Најчесто ги има на 20/30 минути, на лето, особено шо повеќе фирми возат. Кое тамаро на туристичка? Застануваат на самата автобуска кај охридска банка после кружниот одма од десна страна или долу кај гимназија исто на автобуската. Цените варираат. До градиште беше 60 ден, ама сега со горивово верувам дека се поскапени.
Колку возат комбињата од Охрид до Пештани и од каде тргнуваат?Кога е послениот превоз во колку часот знае некој?
Застануваат на булевар Туристичка: на автобуската кај пекара Мартина, на автобуската кај гимназија и автобуската после пекара Жито Леб.
Има ли некоја плажа со лежалки близу центар, мислам - горе-долу 30 минути пешачење може, битно ми е да се искапеме еднашка, не мора да е нешто преубава. Само име ми дајте или нешто за да можам да ја најдам на google maps. Фала.
Плажа Парк/Golden Beach пешки по кеј или евентуално Канео/Потпеш ама не сум сигурен на вториве дали има лежалки.
А се капат луѓе на плажа Потпеш така? Ја најдов онлајн, ама повеќе слики имаше како шеталиште. Да не бидеме единствени по купаќи.
Здраво, дали некој бил да каже која е цената на лежалките оваа година во Охрид? Славија, Силекс, Пештани, Лагадин? Некоја од тие?
Здраво, Нов сум на форумов. Би сакал да се информирам за превоз со автобус од Охрид до Скопје. Дали знаете како се движат цените во глобала, како и термините на поаѓање? Благодарам
Галеб возен ред: Охрид- Скопје 05:30, 10:45, 15:00, 19:00 Скопје- Охрид 08:00, 10:00, 16:30, 18:30 Класик Компани возен ред: Охрид- Скопје 06:30, 09:30, 11:45, 17:00 Скопје - Охрид 11:00, 13:00, 19:30 Повратните карти се движат 1200/1300 ден.
Нема Св. Наум не е мерило за добра и плодна сезона, таму е преполно само на денот на празникот, капачи ретко кој оди, изворите се таму, водата е ладна и не е баш погодно за капење, башка што патот е крш и долг
Точна цена не знам, но од Галеб под 800 сигурно не е. Класик можно е да се малку поефтини иако после поскапувањата на бензините не би било чудно и тие да ги имаат качено цените.
Кај Метропол или Белви, видов дека лежалка е 200 денари, дури и за нивни гости наплаќаат 100 денари лежалка. На табла имаше истакнато цени, претпоставувам горе - доле исто е и на други плажи.
Здраво, дали некој знае колку се лежалите оваа година на Golden Beach? И дали мора со секое плаќање на лежалка да се порача и кафе/сок што и да е?
I jas planiram ovaa godina da odime vo Ohrid pa me interesira koi plazi se najubavi bidejki sinko e 3godini i dali sekade mora da koristis nivna lezalka