Дали некој годинава бил во одморалиштето Радости, да сподели искуство. Годинава е отворено и за фамилијарен одмор, а и цените се доста поволни, па ме интересираат условите и плажата.
Мислам дека 600 ден од човек, но не ме држи за збор. Со закажување работат. Нема да можеш одма да се возиш ако отидеш кај подморницата. Се возиш 1 час.
Каде можам да отидам на базен во Охрид фамилијарно? Дали постои таков, или може и во некој хотел? Секако ќе си платам. Ако знаете и цени пишете ми.
400 денари од човек али нема шо да видиш и че бидиш ако не ништо повеќе горе, исто како на брод да си. Нема што да видиш "доле".
Дали има организирано некои тури од центарот на Охрид до националниот парк Галичица или пак Заливот на коските ? Нека сподели некој доколку знае бидејќи гледам дека ова лето се доста посетувани места, а не сум во можност да отидам со сопствен превоз.
Некој што е од Охрид, ми треба сигурба информација за тиа колку се чести автобусите за св. Наум периодов? И како се справува тој превоз со целава пандемија се почитуваат ли најосновните мерки?
Ќе одиме во Охрид од 03.09 со мм и синко (20 месеци). Предлози каде би можеле да се прошетаме тие 4-5 дена додека сме таму? Веројатно нема да е топло за капење, па само за прошетки сме.
Ако е како досега топло, ќе биде супер за капење. Ние секогаш сме се капеле во септември, до кај 15-20 сигурно, освен ако не се влошило времето. Како што е поместено летото, ништо чудно септември да биде цел топол, таман за плажирање.