Има група на фб - Издавање апартмани во Охрид можеш да си разгледаш а исто така и на реклама5 има огласи за сместување.
Јас бев пред некој ден али само на базен како посетител. Инаку прв пат отидов таму и го видов хотелот.Ептен убави куќарки има и апартмани.Има приватна плажа (мислам) хотелот, има паркинг има ресторан, базен, продавничка спроти хотелот. Само водата не е баш баш стакло бидејќи е песок доле и се гнаси. @sweety90 Апартмани Виктор, Вила Миранда, Вила Дишлиески, едни апартмани одма позади хотел Тино во уличката лево. Имав броеви до лани од смештаи што сум барала за другари/другарки. Лично искуство со смештај немам искрено @Goca92 Голден, Метропол, Гранит, Белви, Аквалина, Горица, Мизо, Силекс, Турист
Јас не сум била одамна, но од она што го видов на Booking.com, Пазар 3 и Airbnb цените се од 25 евра по ноќ па нагоре.
Ако не делиш со бар уште двајца изгор е.Пола не ни палат таксиметар. Секое лето сум овде и секое лето пробуваат да ме украдат. Со 20/30 возат намерно па дури и после излез на Охрид према плажите. Ја споредувам со цените у Скопје. Во Ск за 13км (точно 13) ми земале 250 што е океј.Овде за 9км сакаат 250 Епа не може.Башка ни попуст нема.
Секој град си има посебни тарифи утврдени и заверени во општинскиот оддел за сообраќај. Во Скопје има понизок старт, километражата е поскапа. Охрид обратно. По таксиметар за 9км во Охрид е 300 денари, значи и тоа што ти го побарале е пониско од законски утврденото.
Не ме зезај.Од Метропол до Охридска ми имаат земено 250, с пробале и од Охридска до Голден да ми земат 250. На страна што кружат, што не палат таксиметар и што возат споро. Ја со иста такси компанија се возам секогаш у Охрид и секој шофер различно пробува да удри на цена.Не може тоа така. Ако сум од Скопје не значи дека сум од Марс падната.
Јас ти кажувам како е по тарифа. Охридска до Метропол има 8 км, значи 250 денари. До Парк во никој случај не е 250, само никој не сака да вози до таму за 100. За попустите немам коментар, доаѓаш во туристичко место и бараш попуст за превоз.
Значи не споредувајте Скопје и Охрид. Охрид е туристички град нормално е да биде поскапо. Во ресторан ако седнеш исти ли се цените во Скопје и во Грција, Хрватска, Будва?
Цената не оди од времето кое си го поминал во такси, туку од километражата. Значи нема врска со која брзина вози. Ако се работи за иста релација и со 20km/h и со 80km/h е истата цена. Конкретно за Охрид старт до 1km е 50 денари, а секој нареден километар е 30 денари. Значи 9km би биле 50+8*30=290 денари по таксиметар. Работата зошто не уклучуваат таксиметар е затоа што самите таксисти на поголеми релации си имаат одредени поефтини цени по договор. Ова го кажувам од искуство, имам познавање од темава. Ако е нешто нејасно пиши ми.
Да се надоврзам за случка која ми деси февруарито во Скопје. За од Сити Мол до автобуска нели се оди направо по Партизанска. Таксистот сврти по Илинденска (иако се качивме в такси на Партизанска делот), потоа изврти круг низ Центар за цената да дојде 300 и нешто скоро 400 (не се сеќавам точно бидејќи дечко ми плати). Го знам барем толку Скопје да знам дека добро не извртка кога со разговор сфати дека не сме од таму, но ете не сакав да коментирам да не има проблеми. Искрено не преферирам да се возам со такси во друг град (особено во Скопје) од општа причина што ми е страв, макар и со друг заедно. Ова отвара скрос нова дискусија, се извинувам што го пишав ова тука.
Има и за 350-400 денари по човек настрана од центар, добро опремени. А ако некој сака луксузен хотел со базен и сл. тоа е друго. Навистина некаде ги дигнале цените, но да не грешиме и за оние кои чесно си работат. Еве на реклама5 имам видено многу огласи со пристапни цени.
Објаснав во претходниве пораки. За 6км би било 50+5*30=200 денари. Забелешка: Таксистите заокружуваат. Ако ви дојде 167 денари ќе ви наплатат 170 ден, но затоа за 163-164 ќе ви наплатат 160.