Зошто ти е агенција за Охрид?? Сакате кампување? Хотел? Приватен смештај? Во град или кон плажи? Бар за Охрид за 10 мин гуглање ќе се снајдете јас нит нудам нит со тоа работам, да се разбереме, ама за помош сум тука
Не е важно каде и во што,барав понуда од агенција барем со полупансион и цена за смештај и храна,затоа што не ни се бара приватен смештај,ние да си правиме храна итн..
Барај Вила Јанкулоски на фб, па јави им се да прашаш за цена. Имаат ресторанче во склоп на вилата, не сум јадела таму ама слушам ги фалат.
Да ми предложете убави ресторанчиња во Охрид,онака како терасичка со паркче...? Гледав еден мислам "Куба либре ресторан Дрим" се викаше и е многу убаво ама да не е многу скапо таму? Пошо едно по елитно лице беше чекирано таму
Тоа е Св. Наум. Цените не се многу поскапи, последниот пат кога бев беа онака... нормални. Во "обичното" Куба Либре после мостот, кафето и оброците се прилично поскапи во споредба со други места. Ама амбиентот е прекрасен. Најубав ресторан ми е Далга. Порта е исто океј. За поефтино а превкусно - Кај Мече. Разбарај ги овие на фб, ќе разгледаш ако има слики и ќе видиш локации.
А некој блиску до езерото со убава терасичка? Гледам дека Далга е фален ама мене некако на сликите не ми се свиѓа....
Ете ѕирни го Ноа, погоре @Marley го препорача. Сега ти го гледам првото мислење... терасичка со паркче... не знам, искрено. Повеќето што ги знам се покрај езеро, а паркче нема. Ако ви се вози малце, одете до Вевчани во Виа Игнациа. Има паркче, ама нема езеро.
@orhideea Веројатно ке биде "куба либре ресторан дрим" Ќе треба само да се јавам да закажам.Фала ви многу сепак
Само да ти напоменам дека "Куба либре ресторан Дрим" не е во Охрид, туку на Св. Наум (oколу 30 км од Охрид).
Ќе се самоцитирам да не пишувам ново мислење за иста тема. Незнам што им е на овие бре.....Се јавив во Куба либра ресторанот да резервирам за 1ви Мај и ми вика само на лице место...И му кажувам дека доаѓаме од далеку и дека за 1ви Мај тешко се доаѓа до маса без резервација.И ми вика добро ајде до 13:15 ќе ви чувам маса после тоа не.И му кажувам може ли да биде на терасата покрај Дрим што е ми вика не кај ќе имаме слободно таму.Бог да чува па се јавувам за да ми чуваш маса на убаво место бре.... не да ми стаи маса некаде во п**** матер....... За таква маса ќе најдам било каде.....незнам ни воопшто сега дали да отидеме таму.Неможам јас да тргнам во 5 сабајле за да си најдам маса на 1ви мај на лице место ко што вика он во таа гужва што е во Охрид.Па толку да се покварени цццц.....
Луѓе за Заливот на коските може да ми каже некој подетално? Како се оди до таму, се плаќа влезница, и како функционира сето тоа? Никогаш не сум била, па да се распрашам прво