град. По можност стружанка да е креатор на темата, благодарам. ;)
     
    На SunFlower94, crazylady, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Затоа Офи и Тренди да ми дојте летово во Струга, јака тројка ке бидеме. :D 8)
    Јас 4 години учев средно во Охрид, и можам комотно да кажам дека луѓето вооптшо не ми се допаѓаат, крути се, дрски, неуслужливи... и ебате со опроштење ама во тие 4 години едно убо машко не видов.
    |(
    Шала на страна, на лето изгор, додека да отидеш на една плажа да ти се стемни и не знам колку пари ке се изнададеш... дома , си земам пешкирот на рамо, зградата ми е пред плажата, си одам се капам за без пари, ма каква лежалка јас сум ти олд скул, на песок си спружам и уживанција. плажите на 5 мин се, цените си остануваат исти како и цела година....милина.
    Од друга страна, ги поминав најубавите години таму, средно. Ме врзуваат убави спомени, али општо како град дискутирам и за луѓето. Секоја чест на исклучоците, али ретко ги има.
     
    На Offspring и Trendafilka им се допаѓа ова.
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Па и не одиме, уствари само се коментира Охрид. :x Има и негативни страни, немојте да ми речете дека нема.

    Годинава кога се договаравме за одмор, помеѓу опција море и Охрид избравме море, едногласно. Пропадна планот со другарките, една полагала за кола, друга ќе одела со нејзините итн итн. Ајде, нека не биде на море, беше последна опција 5-6 дена во Охрид. Ма по 15мин разговор заклучивме дека најпаметно е да не одиме воопшто неголи во Охрид да одиме. Да спомнувам ли дека одбрав да одам со моите на одмор ?? 7 факинг дена со сестриштето мое ?? Уф, се гледа од ова моето искуство од Охрид. :fubar:

    Сега знам ќе речете битно е друштвото, не е битно местото, ама кога ги направивме пресметките и калкулациите, побитни ми испаднаа парите. Плус плажите се далеку, дискотеки скапи, такси скапо, јадење скапо... Епа јеботе не сме Рокфелери во нашава мила, мала, напатена Македонија. За тоа што се нуди тие цени се премногу.

    Последен пат бев пред 5 години и си дојдовме на петтиот од десет дена. |(

    СЕПАК, да не се навредат охриѓани, не викам дека сите не чинат или дека сите чинат. Секаде си има некој кој печали на маката на народот, односно, додека има овци ќе има и кој да ги стриже. ;)
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.097
    Допаѓања:
    56.327
    Пол:
    Женски
    Е сега ова е клише што ќе ви го речам, ама и за нас граѓаните цените се исти, преку цела година и тоа :|
    (освен тие за сместување де :D)

    Друго, за таксито - има диви таксисти, и таксисти што возат во компании. Дивите таксисти возат поскапо и обично ја кажуваат цената пред да влезете. Ако ви одговара, ќе влезете, ако не, ќе барате такси од компанија - истото го правиме и ние што живееме тука, немој да мислите дека за нас возат поефтино :)
    Има студенти што возат такси и со тоа имаат пари преку цела година и плус си ги плаќаат студиите, има и фамилијарни луѓе што само летото го имаат за да излезат на крај. Затоа никогаш не би се расправала со некој што ми бара "градска" 100 денари (си кажуваат однапред, немој да ме убедувате дека не) - ако ми одговара ќе си влезам, ако не ќе барам друг таксист, толку е едноставно. Само да ве предупредам дека поскапеа и обичните такси, па сега е скапо во кое и да влезиш. Охрид е мал град впрочем, и повеќе ќе си пешачиме - не прифаќам бунење за скапотија затоа што мене истата ме мава по џеб преку цела година.

    Ако сте се сместиле во куќа со газди, нормално е да очекувате дека ќе бараат мир во некое време од ноќта и нема да ве остават да лумпувате до сабајле. Затоа барајте друго сместување ако не го сакате тоа. Офспринг, ти се погодила газдарица змија :D
    ... ама да не почнам јас да кажувам какви туристи ми одземале мене сон по цело лето :!:
    Така што - обострано е, колку што има лоши газди, има и лоши искуства од туристи, затоа не сакам генерализирања.

