Како што напишав и погоре, реков повеќето со кои сум дошла во контакт - не сите. А за полиција си имам други ставови, да не се распишам ќе забега темата. Значи, Охрид како Охрид си е убав.
250 од вечер. Ама не е сигурно дали таму ќе седиме. Се мислиме помеѓу таа куќа и една кај болницата. Не го знам Охрид убаво, и не знам ништо кај се наоѓа и колку ми е далеку. Се изнервирав со смештајот, или е далеку и ефтино, или е во центарот ама цените се изгор. Епа за Охрид, не ми се даваат толку пари. Ама кога веќе не се договоривме за надвор од државата, ќе одиме таму ова лето. Следното, здравје на друго место.
Кај болниците ( мислам дека станува збор под болниците зошто над болниците ти се бараќите ) ти е поубаво барем според мене зошто автобуската ти е подалеку а и знам едни другари лани така отидоа и и викат блиску автобуска и ги сместија ептен на влезот во Охрид во едни забутани улички абе катастрофа.
Eве ние најдовме место во Рача ,не сум била таму до сега ,ама на друго место немаше слободни соби во терминот кој ни одговара ,па ајде ваму. Кажуваат дека било нешто подалеку од центарот ,а 300 денари е од вечер. Што ќе биде и како ,не знам ,знам само дека едвај чекам да дојде петти за да појдам веќе еднаш! Знае ли некој како е таму ,искуства ,ова она?
Јас одев пет - шест години по ред во Охрид на одмор и сум задоволна баш од се. Ни се погодија многу добри луѓе газдите, и од што секоја година им одиме последниве две години ни нудеа да останеме уште по ден два гратис од нив, дур да им дојдат наредните гости И не само од газдите, онака сум задоволна и од гостопримливоста на охриѓани, и од Охрид. Единствено не сум задоволна од таксистите! Оваа година нема да одам во Охрид, сакаме да смениме малку, па ќе одиме во Грција. Инаку за Рача, мене лично не ми се допаѓа Рача ама ич. Пустелија невидена. Првата година кога отидовме во Охрид, пред да ги најдеме овие луѓе за кои погоре ви пишав, наидовме на еден дечко кој нудеше сместување во Рача и отидовме да видиме какво е, леле луѓе ми се плачеше. Пустелија, тоа куќичката обрасната во трева, страв да те фати змии да не те изедат, нема ни продавничка ни куќа во близина. Затоа кога ќе ми ја споменат Рача косата ми се крева. Ама секако не мора да значи дека сите куќи се такви
Совршенство, реално гледано, да тргнеш пеш од автобуска до Центар е поблиску отколку од Болница до Центар. Ама тоа ако сметаш буквално од автобуска баш. А тоа што има луѓе кои лажат за локацијата на сместувањето кое го нудат, тоа е друга работа.
Точно од автобуската преку улицата кај што е Макпетрол бензинската и Дон маркет за 10 минути си пред Охридска банка ама многу автобуската го сметаат за широк поим замисли си лани на едни мои другари и беа рекле дека се наогаат кај автобуската, а оно испадна на патот кон Струга Затоа е најубаво да си отидат и на лице место нека си проверат и кое највеќе и одговара тоа сепак за свои пари станува збор!
Летово бев цела недела во Охрид.Бевме сместени во центарот на градот, сега малце поскапо плативме, ама се ни беше блиску-Тинексот, плажата, чинарот... Одевме на плажата кај ресторанот Подпеш-имаше многу луѓе, водата е многу длабока и чиста, музика цел ден...Лежалката таму се плаќа 150 ден.Бев два дена и на Градиште.Имате комбиња кои од автобуската кај гимназијата ве носат за 60 ден. до кај сакате-Лагадин, Пештани, Градиште, Св.Наум...А имате и такси кое за истата цена ве носи до истите места.На Градиште стандард-езерото плитко и многу чисто, лежалката е 100 ден, во еден кафич, а во друг имате за 150 ден.лежалка+нес кафе.Цените на храната, облеката, бижутеријата ви се од прилика исти како во Скопје...Луѓе имаше многу, најмногу странци-Срби, Холанѓани, Французи, Хрвати... Се на се, супер си поминав и ви го препорачувам Охрид на сите, зашто градот е топ, а ќе имате чувство како да сте дома
Да се надврзам за тоа кај нова автобуска. Извадачите често знаат да излажат и да те замамат за точното место. Кај нова автобуска може да биде баш тука, може да биде и по Ристо Чадо и да ти речат кај нова автобуска, може и за патот накај Застава(ливница) да ти речат нова автобуска. А се случува и да те однесат Видобшта ама да ти речат претходно дека си на 10мин. од центар. Значи барајте точна адреса кај е куќата, потоа распрашајте се кај некој кој знаете дека нема да ве излаже и на крај закажете. Кој ѓавол те однесе Рача, тоа е на крај на светот за туристи. Ќе се изнадавате пари за такси. Далеку ти е. И тие што нудат по 250-300 денари знајте дека се далеку од центар. Познавам едни кои си имаат апартмани, со поглед на езеро, значи буквално в центар се, на пристаниште, ама цените се околу 30-35 евра и нагоре од вечер.
дај кажете некое поромантично охридско место...па макар и в кола да се седи оти се е видено превидено
Значи јас просто го обожаам Охрид...! Еднаш годишно мора да се посети а највеќе сакам кога има гужва хахха
Кога пристоен апартман во Охрид чини колку апартман во Грција,Охрид веќе не ми е на листата за летување.Единствено можи за еден ден на плажа и прошетка низ градот.
На првите семафори што се во Ох вртиш лево, е сега ке видиш има две улички ти ке одиш на таа со ти е од лева страна Се надевам дека сфати! Мене едно од поубавите места во Ох ми е Велестово, најромантична слика има навечер и е пре пре убавоо! Ако имаш множнот да појдиш нема да згрешиш!
Кога одиш од кај пазарот(кај што застануваат таксистите охрид-струга) накај Охридска банка, вртиш лево кај банката и скроз право по улицата.