Сега се разочарав, времето ужас ќе биде за викендот што планиравме да одиме на почеток на септ. Друга опција ми е од следниот петок, ама веројатно гужва голема ќе биде ради продолжениот викенд? Уф, се изнервирав стварно. Цело лето никаде не сме мрднале, и еден викенд сакавме само да прошетаме, гледам ќе врне.
Охрид ми е најпогоден за летен одмор од 12 јули до 12 август, иако знае и септември да изнеанди со пријатни температури, ама водата таму брзо станува грч ладна. Имаме приватно наше сместување ама толку ретко го користиме што повеќе е трошок одржувањето на годишно ниво отколку бенефитот од неговото користење, ама ете нека го. Другата мана на Охрид е што во овој временски термин кој го наведов е преголема гужва и мене лично многу ми пречи тоа, нема кај да се опружиш на плажа без некој да е лепенка за тебе, нејсе од Охрид имам многу убави есенски спомени. Семинари во октомври и конгреси во мај, така да во главно како град и туристичко место кога се нема избор да се помине преку граница ми е омилен.
Предлог за добар ресторан (не изгор скап) некаде околу Св. Наум, Љубаништа или Трпејца со поглед на езеро?
Периодов на кои плажи има помалку гужва? И што мислите за водата чиста ли е? Или постои можност да се фати некоја инфекција?
скоро секаде се гужви, освен врнежливи студени денови, иако сега би требало да намалува. најсигурно појави се па види... а за инфекција, секогаш е ризик, а водата некако валкана последно време...
Љубаништа нема, во Св. Наум се само два, едниот на изворите, другиот понавака но баш е кафана само со скара. Незнам дали можеби работи хотелскиот ресторан во хотелот св. Наум а да не сте негови гости, тоа може да прашате. Но јас би ти препорачала да одите во Трпејца и да си касмете убава свежа риба. Има неколку ресторанчиња баш со поглед на езеро. Ресторан Уно, ресторан Рибар, Таверна Мрестилиште..
Имаш еден ресторан во св наум одма над плажите спроти острово, мислам дека се вика куба либре цените беа нормални
Дали знае некој колку пари е кајче од Трпејца до Св. Заум и колку време се оди? Колку луѓе може со едно кајче?
Дечки,што би ми препорачале некој ресторан во Охрид?Сместени сме во Инекд,меѓутоа планираме таму да вечераме..Претежно сме за медитеранско мени,риба... Пишете некој добар ресторан