    Еј, па и јас не си го сакам градот многу, ама за ова мислам дека не ги гледате сите аспекти.
    И мене ме нервираат мршојадците на автобуска, за тоа морам да се изјаснам :swear:
    ... ама има работи кои би ги разбрале само доколку бевте на наше место.
    И не мразам Скопјани побогу, не ни познавам некој што мрази - секогаш само на шега се спомнува таа "омраза".
     
    На DeRose, L-enna, Theodora и 5 други им се допаѓа ова.
  8. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.257

    Самите охриѓанки ги кажавме кои се мааните од градот, никој не го величеше. Секој си го знае џебот и вкусот и секој има право на свое мислење ;)
     
  9. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    21.649
    Пол:
    Женски
    Ај да ве прашам нешто, Охриѓанки. :) Со дечко ми планираме да дојдеме во Ох околу 25ти јули, да одмориме 10тина дена. Како се движат цените за смештај? Некоја од вас издава ли соби? Не мора да е во градот, во центарот..И да, во Пештани како е? Можно е и таму да одиме. :)
     
    На Tinna2 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Море мрчење што удривте на темава :D

    Не сум охриѓанка, ниту сум заљубена во охриѓанец, ниту пак ми дува бебешка пудра у г’зов некој од Охрид, да не мислите дека имам некоја субјективна причина да тргнам во одбрана на честа на Лихнидос :)
    Ама не ве разбирам стварно. Значи од старт - ако сте незадоволни со смештајот, фала, чао пријатно, не ми одговара и си одам. Јас не разбирам кој седи со сила некаде каде што очигледно не е задоволен за таа цена што му се нуди.
    Па во билокој хотел кога ќе отидете, ако не сте задоволни со собата, на рецепција кажувате и ви даваат друга соба, тоа е стандард секаде во светот, зарем Охрид е исклучок? Нема потреба од генерализирање според мене, затоа што реално постојат апартмани во Охрид и за 5 - 10 евра за ноќ, во центарот на градот каде што:
    а) е чисто, пристојно и удобно
    б) имате приватност
    в) никој не ви мрчи за ништо
    И тоа е факт. Јас последен пат добив цел поткровен апартман за 10 евра и тоа само од причина што бев дојдена на 2 дена, да бев подолго истиот огромен кревет ќе го добиев за 5 евра.
    Така да Офспринг најискрено - си требало да си заминеш. За такви услови јас не знам како си издржала таму.
    Второ, одмор за 50 денари никој не ви нуди. За 50ина денари - дома во легенче.

    Дека може да се истера поквалитетен одмор во странство за истите пари како во Охрид може - неоспорен факт е тоа, ама кој што сака, нели. А искрено не верувам дека некој оди на Истра, на пример, со последните 100 евра и си вели - уф ама ми е поевтино тука. Каков одмор е тоа?! Секогаш се оди со резерва на пари, барем јас сум таква - немам резерва на пари, не одам. Ама ако ги потрошам сите кои сум ги земала со себе на одмор, нема да мрчам, одмор е. Сум дошла да се одморам а не да се замарам со тоа што ќе бројам центи по џебовите.
    Да де, и Ровињ ми е топ, ама за вечера си плаќам таму 50 евра :) И Тајланд е евтин, преевтин, рајски, ама авионската карта чини околу илјада евра од Виена. И во Грчка ми е ок, ама последен пат Јорго ми го наплати суфлакито 50ина евра па го пцуев после :)
    Али темава е за Охрид и излишно е да се споредува затоа што секогаш ќе најдеме нешто подобро и поубаво. Плус за викенд мене лично ми е ок да појдам до Охрид. Ама тоа сум јас, а кој не сака - не оди, исто како што јас не стапнувам во неименувани градови во Македонија од причини познати само на мене, па не можам да генерализирам за цели градови сепак.

