Јасбев во Охрид неколку дена со дечко ми , искрено преубав е сега градот ние шетавме навечер центарот, бевме и до акуба либре.Има супер амбиент, врие од странци, има некој посебен шмек како град, но сепак за наш стандард да јадеш и да не готвиш е скапо.По маркет да за просечно.
https://grouper.mk/deal/tino-sv-ste...acebook_Feed_Instagram_Feed&utm_content=Slika Ја гледам понудава на Групер. Дали вреди? и дали има убави плажи во близина на хотелов?
Здраво дали сте задоволни од Hotel Aqualina Ohrid и дали хотелот е како на сликите ,дали е чисто и сл...? Ви благодарам
Групер е апликација која нуди групни зделки со попусти. Нешто како посредник меѓу трговците и потрошувачите. На едните им нуди маркетинг, на другите попуст. Win-Win ситуација излегува. За да се оствари една зделка потребно е да се достигне одреден број заинтересирани потрошувачи. Пример има купон за попуст на аранжман во некој хотел. Потребно е да се купат 10 купони, за истите да важат. Секако тие купони може да ги купи секој еден преку апликацијата, не мора да е иста личност. Апликацијата тоа го регулира и покажува колку има заинтересирани. За неостварени зделки веројатно има рефундација на средства. Да се редактирам: некои зделки се индивидуални, што значи сам си го купуваш купонот и си го користиш попустот.
Како е со цени во Канео? Сакам еден ден да направам таму тура Самоилова Плаошник Св Софија и Канео па ме интересира. Исто во Трпејца како е? Прашувам за 8ми септември тој викенд, ако не е за бањање дали има каде да се седне и како е таму со цени? И исто sky corner?
Канео не се плаќа влез, слободно можеш да влезеш кај манастирот. Околу обалата има ресторани а за тврдините се плаќа влез, не би требало да е повеќе од 100 ден. Скај корнер има малку повисоки цени од останатите кафичи. За Трпејца не знам, но би требало цените да се како во градот.
Здраво, дали можеби има некој што издава стан во Охрид на подолг период. Не многу голем околу 50 квадрати, да има посебна спална.
До Музејот на вода одат комбиња од тие што тргаат од автобуска или мора со такси и колку би ме чинело такси во еден правец?
Имав некој распоред на Галеб, ама не знам дали ќе го најдам. Ако го најдам, ќе го сликнам ќе ти го пуштам. Баш и почетна станица им е тука близу автобуска. Едит: ете го. Само е од Охрид кон Трпејца, ама секако поминува тука па ќе ти застане. Ако не, ѕвони им ќе ти кажат кога има други линии натака.