Барам смештај во околината на Охрид. Дали знаете некое студио во близина на плажа? Со мало дете сме па мислам дека повеќе малтретирање ќе ни биде ако сме сместени в град, и да одиме по 2 пати дневно на плажа.
Понепопуларните да речам. Лично два пати сум бидена “Куба либре” и немаше гужва, сите беа на растојание. Овој период не знам како е, цел град е полн, така да ништо не е сигурно.
Барај во Трпејца или пак Лагадин. Во Лагадин би ти препорачала да бараш смештај околу хотел Лагадин и Макотекс, сите апартмани што се подолу искачаат на мноооогу тесно плажиче. Погледни на Гугл мапс. Пештани исто имаат плажа преку улица, но пак мене не ми е "баш" плажа.
Денес бев Славија од кај 10:30 до нешто пред 1 часот и се изненадив. Дали гужвата е допрва или поминала инспекција не знам, но ете со свој лежалки луѓето беа на навистина океј растојание. Инаку тоа е меѓу тобоганот и Св. Стефан.
Друштво топло ви го препорачувам хотел мизо прекрасно мирно место базенот супер има и плажа собите супер чисто многу задоволна сум.
Фала ви. Да знам за Славија. Се надевам дека после празников ќе се понамали гужвата, за околу 10-ти е планирано.
Да ми каже некој, како е со превозот во Охрид мислам на автобуси, и како се движат цените за прошетка со брод, доколку има некој информации нека пише, исто и да ми каже кои места се добри за да се посетат?
Здраво Да прашам слушнав дека има превоз со комбе за подалечните плажи т.е за Градиште на секој пола саат. Каде можам да го најдам тој превоз има ли за од Центар и дали има за назад за враќање? И плус ако знаете дали навечер има во некои кафичи журка? Каде одат помладите? Нешто свирка, жива музика било што но да е кафич не ресторан? Благодарам однапред.
Имам резервирано од среда во Охрид, мислев после празников да избегнам гужви. Сега гледам баш тие денови времето ужас, а јас веќе го земав одморот. Кој малер сум значи....
Во Liquid cafe одат помладите и скоро секогаш е полно, само мора претходно да резервирате. Нема жива музика, во случај тоа да ти е пресудно.
Здраво, Дали некој бил во хотел Свети Наум? Има разни коментари на booking, некој да бил скоро да сподели ?