Дечки предлог смештај, да не е мн скапо и не мора да е во центар. Да е поблизу до некоја од почистите и помирни плажи.
Ретки се. Ако се погоди 8-ми Септември околу викенд е пополно. Оди слободно ако сакаш, ама ако не ти е за плажа.
Ако е убаво времето има туристи, имам работено во туризам, во септември често се случуваше да биде се букирано Самиот факт што сезонските работници, меѓу кои спаѓав и јас, работат до октомври кажува само по себе дека има туристи. Ако се одлучиш убаво да си поминеш
Ај и јас да прашам. Планираме да одиме некој викенд за Охрид. Гледам ја фалите плажата во Љубаниште. Ме интересира дали има смештај блиску до плажата, дали има избор или малку се?? И како се движат цените одприлика.?
Женски по вас која плажа во Охрид е најубава? Мирна, средена . Сакаме да одиме со дечко ми ама не знам каде да барам сместување кое нема да е многу далеку од плажа, доволно за пеш да се оди, може 6-7 години не сум била во Охрид , не се снаоѓам баш Ај препораки
Предлог за плажа песочна ако има, предлог за шетање по знаменитости, предлог за јадење ( ова за јадењето да е во околината на Билјанини извори)?
Песочна плажа-Љубаништа Знаменитости: Најстарата Црква Канео, Св.Софија, Паошник, Самоилови тврдини-се ова се наоѓа во стариот дел Секако на другата страна на градот Св. Наум За јадење ресторан Билјанини извори
Сум го испуштила извини, тоа е после градиште, нема шанси да го утнеш, на самиот пат кон Св. Наум од десна страна има голем паркинг пишува Музеј заливот на коските. Има што да се види, природа, убавина, спокој ...