Да се изјаснам на темава за охрид. Сум била и не сум задоволна, сум била колку да се каже дека ете требало да одам, воопшто не ми се допаѓа, езерото е премногу ладно за мој вкус и потреба, и во таа вода нема шанси никогаш повеќе да стапнам! Не ми се допаѓаат воопшто ниту плажите, а цените се надувани до бесвест и назад. Има убави места да посетиш, тоа да, но останатиот дел за одмор за плажа за храна и пијалоци јок, никогаш. За истите пари би пошла кај некој сосед на море, и песочни плажи, добра забава за ич пари отколку да појдам во охрид. Но нели секој со свој вкус.
Idesh vo Ohrid na plazha i posle nekoj den si go gledash zadnikot na Telegraf/Motika/younameit beden sajt.
Баш ме интересират кај кој сосед на море ќе поминиш со истите пари ко во Охрид? Во Грција ќе пиеш нескафе за 80 ден, или ќе платиш смештај за 400 ден од вечер?
Во Бугарија сигурно ќе поминам поефтино, за грција не знам а и не ме интересира. И како што кажав погоре, секој си има свој вкус и свои симпатии, сум се изгласила на темата Охрид и имам такво мислење, ти имаш друго и тоа ми е океј, да така излишно е да дискутирам.
Не е до Охрид туку до охриѓани е Незнам дали го читавте отвореното писмо од фамилија која била на одмор таму. Со име и презиме се пратставија, значи преку глава им дошло. Ако го најдам на нет, ќе го постирам тука да видат охриѓани на што се жалаат туристи.
Абе и јас можам да ти најдам искуства со име и презиме на Охриѓани што се жалат од туристи. Им крадат лустери, прибор за јадење, и се’ друго што може да пикнат во куфер. Да не зборувам за мајки што решиле да ги одвикнат децата од пелени додека се на одмор, па оставаат измочани душеци зад себе (ова е вистински случај за кој исто можам да напишам цел текст и да го објавам на интернет). И нема сега да зборувам како сите туристи што доаѓаат овде се за никаде, и заслужуваат и полош третман од тој на кој се жалат. Значи вие се фаќате за најлошите искуства и изведувате заклучок дека Охрид е за никаде. Браво, не знам што друго да речам.
Порано често идев Охрид или Струга, секое лето обавезно барем за викенди го посетував. И оваа година тргнав петокот за да се вратам во недела ама се вративме уште истиот ден. Некако Охрид ја нема таа магија што ја имаше порано, весело беше, секаде се шетаа луѓе а и плажите не ми се допаѓаат воопшто, земавме гуми и со гуми се шетавме, си лежевме. Треба да средуваат бре, не да ти биде гад каде да згазнеш во вода, плажите треба да ги чистат, цените да ги намалат.. Мнооогу работа
Јас ги оставам охриганите на страна. Цените се вртоглави за македоноскиот стандард, јас разбирам дека има и странски туристи и се по ред ноооо за нас македонците е изгор, за ова никој ништо не придонесува а не секој може да си дозволи, плус како што спомна @Candid сакаат вртоглаво пари и туризам а плажите се катастрофа, не сите но повеќето, сакаат туризам но не пружаат ни малку повеќе. Мене покрај сето ова Водата ми е многу ладна и јас лично ради здраствени причини не би влегла, затоа и никогаш не би ни пошла за Охрид, би пошла на друго место, денес барем има толку многу понуди низ разни туристички места каде што за малку пари би можел да си дозволиш повеќе, плус имаш песочни плажи и топло море кои пленат со свои придобивки и од здраствен аспект. Но пак ќе кажам секој си има вкус и размислување, можеби на некој му чини охрид но на мене воопшто не.
Не ми е јасно каде си била и на кои плажи за да те биде гад да згазнеш?Јас бев лани и беше преубаво јас бев фасцинирана, чисти плажи, чиста и топла вода, толку се одморив и се релаксирав, а вчера само што се врати една другарка и ми го кажа истово дека е изненадена од тоа колку е прекрасно. Исто се жалите на цените, ви се молам јас лани кога отидов си велам кој цело време галами дека цените се високи.Значи нормални цени за туристичко место се, ние секој ден одевме на различни места, на ручеек, кафе, пиво, секој ден на плажа пиевме и јадевме и потрошивме околу 350 евра за двајца, а може и помалку да беше, со вклучен превоз, што за мене е сосем нормална цена и евтина за одмор во државава, а ништо не си ускративме.Плус скоро на секоја плажа не плаќавме лежалки, а се излежувавме и персоналот беше културен и услужлив.Смештајот ни беше 600 за двајца соба со купатило и кујна и тераса, близу центар и беше супер средено и чисто. Така да не е до плажите туку до тоа дека вие не сте знаеле каде да отидете.
