Овој пат бевме сместени во апартмани Марина, убава мала зграда, со нови апартмани. Сопственикот ептен љубезен. Убаво и чисто, мирисаше на ново и одржавано. Земавме контакт за некој следен пат. А хотели несомнено Метропол и Белви. Барем ние сме се враќале од таму задоволни. Единствено во Белви ми е подобра храната , а и базентот ноќе убаво свети.
На свекрва ми и свекор ми собата беше супер. И на мајка ми беше ок..ама затоа нашата беше страшна. Пархетот ај тоа што беше во ужасна состојба, ама имаше дупка. Значи буквално фалеше парче. Немаше штекери лево и десно од креветот. Единствен штекер беше кај телевизорот. Немаше ламби лево и десно од креветот. Вецето штеделе на такви шипки за телефонка за туширање, па монтирале од телефонките кои се за на када. Па ја ставиле најгоре за да врши улога на туширање, ама мал проблем ако имаш долга коса. Статичен е држачот, оти нели не е за туш кабина туку за када, па мораш или целосен туш или да ја држиш телефонката во раце додека се одмиваш. Сифонот беше затнат. Во вецето имаше дупка на таванот. Значи буквално фалеше парче/даска, што ли беше е и се гледаа кабли гајтани и плочата од спратот над тебе. Се пожаливме ни рекоа нема друга соба, а вкупно ни требаа 3 соби, бевме за мајот...ни во друг хотел немаше слободно. После мм се пожали кај газдата и се замуабетија на германски и повторно му објасни се. Човекот беше стварно коректен и фин, и ни предложи да ни даде некој друг апартман. Ама веќе беше последна ноќ, па и со две мали деца таа гњаважа да менуваме соби веќе не ни се исплаќаше. Сервис, ресторан, услуга...супер беа луѓето. Ама во поужасна хотелска соба во живот не сум влегла. Арно рече газдата, што не сме се смениле со на свекрва ми . Шала шала, ама мислам дека беше сериозен. Нивната соба беше топ.
^ е ние охриѓани за ресторанот сме сведоци дека е се' супер. Но не сум имала претстава дека вака е во хотелот навистина ми е жал за таквото ваше искуство. А важи за еден од поугледните централни хотели и постојано е фул.
Центар. Финтата беше што имавме резервација преку наша агенција, не странска, па за мајот многу странци имаше. Се преполно и изгледа ни ја дадоа најлошата соба која не е реновирана по мотото даш шта даш. Во обратен случај мислам дека далеку повеќе ќе пазеа. Вработените и услугата топ, ама луѓе јас ни 2 звезди не би дала.
Стварно на свекрва ми и на мајка ми собите беа супер. Нашава изгледа, најзгора, нереновирано, па ја издаваат само кога е ептен се фул. А другата услуга им беше на супер ниво, но сепак, не смеат да си дозволат вакво нешто. Може цел спрат кај нас беа во таква ужасна состојба...значи среќа. Како ќе ти се падне.
Имаше една шега на наша сметка, на охриѓани хаха Не сум сигурна ама мислам дека вака некако беше: Кој шо имат пари ќе ојт на одмор во Охрид, кој шо немат ќе си ојт Грција
Ми треба сместување во центарот на градот за 2 дена, почеток на јули, ми ги препорачаа апартманите Делукс, има ли некој искуство со нив?
Дечки автобуски превоз/ комбиња/ такси од хотел Десарет во Пештани до центарот на Охрид дали има редовно и која цена е отприлика на сите овие?
Ајде ти како Охриѓанка кажи ни како е со земјотресиве,се секаваат ли или само тој поголемиот го сетивте.Се мислиме да дојдеме срединава на јули,ама ми е мисла за земјотресиве,а со две внучиња ке идеме.
Хмм последниве 2-3 дена ко да се имет смирено, не е толку често како што беше и не се многу јаки да речам, но сепак ги имат. Е досега не се случило некоја штета, фала му на Бога, и се надевам така ќе останит, а до средина на јули можда и ќе се смират.. ќе ти пишам ЛП деновиве и ќе те информирам дали ќе се намалат уште или ќе се вратат на старото
Наредната сабота со дечко ми одиме на одмор во Охрид, ќе бидеме сместени позади градската болница. Е сега ме интересира што има таму во близина? Кои се најблиску плажи? дали се добри?