Хотел Инекс Олгица, Хотел Тино Св.Стефан, Лаки Хотел&Спа, Ројал вју (на кеј е но нема базен, има само спа). Овие се понови или реновирани, од поубавите да речам. Ама не знам како се со цени.
Кој е газда сега? Зошто претходниот газда не е веќе газда? Мислам дека синот на претходниот газда е женет со таа водителката од Бекстејџ, Мартина мислам беше.
Истиот газда е. Жена му се вика Олгица и затоа така се вика хотелот. Тој што е со на Бекстејџ водителката му е син
Препорака за соби и апартмани во Охрид за од понеделник? Двајца возрасни и дете од 4 год. Би сакала да е во центарот. Може и контакти во лп
Дечки, да прашам во Охрид дали има градски превоз за до плажите по далечни колку е цена и на колку време има автобуси?
Некое местенце/дива плажа на Охридско езеро каде се збираат/погодно за нудисти? Одиме задутре на 2-3 дена па немаме многу време за истражување.
Здраво, сакаме да одиме фамилијарно во ресторанот Кај Каневче, па дали може некој да ми каже како се движат цените и да ми посочи цени на некои производи?
Има превоз до плажите, најчесто со комбиња кои тргнуваат на секои 15-30мин. од мини маркет(кружниот тек кај гимназијата). Цената зависи од локацијата, за поблиските плажи е 30-50ден, па се до Трпејца и понатаму околу 100ден.
Имате да ми препорачате апартман до максимум 20e од вечер во Трпејца? Исто така ако некој има контакт од Villa Filip нека ми пише број... фала ви
Градиште, Оревче, Трпејца, овие се поделеку од градот да знаеш. Исто кај Св. Стефан е убаво, ова е поблиску, но сепак никаде пешки не можеш да стигнеш, посебно не на ваквите плажи. Автобуси има во секое време, сега заради ситуацијава не знам како е, но не би требало да е многу различно од претходно. Исто и таксисти носат и ако сте повеќе луѓе нема да ве фати скапо. Со кола ако сте за паркинг е малце поскапо и место да најдиш е потешко.