Па таму е Заум, на десната страна, нели е како залив тука целото место... Ама не исчезнуваат кајчиња, или барем јас не исчезнав
Не ми се допаѓа плажата кај Свети Наум, некако ми е гнасна Ама затоа изворите кај Свети Наум се едно од најубавите места во државава. Не бил секој на таа тура со кајче низ изворите, повеќе од луѓето одат само во манастирот и после седнуваат во ресторан да кркаат, а не знаат што испуштаат. Ретко се среќава место со толкав мир и магичност. За Заум има разни приказни и легенди, а тоа е исто така неверојатно место кое за жал е преретко посетувано. Пирамид не знам јас многу за таквите приказни, некоја друга форумџика нека каже повеќе. Еве го тој манастир, местото е чудесно На линков прочитај за мистериите http://www.kralemarko.org.mk/default-mk ... B55DECC88A A Лилит - точно знам за која дива плажа зборуваш, мојата омилена
Ете ги мистериите, значи добро се сеќавам! Оффспринг ај уште еднаш свеќа да запалиш како благодарност што не си исчезнала, пушЧај линкот на Ливинг и читај А замисли те голтне езерото и те плукне негде - во Перу Ех да изворите кај Св. Наум се прекрасни. Хм а како беше легендата за некојси тип што се фрлил од Св. Наум во Охридско езеро сосе коњот за својата љубена? (леле ама прераскажувам ко клаберот - се начукал мислам, конташ и ондак се фрлил у езеро)
Е да бе, Перу, несакам таму, сакам во Дубаи да ме плукне Јас сега прв пат слушнав дека се случувале таму исчезнувања, сега ќе го читнам линкот
Луѓе!!! Луѓенца златни! Во Охрид има нешто ново (барем јас скоро дознав) - слаткара за турска баклава во турската чаршија. Оригинален вкус на турска баклава, уште го чувствувам мирисот и се радувам, зашто стварно јадев најубав деликатес. 15 денари е парче, луѓето се ептен фини, ги испофалив, изблагословив и сега сегде ќе ги кажувам. Рацете да му се позлатат на мајсторот Кој ќе дојде во Охрид да ме бара за да јадеме заедно ... а јас утре ќе јадам пак
Баш ми е мило што сте разговарале за плажата кај Љубаништа мојата омилена преубави споемни од детството ме врзуваат за неа. Туку јас сум си самокритично чељаде и ќе ви спомнам што сега ме нервира кај новиве т.е. старите ама модернизирани де - плажи донеле песок израмниле и исчистиле тоа е за пофалба, ама изнаредиле лежалки и маси секој милиметар од просторот го зафатиле со нив, едно што фајде од песок ако лежам на пластифицирана платформа која бај д веј се наплаќа задолжително и сите плажи претворени во кафулиња ок е да има простор да испиеш кафе или сокче или коктелче ама па во пустите плажи со маси и шанкови исчезнаа плажите. Јас сум си олд фешн и си сакам да легнам на песоче врз меко пешкирче и да се сончам превртувајќи се за фаќање боиче не да се килавам на преплатена лежалка и згора на се‘ ене го Аквариус ако ми е за кафе муабет што ќе минам км за истиот ефект?! Од пуста модернизација на плажите без плажи останавме .
И јас тоа велам. Некој многу погрешно го сфатил земањето на плажа под концесија. Концесионерот има право да постави шанк и на одреден дел од плажата да постави чадори и лежалки, другиот дел на плажата е слободен за посета и никој нема право да ти забрани да ја користиш. Плаќање влез, астрономски цени за лежалки или што ми се случи мене на една плажа до Немо, забрането било да се поставува пешкири на плажата, ако сакаш само лежалка, а лежалката 200 ден Барем да се погрижеа за чистотата и услугата на плажата. Исто така ме нервира се поголемиот број на плажи кафулиња, т.е. модни писти. Со штикли по песокот? Шминка на +30? Но, изгледа секој има различно сфаќање за плажа. Дојде време охриѓаниве да не можеме саглам да појдеме на плажа, а да не зборувам за туристите. За среќа имаме избор и доста "слободни" плажи, секоја чест на исклучоците.
Градиштееееее! Не поминувам лето без да наминам! АААхххх одлични журки цееел деееннн,многу луѓееее,одлична музика (поготово 2 плажа) ќе се изнаденсам цел ден и после 6 ипол кога почнува да се празни плажата,музиката е порелаксирана и заоѓањето на сонцето=мир за душава!
Знае некој каква е атмосферата ова лето на Градиште? Какви се 1ва, 2ра и 3та плажа? И по некоја сликичка ако може да се сподели.. Денес дознав дека после 10ти август цена на приколка од ноќевање е 700 денари. Дали некој знае колку е за шатор? Поздрав Феминки
^ Бев завчера таму и се изненадив од гужвата. Преполно беше на трите плажи (до Оревче не стигнав, затоа што се стационирав на третата). Како и секогаш, водата преубава, супер беше. Е сега цените не знам какви им беа на пијачките, не платив јас
^^Прв пат слушнав дека имало ваков музеј во Охрид, цената на билетите е 100 ден. за возрасни, а 30 ден. за деца и студенти. Затоа прашувам.
Ако мислиш за ова: Тоа е на патот накај св Наум одма се гледа по патот. Само да те предупредам понеделник не работи.
Колку ми е ќејф што летово е слаб Охрид. Таа нивна нељубезност и негостопримливост редно беше да им се удри по глава. Мислат нивното студено езеро и кршлив пат до таму да го споредуваат со нашето украдено море, поготово Халкидики... ц ц ц
Јас мислам идната година да ставиме еден грејач во езерото. Слушам не биле задоволни туристите, ладна им била водата. Ама знам, ние сме криви. Криви сме што ова лето водата нам ни е топла како никогаш, и што нашите навикнати на таа вода задници ги споредуваме со нивните нежни газиња. Утре да се почнат потписи да се собираат, мора да се превземе нешто