Скап е Охрид. Многу, многу скап. Па ќе кукаат после дека немало туристи. Е па немало. Да се нема смисла за бизнис, за развој на туризам, да се гледа само 200 посто да се заработи. Ако се продолжи вака секој година послаб ќе биде. За љубезноста како и секаде и тука, има и љубезни и нељубезни, не може сите во еден ќош да се стават. Инаку, градот е прекрасен
здраво на сите јас сега се вратив од охрид и со цените не е баш супер,некако со сместувањето ја згрешиле работата по телефон беше цена 300ден а таму откако се сместиме добивме цена од 350 ден,ај 50 ден ништо страшно но пострашно е сто немавме ни фрижидер ни шпорет ништо добивме само кревети и купатило што го делевме со уште 10 души и имаше редица за во вц.како и да е беа малку денови па издрживме туку сакав да прасам дали има некој на форумов од охрид сто знае како се викаат дечките што го имаат картингот на билјанини извори?????
Од плоштад до Охридска банка е околу 10тина минути. Од Ох. банка до мини маркет е 20тина минути. И од мини маркет до кај болниците е отприлика 20тина минути. Oтприлика 4-5 километри.
Пак јас да прашам Уште ова е, ветувам Се јавив преска да резервирам смештај од 27ми јули, и жената ми вика куќата е кај новата автобуска станица. Велам колку станици има во Ох? Ми вика ние сме кај новата, малце погоре е од старата. И демек куќата е на 20тина минути пешки до центарот. Вистина е ова или ме лаже?
епаа од прилика толку се, ете до 30 минути да речеме, ако е точно кај новата автобуска... картингот го имаше братучд на мајками со уште некој пријатели, мада што не сум сигурна дали тој го има...ако сакаш ќе го прашам па ќе ти пратам лп
Епа за жал и јас ќе се придружам на групата НЕобожавателки на Охрид. Секако нема да ја одрекувам убавината на градот и неговата културна вредност, но ужасно ме нервира односот на Охриѓани. После толку поминати денови во Охрид, неговите жители упорно не колнат нас "Скопјаничишта", ко да сме дошле војна да водиме со нив, а не одмор да истераме! Каде е она "Добар ден" за секој турист, повелете итн.. Постои само не може, никако и слично. Цените нема да ги коментирам, доволно е да слушнете за тоа на Вести. Но, впечатокот за цената се поправа лесно, кога ќе види некој дека цената од минатата година е спуштена, лесно ќе се накани повторно да дојде, но оној впечаток и она дрско однесување оставаат лузни во сеќавањата на нечиј одмор, и нормално тоа е првото нешто што ја асоцира личноста кога ке и го спомнете Охрид. Мислам, со кој памет, човек може куферите на свои туристи од двор да ги исфрли на улица , кои иако се сложиле порано да го напуштат апартманот и претходно го замолиле да остане багажот до 2 часа најмногу ВО ДВОРОТ, за подоцна си го најдат истиот на улица?!! Како може угостител во 5 часот наутро на деца од 15-16 години кои дошле да јадат после забавата да им збори вие Скопјани вакви, вие ни љубоморите што имаме езеро, ни го загадувате градот..не помислувајќи дека во тој момент зема 100 и кусур денари од тие млади со кои ќе го купи лебот и млекото за тој ден! Не дека само ние Скопјаните правиме промет, но да бидеме реални Скопјани беа главните двигатори на Охрид, годинава сепак решија повеќето како што гледам да го заменат со море..како што беше и мојот случај. Страшно и болно..вака да се предизвикува одбивност кон еден од ретките наши бисери..
