Вилата каде што бев јас од кејот е оддалечена 3-5 мин, а од старата чаршија 10 мин пешачење, од Канео 24 мин , доколку те интересира ќе ти објаснам подетално.
Букинг и аирбнб, јас за сегде таму резервирам или барем барам па ако ми е поефтино на страната на хотелот/вилата сеедно дирекно им пишувам
Почеток на јули со другари ќе одиме во Охрид па ако знае некој каде застануваат комбињата за одење до плажите во колку саат и колку пари се? Фала
Пред жито леб, големото кружно блиску до гимназијата, не знам колку го знаете Охрид. Има цело време. За цена не знам точно, 40-50 до поблиските плажи, а подалеку пример градиште 70тина. Ова од поодамна што знам, во последно немам одено со комбе. Може и поскапени се сега не знам.
За овие што се поблиску имаш скоро цело време, и таксиња има. За подалечниве еве види погоре членката постирала.
Ние бевме сега неделата.Немаше воопшто гужва.На св.Наум скоро се беше празно.А бевме баш на пладне,ни рано ни доцна.
Јас моментално сум тука, веќе неколку дена. За викенд можеби има нешто повеќе, преку недела не баш. Плажите речиси празни, чаршијата нешто слично, после 22 штама.
Многу ли е оддалечена новата автобуска станица од центарот, една другарка нашла 300 ден од особа смештај во Охрид, но апартманот се напга кај новата автобуска станица,па немаме ориентација колку е оддалечено,затоа и прашувам.
Дали знае некој каде застануваат комбињата за одење до плажите во колку саат и колку пари се бидејќи ќе бидеме сместени кај Тамаро туристичка?