Охриѓанки, а јас да ве прашам каде е таа гимназија од кај што тргнуваат комбињата? Ние лани на тепка ги фаќавме пред џамијата во близина на Охридска банка, ама оваа година не планирам да дремам по пет саати и да чекам некој да помине И има ли одредено време во кое тргаат или кој како сака? Едит- ^ Мислам дека сите приколки се за максимум 4 лица, повеќе не смее, така едни ги избркаа пред некоја година зошто беа 8 девојчиња во една приколка
Гимназијата е само право, по туристичка. Значи од Охридска банка одиш само право,нагоре, гимназијата се наоѓа од десна страна (веднаш до семафорот) нема да ја промаршиш. Комбињата се наоѓаат во гимназискиот двор, и ги има во секое време. Малку погоре има и постојка за комбињата што одат за Пештани, можеш да одиш и со нив.
ааах Охрид, град кој мноогу го сакам. Ама сепак цениве во последно време им се Ама ако пак ќе одам барем на еден викенд. Сакам да прашам ако може некоја охриѓанка да ми даде број од некоја така посигурна такси компанија?
Jaц не го обичам многу Охридот Од мала кога идевме со моите го паметам по тоа што не ми се влагаше во вода оти многу ми беше ладно Потоа не одевме долго време во охрид пред 3 години бев со дечко ми и сестра ми со дечкото во Љубаниште...се заљубив во плажата најубава е од сите плажи ,ама камп ко камп не го бива....би сакала да го посетам охрид во нелетен период сигурна сум дека повеќе би ми се допаднал,бидејќи за убав градот е убав....прошетка покрај езеро,кафенце покрај езеро-мерак...вака преку лето гужва е голема,особено не ми се оди на плажите каде има млади еден куп ко сардини еден до друг -читај Градиште
Ами до кај 5 души да се сместат покомотно собира, ние лани бевме 7 мина па не собра пак имаше проблем со спиењето ама ја наредивме некако
Баш утре тргам за Охрид, одвај дочекав . Секоја година одиме фамилијарно таму на одмор и не се случило нешто да не ни е погодено. Го обожавам Охрид преку ден, преку ноќ и во било кое време. Незнам зошто викате дека не ви се допаѓаат Охриѓани, барем досега сметам дека си се фини луѓе. However, наредниве 15 дена = рааааај
не сум била на одмор во охрид до сега (освен со родителите кога бев ептен малечка) па дали може да ми кажете каде има плажи со песок? благодарам
Јас колку што знам во Охрид песочни плажи нема. Сите се со камења, е сега, има некаде поголеми, некаде помали.
леле јас последен пат бев во Oхрид (на одмор со друштво) 3та накај 4та! бевме сместени во една куќа. абе ифрит газдарици, некои стари моми забегани Eден другар си правеше тост, а тостеров од пред Xриста, и многу јасно се распадна! леле оваа кога почна да се дереееееееее 3000 денари да и плател.......... Tој скапан тостер ни 100 денари не вреди еј! и плус кај нас во собата од регалот имаше одлепено (сега не знам како да објаснам, ко тие даскине на ивиците што се, ко декорација нешто) и си беа качени над шкафот, и таа ми вика на мене и на другарка ми, ало 1000 денари да и платиме да да бабе,[ Спојлер b] дилдо ќе ти купам со тие пари, да смириш и ти некој хормон[/b] и предходниот пат кога бев 2ра за 3та, пак имав слично искуство! Hа автобуска ја најдовме женава, се супер, мед и млеко ни ветува, смееме журки да правиме, да викаме друштво, како да не беее! стигаме таму, и маските паѓаат! A за таксистите да не правам муабет, еден ќе не затепаше во кола, на сред пат не симна, зашто му се обративме културно да го изгази таксиметарот кој предходно беше 180 денари(од тие што пред нас се возеа) и овој паметниов уште ни вика HE GO GASAM!!!!!!!!! а така, така!!!!!!!!! уште ни вика вие скопјани сакате за 70 денари да се возите? од секој по 70!!! Aло друже, ова автобус е или такси! Eдино ми се погоди кога бев со дечко ми, сами во стан, нити газди нити ништо, е тек тогаш го доловив Oхрид убаво и тоа е тоа