Прво ќе ви кажам една случка со охридските таксисти.Пред две години со другарки на одмор во Охрид,имавме изнајмено апартман во центарот на градот и моравме секој ден со такси да одиме на плажа.Тој ден требаше да одиме на плажата Немо,и баравме такси.Прашавме двајца-тројца таксисти сите беа еден до еден и сите ни рекоа цена 300 денари Ахам,300 денари во еден правец од центар до плажа Немо.И се качивме во такси,немавме избор беше толку топло а и веќе беше малку доцна за да чекаме уште.Само што стигнавме на плажа,јас забележав дека си го заборавив горниот дел од купачите и морав да се вратам повторно. Излегов да барам такси,налетав на едно и прашав колку ќе ме чини до центар и пак назад.Човекот ми рече,па околу 200 денари одење и враќање вкупно,ти одговара?Значи можеле и по малку по нормални цени да возат. Го сакам овој град затоа што има што да се види,природна убавина ,едно од најубавите места во МК.Но,не летувам во Охрид,многу ретко,од причина што сите угостители се алчни за пари,сите гости ги гледаат како илјадарчиња и 500 денарки,а не како луѓе.Премногу е скапо,премногу!!! За жителите на Охрид,па не верувам дека сите се исти како што се збори-лоши,негостопримливи и слично.Како и насекаде што има пријатни луѓе и такви кои тоа не се најверојатно така и во Охрид.
Ацерола Центарот на градот е 5 минути оддалечен од гимназијата, каде стојат комбиња за плажите, не се поскапи од 40 денари. Таксистот ви ја кажал цената пред да влезете и вие сте се сложиле. Нема правило по кое сите мора да возат по исти цени, ако ти одговара влегуваш, ако не бараш друг. Можеш и да се јавиш на телефон и да си нарачаш такси од поефтина компанија ако не ти се чека да помине друг.
Имат и таксисти шо возет по 40... Пред да влезиш прашуваш: „По автобуска?“ Аку ти речи да, значи ќе ти наплати 30 или 40 (поверојатно е 40, ама едно време и за 30 возеа ) Така ко ќе прашаш, скоро сите возет по автобуска, поретки се тие за 200 или 300.
Е арно малце погоре е Старата автобуска ти е ептен во центарот ( сега кај шо се новите лилјакови згради) а новата на влезаот од Охрид. Реално гледано ептен ти е далеку од центарот и ај ти се молам кажи ми колку ќе плакте?
Охрид е прекрасен град, навистина. Ама 90% од тамошните со кои сум дошла во контакт гледале само што повеќе да ми го исцедат новчаникот. И какви се тие цени за смештај? После, македонските туристи се повеќе оделе на одмор во странство. Па ќе одат, кога за иста цена ќе видам море и плажи далеку поубави. Охрид е една убавина, и треба да работат на привлекување туристи не на бркање. Еве јас годинава сакав да си истерам 5-6 дена во Охрид. Мерак ми беше. Се јавив на пет места каде што се јавив и и претходната година, смештајот таму беше 350-450 денари а оваа година 550 на сите пет. Си бев во Грција и поминав 100 пати поефтино. И пак ќе одам, а македонските туристи се повеќе ќе одат во странство. Повеќето Охриѓани треба се научат на гостопримливост, па после не само следната година што би дошла пак, туку и сите наредни. Да не почнувам за повеќето таксисти, кои прво ти кажуваат плафонска цена, па после ако се намрштиш ќе намалат. И многу се некултурни. Другарка на моја познаничка, таксист пред една недела ја удрил! Е не одам бе, не одам.
Да,точно,ние се сложивме на таа цена зашто беше неподносливо топло и не сакавме да одиме со комбиња.Неколку пати се враќавме од плажа со комбињата,но само сакав да кажам дека постои и алчен и поштен народ,како вториот таксист на пример што ме возеше во два правца за 200 денари, а и некако треба да се направи ред на тие таксисти кои си заработуваат на тој брз начин.
Епа ќе бараш да ти уклучи таксиметар. Јас знам лани со другарките требаше да одиме од кај Охридска банка на раскирсницата до кај Билјанини извори и дека со штикли викаме ај со такси и се качуваме во едно и ни вика по 100 денари. И му викам а да уклучиш таксиметар може, и вика не ми работи. Аха, добро, пријатно. Си се качивме во друго, побаравме таксиметар да уклучи и не фати по 50 денари, ни толку може..