Дали знаете некој што издава апартмани за двајца? Барам на реклама 5 огласи но на повеќето и пишува за повеќе народ.
@ergoproxy @lovely97 Има една агенција за недвижности, ги следам на Instagram и цело време објавуваат убави апартмани во Охрид. Можете да видите кај нив, имаше доста избор: www.bilbord.com.mk @Capricorn96 Се плаќа влезница од околу 100-200 денари, не сум сигурна бидејќи години се поминати откако бев таму. Убаво е за разгледување ама далеку е. Се наоѓа до Градиште плажата и мора да се оди со комбе или кола. Пешки евентуално ако сте сместени Пештани може да одите.
Спушти си на телефон апликација од плеј стор booking.com. Ќе си одбереш за двајца, ќе си одбереш датум и ќе ти ги понуди сите. Имаш да си одбереш од најевтино до најскапо и обратно, сакаш со појадок или не, итн. Ние за секаде закажуваме преку оваа апликација, одлична е .
Најдов некои бунгалови кај Љубаништа. Но не се во кампот туку кај викендиците колку што сфатив. Не можам викендов да одам да ги видам. Да не има некој искуство, сакам да платам капар.
Знае ли некој како се движат цените во хотелите од вечер, за двајца, во текот на Јули? Ме интересираше Лаки хотелот но не најдов информации за цената. Може и предлог некој хотел според ваше искуство?
Охриѓанки какво е времето во Охрид? Решивме да идеме утре, да седиме за викенд, ама прогнозите покажуваат лошо време ,дожд цел викенд...
Охригани ме интересира некој ако знсе вила за издавање или некој спрат од кука..Ке одиме крај на Јули но ке бидеме две или три фамилии со деца сме..Па ни треба убав двор за децава секако да играат..Некој ако може да помогне
Apartments center ohrid - на ФБ барај ги Се оди со автобусите за Св. Наум што идат. Максимум 100 ден.би била карта за бус. Таму влезница се плаќа мислам 100 беше. Наколни живеалишта се, интересно е да се види
Види ги овие што ги спомна Божица. На самата плажа се, имаат убав и широк двор за играње и се што е потребно. Јас сум моментално таму и ти кажувам дека за со деца е супер мирно и безбедно. Има и телевизија, интернет...Само што е подалеку од градот. https://m.facebook.com/kajVangel/ Само треба да се резервира со време оти има многу голем интерес, и сега е фул.
@zuto како што гледам има и куки така нели..Не сакам камп..Куките се за една фамилија..? Внатре по колку кревети има..? Извини те отепав со прашања.. Ми се виде убаво само дали внатре е добро и кујна имаат..?
Има 5 такви куќички (апартманчиња). Има спална и дневна со кујниче и купатило. Во спалната има еден брачен кревет, а во дневната еден единечен и едно двосетче. Има интернет, тв, топла вода и во кујна (има проточно бојлерче од делимано)...чисто е и убаво. Ќе ти пуштам слики во лп ако сакаш.
Здраво девојки, годинава со дм сме во план да одиме на одмор во Охрид. Сакаме да шетаме паралелно низ повеќето "знаменитости" и да истражуваме,а сепак да знаеме каде би отишле на плажа доколку така одлучиме тој ден. Дали може да ми предложите некоја охридска добра плажа и сместување од кое сте задоволни? Фала ви однапред
Женскии ми треба за викендов од 27ми до 30ти, сместување за две . Три ноќи се , ако има некој тука што издава или познава некој што издава пишете ми поракаа.