Женски да ми педложите убаво среден апартман, добра хигиена, кујна да има а со убав поглед на езеро и бонус ако е блиску центарот фала
Здраво, ми треба апартман асален во с. Љубаништа дали некој знае? На гугл освен ВН Апартментс ниедно друго не ми дава.
интересна петиција, се надевам дека можеме да собереме многу гласови https://www.change.org/p/klm-introduce-klm-flights-to-north-macedonia
Миандрија пред 1 месец постираше сториња(објаснуваше) дека на Св. Наум има некој ресторан кај што може да отидеш и да пловиш додека ручаш. Како се вика ресторанот? Се наплаќа ли тој 'луксуз' дополнително? Има ли некој да каже искуство? Фала однапред
Острово се вика ресторанот. Не знам дали таа услуга се наплаќа. Фино е, природата околу е прекрасна затоа што се наоѓа на самиот извор. Само храната е доста скапа, рибата е околу 2500 ден кило. (Не сум ги гледала сторињата, ама верувам дека се работи за тој ресторан).
Јас сум пловела неколку пати, ама по охридска линија Ако сте повеќе луѓе со ‘добар’ ручек може да се договорите да го пуштат сплавот. Исто ако сте повеќе луѓе на сплавот сите треба да се согласат да се пушти ( околу 4-5 маси има на еден сплав). Ресторанот е Острово Св. Наум и најдобро прво да си прашате зошто знам имаше слики од Охрид лани дека 100 еур или така нешто наплатиле. Искуството е убаво, ама нешто многу блиску до тоа е и пловењето со кајче по изворите. Е сега не е исто стори да ставиш со кајче или сплав )
200 евра е луксузот, и повеќето сплавови им се пуштаат, а мислам и дека се резервираат поголемиот дел од масите. Се исплати само повеќе луѓе ако има па да се подели сумата.
@Avery @Discovery @Brpbrp Фала ви многу женски Не беше работата за стори, сакав да осетам нешто такво -посебно да речеме, ама искрено ценава ми е соленка некако (со оглед на тоа дека ние сме 4 души само) Возење со кајче низ изворите колку чини знаете ли? 9393пати сум била у Охрид во рок од 2 години ама само за на плажа, е сега сакам како Турист да се задржам и да го видам Охрид од друга перспектива, некои препораки?
Девојкии вчера бевме со маж ми викенд Охрид, имало некој новоотворен Ланч бар, па сакавме да го пробаме зш повеќе пати сме бидени покрај кеј цените се изгор многу префинети ова не е покрај кеј ама има одлична атмосфера онака чил да си поминиш плус цените им беа топ, да си го посетите, персоналот супер им беше Венус Ланч Бар се вика местото кај Црвен Крст, плус слушнав лепчето за бургери сами го правеле топ топ 10/10.
И јас дојдов поради стори на Миа. Вчера имаше објавено едно езерце, мислам го нарече розово. И ова местенце, се надевам нема да ме тужи за сликата: Спојлер Прашањето ми е: кои се двете места и дали се стигнува пешки? Ако да, од каде, како, колку време и слично?
Ќе одам летово со друштво во Охрид, сите сме 17-19 години и сакаме во некој камп да бидеме сместени. Кој камп би го препорачале кај што одат повеќе млади наша возраст?
Има приватни и приколки што се во сопственост на Градиште. Нивните беа околу 700/800 денари дневно ама ова пред неколку години. Сега не знам како е. А приватни имате да си видите на пазар3 или реклама5 и во главно зависи од сезона колку ги даваат, може да најдеш и поефтина. Инаку има една спална и две креветчиња на спрат, максимум е за четворица, тесно е ама може ќе се приберите, особено ако не сте многу високи.
Да, јас лани бев таму, прекрасен е станот - Студиото во Вила Стефанија е ова https://www.booking.com/hotel/mk/vi...&from=searchresults;highlight_room=#hotelTmpl
Препорака за убав смештај во близина на центарот во Охрид, да има паркинг за кола и да не е многу скапо...
Мадам преку букинг ако резервирам ќе биде океј ? Некако не ми е сигурно а на фб неможам да најдам профил,страница. Како резервираше ти?