Годинава се ептен дигнати цените на сместувањата, под 1500 ден од вечер за двајца нема, а условите стварно не се којзнае какви.
Дечки здраво, ако може некој да сподели интересни диви плажи околу охрид? Јас ја знам онаа после Градиште само. Би ви била благодарна
За кој период ова? Знам во 2019 вакви цени за апартмани имаше околу Илинден, односно за концерите. Не ме чуди да се покачени цените, но еве нека ги подобрат условите оти секоја година условите се полоши и полоши, сакаат само да грабнат пари, а ништо да не понудат, издаваат подруми и гаражи.
За тој период екстремно тешко, поради концертите месец дена и повеќе однапред се резервирани. Провери евентуално на booking и airbnb или по групиве на ФБ и на пазар3/реклама 5, крајно по хотелите ако ти се исплаќа.
Да не знае некој дали се наплаќа влез на Метропол, Градиште, Jungle тие плажи? За периодов неделава и наредната
Колку е цената за паркинг во Охрид од час? Не баш таму напред на кејот кај што е 100 денари туку некаде поназад има за поевтино?
Па мислам дека има, и варираат цените исто како во Скопје што е. Ама секако дека има и поевтино од 100. Горе ми се чини кај Горна порта дека беше помалку од 50 ден паркингот за 1 час.
Ние плативме 150ден за паркинг на плажа, за во центар не знам. Јас Охрид од секогаш сум го сакала, ми бил убав град, редовно од мала одам, ама годинава многу се разочарав. Цени кренати, сместување за фамилијарни луѓе 45е од вечер за со бебе и мало дете од 3год, освен тоа безобразни на телефони, без никаква култура. Другарка ми кога бараше смештај минатата недела и рекоа 15е од кревет од вечер и тој од таму и го лупнал телефонот. Од лани ми е ум повеќе Охрид за празник не, а и ќе размислам дали ќе појдам в година, можи ќе појдам радо Струга.
Има за 30 денари а близу до шеталиштето. Има и бесплатен малце понастрана ама сепак не е далеку пешки до центарот, ние таму паркиравме
@boo3 од мене топла препорака за Вила Котлар, прекрасна е вилата, пречисто, ново, газдите љубезни. Планирам и јас тој период, се надевам нема да е пребукирано се.
Настаниве се во овие денови, каде да гледам што ќе има од 3ти натака? или пишете ако знаете некој настап, концерт нешто
Незнам каква музика слушаш, до 20ти август трае Охридско лето така да таму секоја вечер има, Ван Гог се на 06.08 и Данијела Мартиновиќ на 07.08. Во Егоист ги имаш Милица Павловиќ на 07.08 и Цеца на 14.08. Во Liquid секоја вечер има DJ, исто убаво е и во Le Petit. https://avalon.mk/koncerti.nspx http://ohridskoleto.com.mk/програма-настани/