Лагадин по 100 денари само лежалка. Градиште на третата плажа со шарениве чадори што е 150 денари беше лежалка со кафе.
Жени едно мутаво прашање . Кај се наоѓа плажата Љубаништа? На патот накај Горица Или после Градиште? На нет најдов инфо дека е на 25км од Охрид и ништо повеќе. Некој да може да ми објасни?
После Градиште, после Трпејца, а пред Свети Наум. На Гугл мапи можеш убаво да видиш. https://www.google.com/maps/place/L...83de40593ff3173!8m2!3d40.9171254!4d20.7696118
се плаќаат лежалките на таа плажа пред хотелот? и дали и колку се плака на базенот ако престојуваш во тој хотел ?
Дечки ајде малку совет. Не сум некоја редовна во Охрид, ме интересира како е регулиран паркингот низ градот? За на Галичник совети, треба сами или има организирано? Препораки за кафе/јадење со убав поглед на охридското езеро, ама да не се некои прецените ресторани зошто недавам повеќе пари од реалното.
Има во центарот платен паркинг на секој чекор. Ако не сакаш да платиш, може да се најде накај хотел Палас или по уличката од Гимназија кон чаршијата. Ама кога е гужва во сезона, тешко е за паркинг и платен и неплатен. Гужвата веќе помина, не би требало сега да има проблеми.
Кажо ми како си задоволна од хотел Тино Св Стефан? Чисто ли е пред се? Сакаме да одиме викендов па се мислам да не биде ладно или да не функционира спа центарот (а тоа ми е битно)? Фала на инф однапред
Презадоволна сум,чисто е да и мене тоа ми е најважноНие бевме февруари за Валентајн и го користевме базентот не беше ладно
јас бев за 11 октомври-работи СПА центарот, водата во базенот беше топла, супер е хотелот, само доручекот не ми се допадна