@Waverly Raven @Fantasy33 Дали навистина има змии во водата? Инаку многу ми се допаѓа вака на слики во Трпејца и Градиште.
Ај јас малку ќе се вмешам, лани прв пат кај Гранит налетав на змија во вода. Ама бегаше од нас од луѓево, така да не се секирај, бегаат од гужва и не се опасни водни змии се.
Е има. Два пати бевме два пати луѓето вриштеа од страв И ние ќе идеме наредната недела да се прошетаме малце
Никаде не е сигурно дека 100% нема змии во водата, и да има не се опасни, лично јас немам видено змии таму.
Како шо ти кажаа членките погоре, секогаш имало и ќе има змии, особено во карпестите предели. Ништо страшно, многу се плашливи.
Охрид е мн ладен сега, во вода не се влегува. На прсти да избројам колку луѓе видов да се бањаат. Плажите празни,лежалки само на Куба Либре. Незнам,ние си дојдовме во Версус Струга и е преубаво тука
Каква е ситуацијава по плажите во Струга, има дистанца помеѓу лежалки, гужва? Ептен ми се прави кеиф за Охрид/Струга на плажа ама со ситуацијава можеби ќе прескокнам ова година.
Ваму кај што одиме, нема дистанца меѓу лежалките, ама нема ни луѓе нешто многу. Е сега, зборам за работни денови, за викенди не одиме на плажа, оти се полни градот. Додуша, не се полни како порано што знаело, ама има гужва, има луѓе повеќе за викенди отколку преку недела. На популарните плажи не се почитува дистанцата нешто особено, затоа и не ми е баш по ќеф плажирањето годинава.
@Waverly Raven Во Струга само дојдовме во Версус, Сместени сме во Охрид но искрено разочарани сме. Малиот не ни влезе во вода грч ладна. И плажите скроз празни,лежални ни неможеш да изнајмиш само во Куба либре. Славија празна @buba4e89 Аи Версус е преубаво место. Резервиравме маса и за утре. Полно е.Храната е превкусна и не е скапа.. Има своја плажа и лежалки,фрее паркинг и макијато за само 60 ден
Преубаво е во Версус, пред две години бев во Струга на одмор и Версус ми беше во комшии. Екстра е средено, доста комфорно и со пристапни цени. Како би се телепортирал таму.
Здраво Да ми препорачате место и воедно апартман, хотел, вила.. во Охрид кое е најсоодветно за со мало детенце? Сакам да е на сама плажа или да е многу блиску до плажа. Љубаништа? Трпејца? Пештани? Св Наум? Кое е најсоодветно? Предлог за убаво сместување? Фала дечки П.С @mssuniquee коментарот е од денес, таму сте моментално? Каква е водата? Има ли гужва во Охрид и Дојран?
@Вереничка Да, уште сме во Охрид но веќе се враќаме не ни се седи.. Гужви во Охрид нема ама ич скоро празен е градов. По чаршија има народ но ни приближно како другите години,а плажите се празни. Само Куба Либре имаше другите скоро ич.. Ние па намерно дојдовме работни денови заради гужвите но згрешивме. Ова е Славија, плус немошеше ни лежалки да се изнајмат Среќа вилата има базен па колку толку тука се бањаа моите иначе ..
Бевме сместени во Вила Милка незнам која населба спаѓа Иначе тоа е Версус бар во Струга Патем се враќаме,со редици Скопјани идат накај Охрид. Ќе има гужви викендов