Одамна се немам изнастискано толку „Ми се допаѓа“ во една тема, стискав на оние позитивните зошто јас лично никогаш не сум имала непријатни искуства во Охрид. Лани бевме со Петко на викенд, 3-4 дена и беше прекрасно. Бидејки тој имаше другари што работеа таму ни препорачаа одличен смештај Спојлер вила Ивона не е реклама само ги фалам , вилата е одлично опремена, секој апартман имаше фрижидер, тв и сопствено вц со туш-кабина. Бидејки бевме со кола ни кажаа дека во дворот може да паркираме слободно. Газдите беа одлични, иако да бидам искрена ги видов два пати, кога дојдовме и кога си одевме. Собите, и целата вила беа нови и беспрекорно чисти, ние си носевме постелнина но не ја наместивме, онаа нивната беше снежно бела, испеглана миризлива и ако останеш подолго ја менуваат секој 3 или 4 ден не сум сигурна. Имаше неколку пешкири и се што ти треба во вц, хотелски (мали) шампони, сапуни, паста... Имавме клима и ви-фи...мераци. Посебно ми остави впечаток што во собата имаше и трет кревет, значи покрај големата спална имаше и тросед, на Петко еден другар немаше каде да преноќи се јавивме кај газдите да прашаме дали може тој да преспие на троседот ако треба и ќе доплатиме, тие ни рекоа дека ние сме го платиле апартманот и може да го користиме како сакаме (не смееше само да се пуши внатре). Можевме и гости да носиме, во дворот имаа поставено пластични маси, за секој апартман по една и таму можеше да примаме гости, во кујната имаа оставено кафе и шеќер и други намирници. И сето ова за 10 евра и како да кажам лош збор? И претходните години имав одлични газди, ни дозволуваа пијанки да си правиме со друштво, беа 24 часа на располагање доколку ни треба нешто и сл. Во главно јас немам лошо искуство со Охриѓани, туку само позитивни. А градот ми е посебно убав морам да признаам, има многу да се види навистина прекрасно туристичко место, Канео, Плаошник, Св.Наум и ред други. Имам прекрасни спомени од овој град и секогаш со задоволство го посетувам.
1592-Мерцедес се вика таксито, ем најсигурно ем најефтино како и да е во никој случај не земај такси од кај пошта, најмногу пари земаат и повеќето се диви
И најубава плажа исто така на Охридско. Како мала одев со моите во кампот таму, 3-4 години по ред. Плус мислам дека и водата е потопла таму.
Леле кампот на Љубаништа, кај го спомнавте. Нејќум да именуем особи кои сум сретнала таму, ама да знаете каков одмор сум истерала таму во младите ми 15ти - најубав! Би зборувала за одморов со денови разбирај до банирање на форумов, ама не смеам и не можам. Само знам дека најубавите спомени од младоста ми се токму од таму. Живели Љубаништа! Стварно волшебно местенце. Додуше далеку, ама се исплати Инаку плажите кај Св. Наум нели и тие се така млако песочни колку што се сеќавам а? А во склоп со Љубаништа ми текнува на една урбана легенда - имено во таа близина, длабоко во езерото постои манастир мислам кој се вика Заум (ако некој знае повеќе и грешам нека ме поправи) и мислам дека секогаш на тоа место се случуваат чудни работи - исчезнуваат кајчиња, се дават луѓе и слично Бермуда во Охрид.
Ептен песочни се на св.Наум,ама грч ладна е водата.Ама затоа за кафица и занесувања дека си у бајка е смислено. А инаку Љубаништа ај кампот што е спомен сам за себе,дружби од најстари до најмлади,ама имаше и едно диво плажиче ко што се сеќавам...што бањање имам оставено таму баш ко Цацко у базен,мамо,мамо,мамо ма види ме,шпљааааас! Влагаш тро плитко и одма фаќаше длабокот,фаќаш авантура,го препливуваш длабкото и стигнуваш до делот вода до гз! Абе не ми ја отварајте темава,ми оди у Охрид да си одам годинава и тоа на сто дена!
На Св. Наум има змии и нејќум да помислам А на Заум сум била, не исчезнав, тука сум Многу е стар манастирот, внатре иконите се избледени, барем од тоа што се сеќавам И во близина на Заум на брегот има едни изворчиња многу убави И да се пофалам, сум присуствовала на првиот Аларм, 2002 година Штета што бев теле и не разбирав ништо
Лилит и јас ко тебе - а некој нешто пише овде и јас душкам одма ко љубопитна комшика, шо шо шо, да чујам кој шо кажал! Многу си го сакам, е волку! Абе Заум...е сега се испобунив, дај ако знае некој нека ми објасни може сум испомешала поими и имиња Манастиров треба да е длабоко во езерото и тука исчезнуваат кајчиња и се случуваат чудни нешта. Од брегот на Љубаништа ни го покажуваа местенцево, демек - е - е онаму, и никој нормален не оди таму да фаќа риби. Озбилно Аааа молим лепо за тие угоре - удолу плажи. И кај Св. Наум се такви мислам. Онака замижуваш, запушуваш носот, дигаш раката демек - види сега ќе проверам до кај е водата и пап до под г’з ти е и ти остануваш да стоиш ко благо моронче со затнат нос и дигната рака во вис! И карикираш тука и им мавташ на сите на плажа - чааааоооо јас сум тууууукаааа