Охриѓани и туристи во Охрид Ве молам препорака за плажа, дел од плажа, местенце.. каде е мирно, тивко, без гужви со чиста вода? Трпејца? Љубаништа? Пештани? Или друго? За со мало детенце да се бања и да си игра со часови во песок. Дали воопшто може да се бања, водата топла е или ладна? Дали има гужва премногу периодов? Препорачајте ми место/плажа/сместување? Благодарам
Песок само во Љубаништа. Трпејца е многу чисто ама нозе да искршиш. Гужви немало преку недела, само викенди. Во Љубаништа бидејќи е подалеку не верувам да има гужви.
Здраво женски. Може ли некој да ми препорача апартмани во Охрид? Три другарки сме не сакаме да е многу оддалечено од центарот. Ви благодарам однапред
Се мислам дали да одеме со дечко ми некој ден до Охрид околу 2ри август, ама тогаш фул ќе биде со народ и корона ем не знам дали да одиме.
https://www.pazar3.mk/Оглас/Се-изна...staj-vo-ohrid-studija-amigo-vo-centar/3211451 Јас лани бев во овој, супер е кај музичкото училиште беше за 5мин си на кеј
Дечки, дали бил некој сега брзо Лагадин? Како е со гужва на плажа? Би сакала таму да одам на неколку денови, подалеку од центар, ама плажата е доста малечка па дали воопшто ќе имам можност да одржувам растојание или преполно е?
Здраво може да ми препорачате некој хотел во охрид за 2 дена убав да биде чисто да има плажа,сауна, базент аква парк убаво место да биде ве молам за одговор?
Хотел Park, на самата плажа (Park Golden beach), исто така има и базен. Хотел Inex Gorica (мислам сега го има сменето името, но не знам точно, проверете на интернет), плажата е одма долу, се слегува по скалички. Блиску е и плажата кај хотел Силекс. Всушност повеќето хотели се одма покрај плажа.
Некој да ми каже како е патот до комплекс Минами? Знам дека е високо, ама прочитав дека бил многу стрмен и лош патот за возење. Со бебе сме, па ќе треба до плажа секој ден да возиме.
Сме биле ние ама навистина е лош патот. Горе е преубаво, ама не би идела секој ден. Ама сепак, јас не поднесувам добро патување. Еве и некоја друга членка нека сподели.
Асвалт е или? Лош во смисла на кривини, тесен или? Само што не уплативме, и сега ова ептен проблем ми е.
Да, асфалт е, ама тесен со многу кривини. Не знам сега за друг како би поднесувал, јас сум многу осетлива на пат, ми беше лошо. Ама освен патот, вилата е многу убава. Ако поднесува човек пат, стварно вреди.
Јас сум од Охрид, но пред 6-7 год. редовна бев во кампот по 10 дена годишно. Од тогаш сум презадоволна. Приколката си имаше и паркинг, плажата е тука. Е сега има заеднички тоалети, не знам како е тоа сега регулирано. Инаку местото и преколките беа супер. Сега сигурно се измениле на подобро. За цената не се сеќавам, но можно е да беше по 1000 и нешто. На таа цена има и такса по човек, ама пак мислам дека е исплатливо. Ако одите убав помин и би ви препорачала само самите да си испрскате со дезинфекциско ради коронава (сигурно и тие дезинфицираат ама сепак).