Дали бил некој деновиве во Охрид да ми предложи сместување поефтино бидејќи сме повеќе души дали знаете апартман нешто за да бидеме сите на исто место сместени само во различни соби 3,4? Гледав по нет ама повеќето се за 2лица апартман и најмногу 2 соби не сретнав нешто друго.
Одамна не сум била во Охрид, веројатно многу работи се смениле, па ми треба инфо кои плажи се најубави ова време? Освен Куба либре/ Кадмо, таму не ми се допаѓа водата... На Трпејца има ли лежалки за изнајмување? И предлог за ресторани со убав амбиент и храна без разлика на цена. Фала
Зошто да ризикуваш? Не гледам ко порано на автобуска или по Туристичка да стојат со табла 'издавам соби' , ги стегнаа од локална. Влези на фб во групата ohrigjanki i nivnite prijatelki баш има неколку активни постови ' барам смештај ' и има во коментари контакти на издаватели.
Каков е периодов Охрид, односно викендо што доаѓа, малку е надвор од сезоназ рано да не е уште? Препорачајте плажи за овој период, ресторани, кафулиња?
Дали е скапо таксито во Охрид. Од автобуска до центар многу ли зимаат. Кога ќе видат некој со торбица куфер сигурно го дерат
Не би требало повеќе од 100 денари. Околу 70 можеби. Нормални се цените на таксито во Охрид. Во Скопје е многу поскапо, на пример. Гледај да земаш такси од компанија и нема да имаш проблем.
Има, да. Центарот е многу блиску оттука, не може да биде прескапо. Прашај си пред да влезеш во такси, ништо не е срамота. Или викни си такси од компанија на 13-800. Не треба да ставаш 046 пред бројот, само така сврти.
Охрид ми е најубав град, секое лето одам, планирам и ова. Климата е супер, убаво е за спиење, има кај да се шета, за сечиј вкус по нешто. За плажа е ок, без разлика што не може да се споредува со море, мене ми е супер за уживање/одмор.
Прашање до охриѓани. Ми треба инфо за комбиња од и до плажа за тинејџери кои одат првпат на одмор. На пр.ако се на плажата Немо,каде чекаат комбе за назад во град? И дали застануваат комбиња карши гимназијата кај бурекџилницата?