Некој да ми препорача негде на плажа сами во Охрид? Да нема многу луѓе. Не е битно да има кафичи ресторани и слично
Пештани,мирна,тивка и што е многу важно нема многу луѓе.Водата е бистра а доколку има ветер,може да настанат бранови
Баш е чиста, деновиве таму сме постојано. Еве и слика За хотелот не знам ништо. Инаку ако се надевате дека нема гужва во Охрид, има. Особено за викенди плажите се преполни. Дистанца нема. @mssuniquee не смее да има лежалки по плажите, оти не се сопственост на хотелите. Само ако се земени под закуп смее, доста плажи се разрушени и несредени поради одлуките за дивоградби кои баш сега стапија на сила. Има лежалки, ако сакаш да си земеш, си плаќаш.
Која е оваа плажа? Баш е убава. Изгледа ние на погрешни сме иделе.. На Славија баравме за да заспие малиот не ни дадоа да се изнајми. На Куба либре ги плаќавме.. Здравје за следен пат читам Трпејца и Љубаништа ги фалат
После Славија, кај Св. Стефан, поточно кај хотел Аквалина, зад него е кардиолошката болница. Вака е наутро, кога нема гужва, после се полни. Мала плажа е, има лежалки од барот во близина, но не се поставени на сама плажа. Може ако сакаш да си земеш, ама од луѓето нема кај да ставиш.
@Rubiii не гледам слики во цитатот, а ме мрзи да си го барам мислењто одамна е, ама ќе претпоставам дека е Трпејца дека таму бевме тогаш.
Препорачајте ми апартман или соба за маж, жена и 8 месечно бебе во Охрид? Сакаме еден викенд да отидеме да прошетаме па доколку некој знае или самиот издава нека ми пише.
Нема многу, јас се вратив синоќа, бевме три дена со маж ми, на оние градските плажи има по некој, на дивите никој, ние бевме во Трпејца на плажа, беше празна и беше пријатно, не се осеќав несигурно, водата е доста ладна ама едно капење може да се издржи. Во центар се прошетавме само еднаш ама имаше гужви таму исто како во секој град, не се почитуваа мерки, може жими ние шо бевме со маски.
Женски моите сакаат да одат на викенд во хотел Мизо. Каква е водата во Далјан? Нели беше нешто спорна? Ги разубедувам да најдат друго место
Дали некој има контакт (по можност mail) од Вила Бубе во Трпејца или некоја друга вила/ апартмани на сама плажа таму?