Зависи каде, имаш од 300 денари вечер по човек на места малку подалеку од центар, а имаш и во строг центар за околу 40 евра ноќ на апартман
Земи си купони од групер, вила коста делукс.. Јас сум задоволна, близу се, солидни се, чисти, близу ти е се Околу 1000 ден за двајца
Прашањето може не ми е за тука, но може некој од вас знае, автобуски превоз Охрид-Гостивар? Или комбе сеедно, да е редовна релација ми треба
@kravce прогуглај малце. Гугл знае се ! Најди тел од автобуските во Охрид и Гостивар, прашај и имај инфо од прва рака! Ете така ! Имај убав ден
@Hristov веќе побарав инфо од чичко гугл пред да дојдам овде ти благодарам на советот, ќе се обратам во Гостивар
Девојки, каде во Охрид треба да се обратиш за издавање извод од книгата на родени, дали е тоа во полицијата на булевар Македонски просветители?
Ве молам ако некој/а бил во виливе, да ми даде свое мислење.. За септември сакаме неколку дена до Охрид, а виливе ги меркам одамна. Чинго апартмани или Велестово вила?
Девојки дали некоја од вас била во Вила Инекс, па да сподели искуство? Откако резервирав видов дека била одалечена од центарот на градот околу 5 км . Бидејќи ќе одам со автобус, а со оглед на не толку поволната положба на вилата, ме интересира како се движат цените за такски превоз? Би сакала да го посетам и Св Наум па ме интересира како би можела да одам до таму. Дали има некаков организиран превоз? Дали треба до автобуска станица да одам или автобусот застанува и на друго место? И цена ако знае некој? Исто и за Струга. Дали и каде застанува автобусот на друго место освен на автобуска станица? И за крај да ми препорачате некој добар ресторан во центар? Ќе ми биде од корист секој ваш одговор! Благодарам и извенете за долгиот пост.
За такси мислам дека прилично скапо ќе те чини ако секој ден одиш во градот. Има комбиња и автобуси, ама мислам дека не влегуваат кај вилите, само на главниот пат застануваат, и тоа ако има патници. До Св. Наум може со автобус да одиш, мислам дека си има редовна линија, а исто така и со брод има, целодневна екскурзија. Бродот тргнува од пристаништето. До Струга има редовна автобуска линија, си има автобуски постојки низ цел град. За ресторани, а можеби и подетални информации може да се јават Охриѓанките, јес да и јас сум, ама одамна не живеам таму. @❤Bubale❤ @elimkd @lovemme.... Други не ми текнува кои беа од Охрид.
@deliza Инекс е далеку, такси за до град ќе те чини околу 150-200ден За до Струга немаш потреба да се малтретираш со автобуси и комбиња затоа што и таксистите возат по иста цена (50денари) во еден правец, можеш да се качиш од центар, поточно до главната Охридска банка има постојка. За Св.Наум нема огранизирано превоз туку има редовни линии на секој пола час, затоа што има доста луѓе што живеат во тој дел, така да можеш да чекаш на постојка (за да не се малтретираш до автобуска), искрено со такси не се исплаќа затоа што е далеку, околу 30тина километри е, затоа најдобро е со автобус/комбе, можеш да се качиш од кај Гимназијата тука има постојка. Но, бидејќи си сместена во Инекс, не мора да се враќаш во центар за по автобус, ќе ти кажат вработените во хотелот каде да чекаш, оти тука во близина има постојка. Цената е околу 80денари (не сум баш сигурна) Ресторани во центар би ти ги предложила Белведере, се наоѓаат веднаш до Киното, односно до The Duck кафе, каде и да седнеш одприлика тука се со цена, услуга и квалитет на храна,има доста избор на пицерии, ресторани, пабови, се е ствар на вкус Пријатен престој Што и да ти треба слободно пиши
Јас живеам на сосема друга страна од Инекс и незнам колку ќе те кошта таксито , автобуски постојки има на повеќе места картата е 20 или 30 ден незнам точно. За Св.Наум картата е 50 ден ( jaс па вака ја знам) Чекај на постојките кои се наоѓаат на туристичка за Св.Наум ( позади Гимназијата ,кај Жито леб или кај Охридска банка ) ако си веќе во градот. За Струга картата е 50 ден и има на секој пола сат автобус или со таксисти кои возат за Струга по автобуска карта( значи не секое такси ) Ресторан Чун , Лихнидос,Ривиера, Хотел Сити Палас , Хотел Тино би ти ги препорачала. Но најблиску ќе ти е Ресторанчето во Голден бич мене многу ми се свиѓа ова место. Ако имам згрешено нешто нека ме поправат Охриѓанкиве . Едит : Можеш и пешки да одеш еден ден таман ќе се прошеташ низ новата патека и ќе си седнeш успат на коктелче во Куба Либре.