    И да се повторам, да беше толку шугав градот, веројатно немаше да се полни со туристи секоја година, и тоа туристи кои се враќаат повторно и повторно. Зборувам за туристи од странство кои се воодушевени од градот. Ама изгледа не разбираат што им вика типот од автобуска кога се дере - НЕМАТ! :D

    Абе шо да ви правам кога немате станче во Охрид или по некоја другарка да ве смести за џабе :D
     
    На DeRose, Monicaa, maca78 и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Вистина е дека во Охрид има такви луѓе кои обожаваат да се изживуваат со луѓето и за апсурдни цени да нудат стан во кои ни животно не би пуштила да престојува а не па човек, ама има и станови и сместувања од кои слободно може да ти падне вилицата од што се убави. А Охрид има премногу убавини, за тој што знае да го шета. Ако некој очекува да отиде таму заради ноќен живот каков што има да речеме во Бугарија или на островите во Грција, тогаш ќе се разочара, затоа што ноќниот живот е ист како и во сите други градови. Јас не одам за ноќен живот, одам за да се прошетам на Канео, на Самуиловата тврдина, куќата на Робевци, едноставно да се одморам.

    Охрид не е совршен, за тие што бараат совршенство, далеку е од совршен, но далеку е и од грд и лош град. Луѓето се исти низ целиот свет, газдите на становите исто и на Куба може да се најде некој идиот како газдарицата од Офспринг. Фала Богу не се сите газди насекаде низ светот нозе да им миеш, сега нормално има фини, ама има и идиоти. Ако некој град има богата историја и култура тогаш тоа е Охрид :!:

    Да ми речете Градиште не чини, тогаш ќе се согласам 100% со вас, затоа што јас во Градиште уште еднаш пари да ми даваат не одам. Е таму нивото на хигиена и услов за престојување еден пристоен одмор нема, ама Охрид може и тоа како убаво сместување да се најде. Затоа ќе си бараш уште порано, а не на сам ден кога ќе појдеш таму и стан ти нудат луѓе кои не можат да ги издадат становите затоа што внатре глувци се шетаат.

    Вистина е дека за истите пари Грција на море ќе си појдеш, и ќе најдеш поубави станови и сето тоа, но Охрид не е воопшто лош. Впроочем, за условиве што ги имаме, Охрид е одличен.
     
    На lovely91, crazylady, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Не дека е мој, но Охрид е прекрасен. Се разбира, ги признавам сите недостатоци и пропусти, но факт е дека постојано се работи и за разлика од порано направен е голем напредок во изгледот и уредувањето на градот, понудата на сместување, настани и забава.

    Ако добро се заинтересираш можеш да најдеш солидно сместување со пристапни цени. Скоро сите издавачи сега се огласуваат на интернет, можеш да си видиш и локација, и како е опремена собата, и цена.
    Сум била во скоро сите соседни земји, сместувањето навистина е приближно таа цена, но што е со останатите работи? 1 евро топка сладолед? 3 евра пециво? 2 евра кафе? Некако ми се чини дека во странство овие цени ви се прифатливи, но да ви рече некој во охрид 1 евро( 60 ден! ) за топка сладолед, ќе платите???
    Од друга страна не може да се споредуваат цените во охрид со цените во другите градови од македонија, сепак е туристичко место мора да има некоја разлика.

    Признавам дека доста од луѓето кои се занимаваат со угостителство имаат лош однос кон туристите, но не може да се формира слика само од едно такво искуство, или пак само да се потенцираат лошите впечатоци, а да се забораваат сите позитивни и убави работи.

    Ме нервира што во последно време што и да се случи лошо во Охрид се преовеличува од страна на медиумите, или пак и нешто убаво се случи се нешто ќе се најде што не чинело. Ама ајде, таква држава сме, сами себе не се сакаме и не се поддржуваме, самите си создаваме лош и одбивен углед на градот.

