Кај Мече е карши хотел Метропол, на патот е баш.Па ја дека не сум месождер си јадев компири Ама секој шо има јадено месо го испофалил.Било какво месо Таму преку лето нема игла кај да падне.И резервацијата џабе И у Минами сум чула дека е убаво
Што и да порачаш, скара, риба, салати, нема да згрешиш. Се наоѓа измеѓу хотелите Гранит и Метропол во населба Коњско. Баш на патот е, нема да го утните
Абе наместо традиционално македонско јадење, тие служат италијанско... А чим чекаат по пола саат за пица, ќе чекаат и за компир манџа. А сега кога ќе поскапат намирниците за пица, ќе молат да ме јадат во ресторани.
Здраво, дали имате искуство со Амфора Ресторан и дали рибата им е вкусна ? И дали може да ми препорачате добри ресторани каде што навистина е вкусно и каде што нема да ве излажат за сметката
Риба најдобра и најдобро спремена на жар, има во Радожда, и во ресторан Рибар во Трпејца. Пред два викенди бев таму, рибата превкусна, а сметката дури и смешна беше.
Во Радожда сум била поодамна, 1кг белвица беше околу 1200мкд. За пастрмка не знам Во ресторан Рибар јадевме Пастрмка, ама па ич не видов колку пари е, само знам дека сметката беше мала, дури и смешна.
Риба навистина убава има во радожда само, а за пица не се слагам со Компир. Најубава пица во Охрид има во Прова
Во Леонардо пицата има многу мастраф и е со убаво тесто. Но не се сите вкусови и луѓе исти. Ете нека проба на двете места и нека каже.
Дали го имате посетено Хотел Тино во центарот и доколку да, какво е вашето мислење за истиот? Пред се ме интересира како е спа делот, дали е потребно да се резервира и дали во еден термин се закажуваат повеќе лица или не. Гледам на Групер има купони за 1300-1700 денари од лице па ме интересира како е. Во Хотел Тино Св. Стефан нема место.
Здраво ме интересира дали населба Далјан е далеку од центар сакаме да одиме на викенд таму па ме интересираат повеќе информации?
Воопшто, од Далјан до центар имаш 10 мин пешки. Далјан ви е супер место зошто е блиску, а сепак далеку од гужва и галама. Имате маркети наоколу, од тој аспект сте покриени. Стариот дел на градот (Варош) ви е исто така на 5 мин, доколку сакате го прошетате, видите. Езерото ви е пред вас. (ѕирни слика)
Дали некој знае градски автобус линија 2 на постојката на Железничка кај хотел Ловец во колку поминува, ако знае и цел возен ред нека прикачи и фајл. Ви благодарам од напред
Предлог сместување во центар на Охрид за со две мали деца. Ми треба по комотен апартман за да се движат децава да не речам трчаат и лазат
Ми треба сместување во Охрид за три дена,во центар пошто сум без кола. Каде да гледам, да резервирам однапред бидејќи планирам Јули да идам. Фала