Предложете ми кафичи/ресторани/места за посета и разгледување/природа во околина? И која е цената за возење со бродче?
Последно кога бев 600 ден. беше возење, ама големо беше бродчето, значи 6 души да се качат по 100. Инаку ова преку лето, затоа може поскапо ради туристи, вон сезона може поевтино е. За кафичи јас обично седнувам кај тие со тераса на езеро Кадмо, Ноа, Ликвид. За места не знам кои ги имаш веќе посетено, а и да појдеш повеќе пати нема штета, свети Наум, свети Климент, Плаошник, Канео, Заливот на коските, Самуилова тврдина, стара чаршија... на овие ми текна најпрво. Сигурно има и помалку познати, а убави места, еве ако има некој од таму нека сподели некоја тајна. Охрид е најубавиот град во земјава.
@MarigoldA Засега впечаток ми остави Sky Corner кафичот, мора да се посети. Бродовите беа за панорамско гледање само или? Да не знаеш дали има превоз од до Галичица случајно? Фала ти инаку.
Ај ќе памтам, наредно одење таму, ќе појдам и во sky corner. Инаку бродот не беше од тие големите по 50,100 патници што возат, ама не беше ни мало кајче. Не знам соодветна бродска терминологија. Нешто налик глисер, имаше внатре доле простор за седење, имаше и палуба. Капетанот ептен фин човек, ни направи и кафе и ни раскажуваше за историјата на Охрид. Возењето, стандард крстарење по езеро. Прашајте до кај вози, обично поголемите прават кругче до св. Наум и назад. Еднаш одамна се имам и во едно помалечко возено, ама не ми текнува колку беше цената. За превоз до Галичица не знам. Не сум била. Мислам дека би требало да има, ако дознаеш сподели тука.
vo svetot ne e najubav ama zato za skopje sekogas Ohrid ke e isto kako Njujork, Pariz, London, Rim,birajte
Здраво, сакам нова година да ја поминам во Охрид па би сакала да ми препорачате некоја вила или било што да не биде прескапо и да не биде многу одалечено од центарот. Благодарам
Здраво Сакам да одиме со сопругот и бебе од 6 месеци во Охрид. Да ми предложите ресторан во центар, покрај кеј? Да има и како сепаре за седење, не само класични маса и столици. За бебе во транспортерот и да можиме да се раскомотиме убаво.
Како што си ги кренале акциите издавачите во охрид, за 500ден може ќе најдеш ама од кревет. А добра соба во МК е дискутабилна ствар..
Да да, за кревет мислев кога пишав 500 ден/ноќевање. Знам дека има и поефтини, ама барам нешто попристојно. Не сме веќе студенти па на некои даски со стари душеци и прашина да спиеме А за одмор никад не би идел во Охрид, се додека поефтини опции има на пример во Албанија или Црна гора на Јадранско море.
Не знам колку се во периодот што ти одговара ама провери ги Вила Мише, апартмани Томич а за ептен централно - Гинек Провери ги и овие, тука сум била малку поодамна.. https://grouper.mk/deal/nokjevanje-dve-lica-ohrid Ама во коста делукс, не во куќата