    Право на избор е дали некој ќе дојде или не, дали на некој му се допаѓа Охрид или не. Само ме нервира што некои луѓе се фаќаат за ситници и ги величат соседните земји , со сите нивни недостатоци, а своето го отфрлаат :worried:
     
    На DeRose, maca78, Nine25 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Ме интересира колку чини кревет во Охрид оваа сезона,конкретно,за крајов на месецов(што е шпиц на сезона),и само за 1 викенд?? :?: Повеке луге сме,и би не интересирал стан или апартман. фала ви однапред на било каква инф..ПС.може инф и во лп,за да не бидеме офф топик и да не не караат :)
     
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Не знам дали е дозволено (ако не е модераторите нека ми го избришат постов), ама ќе ви постирам една страна. Некои може ја знаете веќе.
    Тука голем број луѓе од Охрид ги имаат објавено објектите што ги издаваат и + со слики:
     
    На Bright и Rubiii им се допаѓа ова.
  15. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.536
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    Охрид, градот кој што има почесно место во моето срце.Имам израснато во него, го знам секое катче, секоја уличка, секој месец одев додуша во посета кај баба ми но и сега кога ја нема, нема месец а да не го посетам.Го обожавам градов, ме исполнува со енергија.Го сакам најмногу во септември, мај и јуни, кога е мирен а сепак прекрасен.Сакам кога седам на некоја од блиските плажи навечер, сакам кога одам накај Канео или Самоилова трврдина, иако по кој знае кој пат и повторно ги доживувам толку магично како и првиот пат, сакам да прошетам по чаршија и да ги гледам интересните рачно изработени накити, па дури ги сакам оние со змиите :D Ги сакам и плажите, не сите се средени но за нашава Македонија се со добри стандарди, го сакам Пештани,Трпејца и поодалечените плажи, ги сакам Охриѓани, иако знаат да бидат негостопримливи, има и фини луѓе.Напишав цел реферат фалејќи го Охрид, но да факт е дека има и негативни страни кои што се надевам со тек на времето ќе се средат.
     
    На DeRose му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sunlight

    Sunlight Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    39
    Како и сите градови и Охрид има свои позитивни и негативни страни..но во суштина за мене Охрид е прекрасен како што се кажува и во една песна ,,Охрид, Охрид убав мил, ти за мене рај си бил'' (ова субјективно, сепак Охрид е мој роден град :lol: )
    Е сега сите се жалат на високите цени..но за еден туристички град мислам дек се нормални, а треба да се испочитува и фактот дека охриѓани со тие цени живеат преку цела година.
    За услугата секој зборува од свое искуство..па различни луѓе различни карактери. На кој како му била среќата :lol:
     
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    21.649
    Пол:
    Женски
    Пак јас во оваа тема :lol: Ај да ве прашам Охриѓанки, со дечко ми на нет најдовме смештај, само не го познаваме многу Охрид, па да ми одговорите:
    1.едната куќа е блиску дискотеката Арена
    2.другата е блиску новата автобуска
    3.третата е блиску до школото Христо Узунов
    Која од овие куќи е најблиску/најдалеку од центарот? Колку пари е со комбе/такси до плажите како Градиште, Славија, Кадмо? :)
     
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.097
    Допаѓања:
    56.327
    Пол:
    Женски
    Таа до Арена ти е најблиску до центар, а и Христо Узунов е блиску. Автобуската е подалеку.
    До Кадмо не се оди со комбе, се оди пешки зашто е блиску после мостот.
    До Славија не би требало да е повеќе од 50 денари од човек комбето, пред неколку години беше 30, а до Градиште не знам, малку поскапо.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Jaс колку што знам до Славија е 30 ден.од човек, а понатаму по плажите по 40 итн. Градиште мислам е 80 ден. ама некои од комбињата нудеа и повратна за поефтино. Сега не знам како ќе биде годинава ама ваљда исто. Кадмо е многу блиску, и пешки се оди.
    Арена е најблиску до центар, тука е и гимназијата од каде што тргнуваат комбињата за по плажите.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. fatbeautiful

    fatbeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    58
    Најубав град во Македонија едноставно ГО ОБОЖАВАМ,многу ми е убав ноќниот живот.Претходното летто бев со друштво и поминав пренајубаво многу ми се оди и годинава али не можит :)
    За охриѓани па што знам луѓе со чуден табиет,но сепак ми се онака интересни ги сакам,срдечни се и го сакам секое јадење што е подготвено во Охрид. :D
    Посебно ми се допаѓа чистотата на плажите,е сега водата можеби е поладна но,зависи кое време ќе отидеш :) .
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.