Јас го сакам Охрид многу! За мене е тој бисер во државава. Секогаш сакам да одам таму, и зими и лети. Само да прошетам по кејот, да седнам на клупа и гледам во вода, ме опушта. Дури и со бебе сега, ќе одиме некој ден обавезно. И не ми се јасни тие коментари за Охриѓаните? Што им фали на луѓето не знам? Пак се генерализира. Луѓе како секаде што се, и вакви и такви.
Јас отсекогаш сум го сакала и ќе го сакам. Цените никогаш не сум сметала дека се превисоки, туку нормални. Се наоѓало смештај и по 250 ден и по 400 ден. на многу убава локација. Секогаш ми било опуштено кога одам таму, можда зошто сум сепак во Македонија и не сум се замарала кај има поевтин маркет или сл. Со Охриѓани никогаш не сум имала никаков проблем, напротив, секогаш биле фер кога требало нешто. И мислам дека Охрид е најсреден сега од било кога. Да, се изнервирав кога во Леонардо пицеријата ми донесоа макарони со 4 сирења и во чинијата имаше 10 макарони со сос кој едвај се гледаше ... и коштаа 300 денари, но не може тоа да ми ја смени сликата за Охрид.
Охриѓани не чиниеле... Сегде имат таков народ и да појдам во Скопје, Струмица или негде во друг град пак имат некултурни луѓе, неморат да значит дека ако се погодиле еден, двајца или десет души дека се сите охриѓани такви...
Муабетот за плажите, Кадмо, Куба Либре и тие до нив водата е ужасна со тињи и треви 5 мин. влегов на душек у после 3 дена се чешав, на Немо има 10 м слободен простор за да си ставиш лежалка, другото све натака со се Славија е 100-150 денари лежалка, само убави се во Пештани натака и Градиште, кај што се дерат тинејџери до 5 сабајле. Во Струга во АС кампот е топ, водата е топла и е доста мирно таму.
Кадмо, Куба Либре и блиските плажи не се наменети за капење, никогаш и не биле. Ако сакаш да тераш шема и да се чекираш во Куба Либре, седи си со кафето. Имаш убави плажи и на другата страна - Лабино е пречиста и можеш да гледаш прекрасно зајдисонце на тој дел од езерото. Кога ќе размислам, подобро што никој од туристите не ја знае, барем останува мирна и незагадена.
Јас не сум бил во Охрид и нема ни да идам. Се дур се однесуваат така како што се однесуваат према туристите, нема да им стапнам таму. Многу лоши муабети кружат и лоши зборови слушам за таму. За тоа какви биле охриѓани, што правеле келнерите, угостителите и тн.
Ааа... како можеш да знаеш како се однесуваат кога не си бил? Исто кружат и добри зборови, зошто си одбрал да ги слушаш лошите? Срамота е да кажеш дека не си бил во Охрид, најискрено. Особено откако си пишал мислење во темата за истражување на Македонија. Охрид не е само туризам, плажа и кафиња.
Се согласувам со Ливинг Глам дека Охрид не е само плажи, ресторани и кафиња. На лоши угостители може да наидеш СЕКАДЕ. И да, јас имам многу убави зборови за Охрид. Чист воздух, убаво уредено шеталиште, прекрасни улички со калдрма, рајска природа, значајни знаменитости. Секоја црква е толку посебна, а душевниот мир што го чувствувам на св.Наум е неопислив. Утринското кафе покрај езеро ми е незаменливо. Охрид не е само цркви, плажи и кафичи. Можеш да отидеш во куќата на Робевци, да гледаш како се прави хартија, да ја посетиш Самоиловата тврдина, да се возиш со палаглајдер, да нуркаш во Заливот на коските, да пиеш вино додека со кајче пловиш по изворите на Црн дрим... Имам уште многу, многу работи да набројам, но тоа ќе биде само како јас го доживувам Охрид. Би ти рекла да отидеш и ти и без предрасуди да дозволиш да те воодушеви. Инаку, ниту сум охриганка, ниту имам корени од таму, а и сум прошетала по светот ( да не излезе дека ми е толку убаво во Охрид, пошто друго не сум видела). Поздрав
Се е тоа добро, убавините. Ама џабе толку убавини кога ќе дојде со послужавникот и го тресне од маса.